🤝 Она што со моето доаѓање на градоначалничката функција го ветив пред мојот народ, а тоа е дека до крајот на мандатот нема да има неасфалтирани улици во Кисела Вода, се остварува според утврдениот план.
🚧 Се работи за реконструкција на улици од 14.000m2 површина, кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.
👷♂️ Реконструкцијата на целата патна инфраструктура во Кисела Вода беше голем предизвик.
☝️И еве сме денес, на половина од мојот мандат каде со гордост можам да кажам дека направивме повеќе од предвиденото, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд, посветеност и желба за работа се стигнува до целта.
🧗♂️А целта е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење.
🔛 Продолжуваме понатаму, напред со поддршката на мојот народ и со посилна мотивација за да напраиме уште сериозни промени.
📍Кисела Вода заслужува!