4.8 C
Скопје
27/11/2022 02:34
МАКТЕЛ

   

РИЗАОВ: Во ВМРО-ДПМНЕ револуцијата во мир и борбата за слобода при слободна држава, течат како надојдени води на Вардар кои ги поплавуваат сите заложби за европеизација на Македонија

 

Револуција што тече како вода

Само во две европски држави има легални политички партии кои во своето име го содржат зборот револуционерни. Тоа се партиите со историскиот предзнак ВМРО во Бугарија и во Македонија. Бугарската е веќе на одумирање, маргинална и нерелевантна, без пратеници во Собранието и со згасната револуционерност бидејќи Бугарија е членка на ЕУ, па таквата партија со идеологија од пред два века е прегазена од времето и беззначајна за граѓаните. Нашата ВМРО-ДПМНЕ, ем револуционерна, ем демократска, е моќна со најмногу пратеници во парламентот и со перманентна револуционерност и патриотизам кој успешно се одржува на ниво од пред сто и кусур години.

Во ВМРО-ДПМНЕ револуцијата во мир и борбата за слобода при слободна држава, течат како надојдени води на Вардар кои ги поплавуваат сите заложби за европеизација на Македонија. Со таа идеологија од 19 век се отстранува големата опасност од исчезнување на партијата која би станала излишна со членството во ЕУ. Каква би била смислата на постоење на ваква револуционерна партија среде Европа со остварени стратегиски државни интереси? Затоа треба да се впрегнат сите сили да се спречат измислените велепредавства и распродажбата на  националните приоритети и понижувањата на македонскиот народ да се приклучи на западните сојузи со големите сили кои ја ограничуваат сувереноста и означуваат крај на идеите кои ја красат македонската автономија и самобитност од крајот на 19 и првата половина на 20 век.

 

Во овие неколку дена на одбележување на 129 години од основањето на ВМРО се изнаслушавме за цврстите заложби на одржување на револуционерната идеологија со партизирање не само на историската ВМРО и основачкиот конгрес, туку и на историските личности небаре ДПМНЕ е единствениот вистински наследник кој има монопол над историјата.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски нуди нов општествен договор за единство на сите други под покровителство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е револуционерниот пат за спасување на Македонија од исчезнување и асмилација.

Притоа е забележлива извесна еволуција на до вчера цврстите ставови на Мицкоски. Сега веќе е можно изгласување на уставните промени и влезот на Бугарите во Уставот, ако Бугарија престане да поставува нови вета и блокади за членството на Македонија во ЕУ. Во спротивно ќе се поништи договорот за добрососедство со Бугарија, или ќе се направи подобар штом ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Преспанскиот договор со Грција веќе не се спомнува, тој останува на сила и е во ек на реализација иако беше прв за поништување, потоа се престори во договор за подобрување, а сега како и да не постои во револуционерната агенда на ВМРО-ДПМНЕ. Револуцијата лека полека се насочува во друг правец кој се вика нов општествен договор кој уште необелоденет веќе ги крева меѓуетничките тензии за нови конфликтни состојби на домашен терен со старо – нови етнички побарувања кои означуваат ревизија на Охридскиот договор.

Предупредувањата на Иван Хаџи Николов

До каде може да не однесе новиот револуционерен идеолошко партиски вознес на ВМРО-ДПМНЕ најдобра опомена е предупредувањето на еден од основачите на историската ВМРО Иван Хаџи Николов. Во неговата куќа во Солун е одржан основачкиот конгрес на 23 октомври  1893 година чие празнично одбележување и овојпат помина без најзначајниот цитат од неговите сеќавања, кои се најдобри и најсуштински по оценка на нашиот знаменит македонозналец Гане Тодоровски кој располагаше со интегралниот текст на мемоарите на Иван Хаџи Николов. До нивното објавување, според Тодоровски, никаде не беа објавени во оригинална форма, туку само со грубо изменети содржини и кратења.

Гане Тодоровски ќе запише: „познато е дека од кругот на шестмината првоосновачи на ВМРО дури петмина оставаат зад себе трудови во кои се говори за значајниот македонски историски настан. Имено, и д-р Христо Татарчев, и Дамјан Груев, и Петар Поп Арсов, и Иван Хаџи Николов, и Андон Димитров во своите пишувани паметења го објаснуваат почетокот на ВМРО. Само Христо Батанџиев не ни оставил ништо, за жал. Но сепак, спомените на Иван Хаџи Николов по многу што се уникатни, единствени од својот вид, исклучителни, недостижни, неспоредливи, речиси без конкурент…

И во оваа прилика на партиската злоупотреба при одбележување на празникот на 129 годишнината од основањето на ВМРО, добро е да се потсетиме на основната мисла на Иван Хаџи Николов, на лајт мотивот што го изнесува во уводот на своите спомени кој многу рано ја увидел штетноста од револуционерната идеологија која се претворила во упропастување на Македонија.

Револуционизирањето и погубувањето на Македонија

Еве го тој дел од уводот на спомените на библиотекарот и книжар Иван Хаџи Николов, најучениот човек меѓу основачите на ВМРО: „ Мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облива срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не самата организација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не националистичка политика ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви од луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам како виновен за сите тие злосреќи, дека јас и моите другари станавме причина на револуционизирањето и во последица на тоа погубувањето на Македонија и на Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух, како тие луѓе не не убија со камења откако го согледаа грозниот и жален излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогнувачка еднодушност тргна зад нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба ние да го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново уште потешко ропство и при такви, дијаметрално противположни резултати да не не обвинува, да не не навредува, да не мрмори против нас – создавачите на револуционерната организација и водачите, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба да си го подземе тешкиот голготски крст- тоа предизвикува во мене адмирација и велам: Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужни“.

Иако Иван Хаџи Николов (Кукуш 1861- Софија 1936) го надживеал своето време, притиснат од тешка болест и од товар на вина во кулминација на таквата тешка криза на совеста си го одзема животот.

Преобјавувањето  на овој дел од уводот од сеќавањата на Хаџи Николов има единствена цел  врвот на денешното ВМРО-ДПМНЕ кога веќе се повикува на историските темели како свои и на обнова на револуционерната идеологија со повикот на приклучување на таа идеологија конечно  да ги сфатат овие пораки на основачите во едно ново време по изминати 129 години. Денес револуцијата за која прикажува партискиот лидер Мицкоски не е во откривање на „предавствата“ и во задржување на статус кво на Македонија што означува ново економско и културно ропство, туку во приклучување кон современиот демократски свет. Таа победа и недостасува на Македонија која нема ништо заедничко со анахрони идеолошки револуции и револуционерни партии. Време е во ВМРО-ДПМНЕ нешто и да научат од историското минато на кое толку многу се повикуваат.

Eрол Ризаов
извор: ДВ 

   

Најново

МИЦКОВСКИ СЕ ЖАЛИ: Кога ќе го видам или слушнам Кастриот Реџепи имам тегоба во стомакот

Sase Ivanovski

ЕВЕ НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПРЕСВРТОТ НА БОИШТАТА – УКРАИНЦИТЕ СЕ БОРАТ КАКО ФАНАТИЦИ: ИСПАЛУВАЛЕ ПО 4000 ГРАНАТИ ДНЕВНО, ОД 350 ХАУБИЦИ КОЛКУ ШТО ДОБИЈА ОД САД НА ПОДАРОК, ГИ СТОПИЛЕ ЦЕВКИТЕ НА СТОТИНА, ПРАТЕНИ НА ПОПРАВКА ВО ПОЛСКА

Sase Ivanovski

МОНСТРУМ: Путин пред мајките на загинатите војници изјави дека не жали што ја почнал војната

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: АПЕЛИРАМ ДО ТАРАВАРИ ДА СЕ ВРАЗУМИ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: КОГА ЈАКИМОВСКИ ДОЈДЕ ДА МЕ МОЛИ ДА ГО ПОДРЖАМ ВО ВТОР КРУГ ВО КАРПОШ ДОБАР МУ БЕВ, СЕГА НЕ МУ ЧИНАМ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: ОДБИВАМ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАМ НА СКОПЈАНИ ЗА ДАНЕЛА, НЕ СМЕ НИЕ НИШТО КРИВИ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: Јас и градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ се зафативме и ги решивме проблемите со мостовите кај Хотел Русија и оној во Карпош на Љубљанска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЛАТЕВ Е ЛЕГЕНДА, ЛАПА ПАРИ ОД УНГАРСКО МАСЛО И ГО ПРАШУВА МИЦКОВСКИ: Колку луѓе имате платено да не ве критукуваат или да ве фалат на јавната сцена, има неколку кои ми се сомнителни

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ СО ИДИОТСКА ИЗЈАВА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Сите сакаат да бидат лидер на ВМРО ДПМНЕ, никој не сака да биде лидер на СДСМ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА МИЦКОВСКИ: НЕ СУМ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ ПОБЕДЕВМЕ ВО СКОПЈЕ БЕЗ НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ КАКО ДАНЕЛА

Sase Ivanovski

ВАКВА ГЛУПЕРДА СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ – ЗЛАТЕВ: Денеска во земјава има повеќе криминал од времето на Грујо и Мијалков?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРО СЕ ЖАЛИ: МЕ СРЕЌАВААТ ЛУЃЕ НА УЛИЦА И МЕ ОБВИНУВААТ ДЕКА СУМ ГО УНИШТИЛ СЈО

Sase Ivanovski

СДСМ ПОЛЕКА ЈА ПАЛИ МАШИНАТА, ВМРОВЦИТЕ ПАК ЛИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО ОПОЗИЦИЈА?!

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА СЕ НАЛУТИ: ГИ БЛОКИРАШЕ СИТЕ ШТО НЕ И СТИСКАЛЕ ЛАЈКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО, АТАНАС КОСТОВСКИ – ТАСКО: Во Македонија има две вистини, таа на медиумите на СДСМ и таа на медиумите на ВМРО!

Sase Ivanovski

Петковски: Пробиена е безбедноста на Собранието, Џафери е должен да го расчисти случајот

Tamara Ivanovska

Јадранка КОСТОВА: Сите се наши, и ајдуците и паразитите!

Tamara Ivanovska

Хрватската пошта одби да изработи поштенски жиг со ликот на Тито

Tamara Ivanovska

ГО НАШОЛ ТАТКО МУ ВО ИМПРОВИЗИРАН ГРОБ ВО ХЕРСОН Приказната на Серхиј открива што правеле Русите пред да си заминат

Tamara Ivanovska

ПУТИН БИ МОЖЕЛ ДА МОБИЛИЗИРА 300.000 ЖЕНИ? Ако се оди на целосна мобилизација, тоа се вкупно 2 милиони луѓе

Tamara Ivanovska

ТЕШКО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ЗАПАМТИ 15 ИМИЊА ЗА СУДИИ За Црвенковска нема ништо спорно во списоците со предлози за членови на Советот

Tamara Ivanovska

КУРТИ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ИМА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО НАПРОЛЕТ Српската листа му одговори, „часовникот чука единствено за формирање на ЗСО“

Tamara Ivanovska

И АВМУ ГО ОСУДИ ОДНОСОТ НА РАМАДАНИ КОН НОВИНАРКАТА ДОДЕВСКА „Носителите на јавни функции не смеат да упатуваат вулгарни навреди“

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Први сме во регионот во енергетска трансформација, можеме да станеме зелен центар на Европа

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски од Штип: Во македонскиот исток речиси и да нема пат кој не е обновен во време на СДСМ

Tamara Ivanovska

ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО, ХРАНАТА НА БОГОВИТЕ, ПОТЕКНУВА ОД КИНА А НАЈМНОГУ ГО ИМА ВО ГЕВГЕЛИСКО – ВАЛАНДОВСКИОТ РЕГИОН

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Први сме во регионот во енергетска трансформација, можеме да станеме зелен центар на Европа

Tamara Ivanovska

Костадинов: СДСМ реализираше антикризни мерки од 760 милиони евра, грижата за граѓаните и компаниите продолжува

Tamara Ivanovska

(Видео) Миланов: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја води општина Штип во финансиски амбис

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Следува ново покачување на пензиите и платите во 2023

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Имам одржлив економски план, 2023 е година на економски пресврт

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски од Штип: Големината на СДСМ е во државничките политики насочени кон иднината

Tamara Ivanovska

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница, грижата за сите продолжува

Tamara Ivanovska

Андрески: Приоритет во време на кризата е зголемување на домашното производство на храна и поддршка на земјоделците

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БРАВО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Со реновирање на 78 полициски станици со енергетски ефикасни фасади и ставање фотоволтаици на кров заштедена 30% струја во октомври

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: И во Пробиштип СДСМ е силно и одлучно – заедно со граѓаните на трибина ги потврдивме заедничките заложби што како Влада ги исполнуваме во континуитет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФОТО РЕПОРТЕР ЗАСТАНА ДА СЛИКА НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК ПРЕКРАСНА ДЕВОЈКА ОД АЛБАНИЈА

Sase Ivanovski

БОМБА НА СДК: БУНТ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ, ЧЛЕНОВИТЕ ИЗБРАНИ ОД СУДИИТЕ СПРЕЧИЈА ДА ПОМИНЕ ГОТОВ СПИСОК ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА КЛУЧНИ МЕСТА ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

Sase Ivanovski

СДК: „Кајмак“ не е лесен филм, но има животворен хумор и затоа лесно се прима. Баш хуморот е алатката што ја трансцендира суштината на приказната, комплексна како и самиот живот – за малку љубов, за трошка среќа живееме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ГО ПРЕЧЕКАА КОВАЧЕВСКИ ВО ШТИП

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) БРАВО: ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПЛОШТАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Sase Ivanovski

Приведени крадци фатени на дело во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Премиерот Ковачевски во посета на фабриката за масло Брилијант во Штип

Sase Ivanovski

Во Белгија запленети 115 килограми кокаин, вреден над 11 милиони евра

Sase Ivanovski

Жените на протест во Либан: Бараат поголеми казни за насилство и малтретирање

Sase Ivanovski

Здружението Социо-културен простор Тетово остана без простории

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Sase Ivanovski

Битиќи негира дека контактирал со Онишченко

Sase Ivanovski

Чеченците добија ново оружје. Кадиров: „Задоволство е да се пука од него“

Sase Ivanovski

Путин ликвидираше уште еден непослушник – ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Sase Ivanovski

КАРДИНАЛ ГО ШПИУНИРАЛ ПАПАТА ЗА ДА ГО УЦЕНУВА: На пријателка потрошил половина милион евра

Sase Ivanovski

ПУТИН ГУБИ ВАЖЕН СОЈУЗНИК: Му се затвораат вратите

Sase Ivanovski

БОЛНАТА ВИСТИНА КОЈА ЌЕ ВЕ ШОКИРА: Еве зошто децата во рацете на питачите секогаш спијат

Sase Ivanovski

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор социјалните медиуми

Sase Ivanovski

Владејачката словенечка партија го напушта Твитер

Sase Ivanovski

Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора е 847 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Судијка во долна облека се појави на рочиште: Запали цигара, сите се прашуваат дали е нормална

Sase Ivanovski

НА БАНДEPИ ВО СКОПЈЕ 3AЛЕПЕНИ Ш0КАТНИ СООПШТЕНИЈА: “ВАЖНО! ЖЕНИ ВНИМАВАЈТЕ НА СВОИТЕ МАЖИ КОИ ОДАТ НА РОДИТЕЛСКА”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миа Костова брутално искрена за тоа дали е подобар сексот со маж или со жена?

Sase Ivanovski

ПОРАНО СЕ ОДЕШЕ КАЈ ШКОЛСКИОТ ПСИХОЛОГ САМО ЗА ДА СЕ ЈАВИШ ДОМА, ДЕНЕС – ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Поголемите деца со депресии, помалите – АДХД

Sase Ivanovski

САМИ ПРОТИВ НИКОЈ Србија е единствената во регионот што не ги почитува мерките на ЕУ против Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Сара Климоска и Филип Трајковиќ од Кајмак во емисијата Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

ДРЕСОТ СО КОСОВО НА СРПСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЈА НАЛУТИ ФИФА Отворена е истрага за натписот „Не се предаваме!“

Sase Ivanovski

САКАВ ДА КУПАМ БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, АМА СЕГА НЕ КУПУВАМ! Онишченко вели дека веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не постои застој, ниту селективност при склучувањето на договорите меѓу компаниите и ЕСМ за поевтина струја

Sase Ivanovski

Цената на зејтинот намалена за 40 денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Sase Ivanovski

Ленин со видео: Како Данела дрско лаже дека во кампања не се возела со приватен автобус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки

Sase Ivanovski

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски во „Актива”: Домашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност за економски раст и развој

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Sase Ivanovski

СДСМ:Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ:Ковачевски има проблем со реалноста – Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Набавивме 12 возила за јавните претпријатија, Куманово помеѓу најдобро класифицираните општини со опрема и современа механизација, ЈП Водовод Куманово после 20 години добива нова опрема

Sase Ivanovski

ОСМАНИ ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА КРАЛСТВОТО САУДИСКА АРАБИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)ГОРИ НАВИВАЧКОТО СЕЛО БЛИЗУ СТАДИОНОТ ЛУСАИЛ ВО КАТАР Чадот е видлив од далеку

Sase Ivanovski

ОСМАНИ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ОСНОВАЧИТЕ НА КЛУБОВИТЕ „Да видиме која е нивната цел, да изградиме мостови на соработка“

Sase Ivanovski

ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО 2024-ТА, ВМРО-ДПМНЕ ПАК ЌЕ ИЗГУБИ Ковачевски зборува за иднината и за можната коалиција со Алтернатива

Sase Ivanovski

Ковачевски: Изминатите пет години Владата изгради двојно повеќе километри патишта од претходните 10 години

Sase Ivanovski

Leave a Comment