Сите лица кои го загубија животот во несреќата се веќе идентификувани, а завршена е и обдукцијата. Во моментов, според податоците од министерот Панче Тошковски, 93 повредени лица се лекуваат во скопските болници, додека дополнителни 80 пациенти се испратени на лекување во странство поради сериозноста на нивните повреди. „Точно е дека во близина на дискотеката ‘Пулс’ е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани. Министерот со ова ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија, која би ја зголемила трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде неодамна се случи голем пожар со жртви и повредени.
Сите лица кои го загубија животот во несреќата се веќе идентификувани, а завршена е и обдукцијата. Во моментов, според податоците од Тошковски, 93 повредени лица се лекуваат во скопските болници, додека дополнителни 80 пациенти се испратени на лекување во странство поради сериозноста на нивните повреди. Министерот информираше и за текот на истрагата и мерките кои се преземаат за целосно расчистување на случајот. Досега се приведени 18 лица, од кои 16 се задржани. Последното задржано лице, според министерот, се терети за тешки дела против општата сигурност во врска со предизвикување општа опасност, а станува збор за потписникот на основниот проект за издавање дозвола за работа на дискотеката како кабаре клуб. – За да обезбедиме целосно независна истрага донесов одлука за разрешување на раководни полициски лица во Кочани и нивно заменување со лица од Скопје – посочи министерот Тошковски.
Тошковски најави дека истрагата ќе продолжи со максимална сериозност и најстрого санкционирање на сите одговорни за трагичниот настан.