Режисерот Јани Бојаџи напиша интересна и контроверзна фб колумна која ја пренесуваме со целост:
Се обидувам да не реагирам во врска со сето ова што сега се случува со кражбата на лекови за најтешки болни. Не знам што има да се каже, на кој начин да се каже, кому да се каже? Ама, молчењето секогаш значи согласување или страв, или најчесто и двете. Ова вака и започна.
Пред повеќе од 10 години (Во Европа и на западната хемисфера многу пред тоа) во културата и уметноста, посебно во литературата, изведувачките уметности и најмногу во филмот и телевизијата како најпопуларни а со тоа и највлијателни медиуми, таканаречените либерални групи, етаблираа пет теми кои ќе бидат финансирани, грантувани и промовирани како модерни, атрактивни а со тоа и релевантни. Еве ги овие теми.
1. Афирмативни фокуси на геј прашањата, релативизација на педофилијата, инсцесот и зоофилијата.
2. Родова еднаквост дефинирана како отфрлање на жената како сопруга и мајка и негирање на семејството како основна општествена клетка.
3. Расна, етничка и религиозна диференцијација и отфрлањето на христијанството како образец за морал и етика.
4. Политичка коректност разбрана како критика на патријахалните и традиционалните вредности како антислободни, антидемократски и примитивни.
5. Прифаќање на јавниот линч (кенсал културата) врз неистомислениците како прогресивно движење и интелектуална и социјална супериорност.
Што се очекува од ова?
1. Прифаќање на злото како успех и моќ.
2. Прифаќање дека борбата против злото е невозможна и злото секогаш победува.
3. Прифаќање на состојбата на бесмисленост, откако ќе се соочиме со фактот дека злото е непобедливо а во краен смисол дека се е дозволено.
4. Прифаќање на состојбата на зло како интелектуален интегритет, кративен потфат и уметнички чин.
5. Прифаќње на естетизирањето на злото и создавање на легитимно општоуметничко движење преку усвојување на валидна “Естетика на злото“.
Од тоа што сега го гледаме во литературата и адудиовизуелните медиуми, од мнозинството интелектуалци и уметници ова се прифатливи постулати и тие имаат достап до милијардите на многуте програми, фондови, грантови кои финансираат дела кои протежираат дека стравот е конјуктурен и на пазарот на уметности цената му е огромна.
Суперважната цел која ја очекуваат е СОЗДАВАЊЕ НА ХИПЕРПАТОЛОШКИ СТРАВ ОД ТОА ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК КОЈ ИМА СОПСТВЕНО МИСЛЕЊЕ И УБЕДУВАЊА И СТИГМАТИЗАЦИЈА НА КРИТИЧНАТА СВЕСТ КАКО ПРИМИТИВНА.
Како ова ќе се развива понатаму? До каде ќе стаса? Како ќе заврши? Не знам. Да знам ќе бидам човекот со милијардите. Што можеме ние да направиме? Не знам. Во овој момент во Македонија сите извори на средства за финансирање на образование, култура и уметност се во нивни раце. Никој кој има поинакви образовни и уметнички пориви нема достап до средства, до јавност, до афирмација и состојба на општоприфатен јавен успех. Тоа е вистината.
Немам совети. Но знам јас што ќе правам. Ќе продолжам да си ја раскажувам мојата приказна. И ќе оставам на времето. Во уметноста само времето е факторот што може да потврди дали некое дело било добро или не. Времето е се.Ви посакувам многу среќа на сите кои на овој или на оној начин ќе се борите со ова, во секој смисол демонска сила.