Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија (143.100), Франција (118.994) и Словачка (100.783).
Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка.
Во извештајот на УНХЦР се наведува дека до 24 февруари, 15.354.147 луѓе ја напуштиле Украина, а 7.747.450 се вратиле во земјата.