10.8 C
Скопје
10/02/2025 14:42
МАКТЕЛ

РИСТО НИКОВСКИ: УЛОГАТА НА ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ (По повод 110 години од раѓањето)

Силен е впечатокот дека македонската историја се’ уште нема расчистени, дефинитивни и прецизни оценки за неговата улога во современа Македонија. Ако е така, за тоа нема оправдување. Поминаа веќе 23 години од неговата смрт, и многу повеќе откако не беше политички активен.

Историјата на македонскиот народ, и неговата судбина, исклучително биле тешки, исполнети со маки и страдања. Малку народи во светот имале такво минато. Задржувајќи се  на последните неколку векови, со право може да се оцени дека Македонците биле жртва на интересите на големите сили, а неговите соседи биле алатки за реализација. Тоа воопшто не ги негира и нивните сопствени апетити, и историски синдроми, во однос на Македонија и Македонците.Како последица на тие и такви прилики, на различни, измешани и преклопени туѓи интереси, традиционално се создавале длабоки поделби во македонското национално ткиво. Преку девизата – подели и владеј, тоа била и една од главните цели на туѓите влијанија. Така било и пред 100, 200 и повеќе години, така е и денес. Странските фактори ги игнорирале Македонците, обидувајќи се да ги разнебитат, што било причина да се наметне и „македонското прашање“.

Во македонската историја речиси и да нема личности коишто, на еден или друг начин, не се контроверзни. Причините за тоа се бројни, почнувајќи од условите во коишто тие живееле и работеле. Во туѓи држави и под окупации, без никакви национални права, постојано биле изложени на безбројни опасности и огромни притисоци, закани и уцени да се одродат и работаат за душманите.Токму затоа, секоја личност треба да ја цениме и вреднуваме во времето и во условите во коишто делувала. Се’ друго е погрешно, та дури и чиста злоупотреба. Паралелно, нашите великани мораме да ги браниме и од нападите и присвојувањата на соседите.

Овие постулати се многу јасни, ама не ги разбираат и бројни сегашни македонски политичари, коишто се на врвот во државата ама, во никој случај, не се и – врвни! На пример, претседателот, С. Пендаровски, јавно тврди дека Гоце Делчев се декларирал за – Бугарин! А, како требало да се пишува – дека е Македонец? Човекот бил мудар, за разлика од некои, и знаел како да се бори за својата Македонија, без непотребно да се жртвува.И по Втората светска војна, во времето на Лазар Колишевски, не било воопшто лесно да се реализира македонската национална кауза. За подобро да се разберат настаните од овој период, коишто следуваа по прогласувањето на современата македонска држава, на 2 август 1944 година, мора да се нагласи дека неа ја создадоа – комунистите. Таа цел беше постигната заедно со сите македонски патриоти, чорбаџии, занаетчии, аргати, работници, граѓани, селани… Ама, водечката улога ја имаа – комунистите.

Своја заслуга во тоа имаа и српските комунисти. Тие се сложија со делумна ревизија на Букурешкиот договор, од 1913 година, откажувајќи се од својот „плен“, наречен „Вардарска Бановина“. Не е за верување дека која било друга српска власт пред нив, ниту по нив, ќе прифатеше такво решение.И најповршна анализа на времето на Лазар Колишевски, мора да води сметка дека е тоа период по долга окупација, време кога се поставуваа темелите на современата македонска држава. И, сето тоа се случуваше во рамките на една федерација, се спроведуваше во услови на нова идеологија, контролирана ем од надвор, ем од федерацијата. Затоа, условите биле исклучително тешки и обременети со огромни предизвици. Токму таквите прилики придонеле и Колишевски да биде третиран како контроверзна личност.

Силен е впечатокот дека македонската историја се’ уште нема расчистени, дефинитивни и прецизни оценки за неговата  улога во современа Македонија. Ако е така, за тоа нема оправдување. Поминаа веќе 23 години од неговата смрт, и многу повеќе откако не беше политички активен.Неспорно е дека Колишевски беше најдолго главна личност во државата. Во неговиот период, и по него, македонската држава го доживеа својот процут, се етаблира како современ политички субјект, а македонскиот народ го доби своето место на меѓународната сцена. Постигнати се историски резултати – кодифициран е јазикот, отворени се првите училишта на македонски јазик, до ниво на универзитет, формирани се сите институции, карактеристични за една современа држава… Многу е направено иако имало и грешки, коишто се неизбежни и во животот, камоли во политиката. Во конкретниов случај, тие се во голем дел  резултат на условите во коишто се делувало.

Црна дамка од тој период останува прогонот на поборниците за решавање на “Македонското прашање“, поточно, за обединување на Македонија. Тоа беа главно тие што ги споделуваа идеалите на ВМРО, што беше причина за ново раслојување на македонското општество. Најверојатно, од таму, и од тогаш, потекнува сегашната длабока поделеност меѓу Македонците. Гледано од денешен аспект, причината не била суштинска бидејќи обединувањето на Македонија било заеднички сон. Тогашните услови, меѓутоа, диктирале различно однесување.

Факт е дека во времето на Колишевски беа политички елиминирани врвни македонски историски личности и патриоти, какви што се Ченто, Брашнаров, Шатев и плејада други, коишто мораме високо да ги почитуваме и славиме. Но, мора да се води сметка дека војната ја добија комунистите, а Југославија ја следеше линијата на СССР, додека Европа остана длабоко идеолошки поделена. Настрадаа тие што беа главно за итно преземање на чекори за обединување на Македонија, што беше спротивно на Уставот на СФРЈ, и не беше поддржано во федерацијата. Сепак, главна пречка беа меѓународните услови, во рамките на кои беше невозможна обединувачка мисија за Македонија. Токму затоа, не може да се каже дека сите овие за нас трагични настани, биле резултат на кој било поединец, или зависеле од него. Никој не можел да ги спречи.

Без никакви намери нешто да се оправдува, или да се покажува разбирање за одредени политички чекори, со оглед дека зборуваме за времето на Колишевски, мора да се нагласи дека идеите, намерите и заложбите за обединување на Македонија, коишто беа нагласени при крајот на Втората светска војна (на Солун, наместо на Срем), и особено по неа, беа апсолутно нереални. Напротив, можеа да бидат погубни и за новосоздадената македонска држава. Еве зошто.Познато е дека на АСНОМ, во Прохор Пчински, на 2 август 1944, кога беше прокламирана современата македонска држава, беа присутни и двајца мајори, претставници на САД и Велика Британија. Тоа беше одредено признавање на новата држава, како федерална единка, од страна на овие две држави.

Денес, меѓутоа, имаме докази дека, по четири месеци, во декември 1944, тогашниот американски државен секретар, Стетиниус (Edward Stettinius Jr.), во телеграма испратена до сите нивни надлежни институции, нотирал – “Дрдорењата околу македонска „нација“, македонска „татковина“, или „македонска национална свест“, оваа американска Влада ги смета за неоснована демагогија која не претставува етничка или политичка реалност, и во нивното сегашно оживување гледа возможна маска за агресивни намери против Грција“!

Од оваа американска директива, јасно се гледа  дека ја прифатиле новата држава, ама не и македонскиот народ, што е за нас – клучно. И, што е најстрашно, и денес, САД не ја доведуваат во прашање државата ама, по секоја цена, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Нивните политики, секогаш биле долгорочни.Горниот документ потврдува дека и новата македонска држава ја прифатиле – од немајкаде! Немале друг избор, и САМО како дел од федерацијата на Јужните Словени. Се чини дека тоа го проголтале заради неспорниот придонес на Југославија во отпорот против фашизмот, а немале никакви услови тоа да го спречат. Веројатно, и заради улогата на СССР во тогашна Југославија.

(Останува отворено прашањето – што ли ќе се случеше доколку Хитлер, со „Барбароса“, тргнеше на СССР во март 1941, место на крајот од јуни? Ќе стигнеше ли на време, пред зимата, и до Владивосток? Не е спорно дека главната причина за тоа задоцнување беше отпорот во Југославија, и бројните ангажирани фашистички дивизии).

Овој американски документ, објавен пред неколку години во Атина, без демант од американска страна, покажува дека како народ, Македонците биле неприфатливи за САД и во 1944 година. Можело ли тогаш, во такви услови, да се замисли некакво обединување на Македонија? Без Македонци? Впрочем, дека тоа воопшто не било случајно, покажува фактот дека таа и таква американска политика, кон Македонија, е целосно актуелна и денес, по речиси 80 години, и филигрански се спроведува по распадот на Југославија.

Нема Македонец којшто не сакал, не сака и нема да сака Македонија да се обедини. Меѓутоа, услови за такво нешто ниту имало по Втората светска војна, ниту некогаш ќе има. Најдобар доказ за тоа е цитираниот американски документ. Тоа, јасно потврдува дека ќе беше погубно ако се тргнеше на Солун. Напалм бомбите, коишто по некоја година паднаа врз Македонците на Грамос, многу веројатно ќе беа фрлени и на Скопје, Битола… Затоа, единствено останува нашата должност да се грижиме за тие што малку останаа од нашите бројни малцинства во Грција, Бугарија и Албанија.

Настаните по распадот на Југославија, и прогласувањето на нашата независност, потврдуваат дека Македонците, како  народ, никогаш не беа прифатени од меѓународната заедница. Доказите се безбројни – непризнавање, нелегално суспендирање на историското и уставно име и негова насилна промена, агресија од Косово, албанизација, катастрофалните договори со Бугарија и Грција, Тиранската платформа… Сите тие случувања, и многу други, директно се предизвикани, диктирани, подготвени и менаџирани од надвор. Цел на катастрофалните договори, коишто ни беа подметнати да ги потпишеме, е за секогаш да се затвори „Македонското прашање“, со бескрупулозно разнебитување на македонскиот народ и негова бугаризација.

*    *     *

Крајно време е сите, коишто се сврзани со идеологијата на ВМРО, или се блиски до сегашната ВМРО-ДПМНЕ, да сфатат дека комунистите не беа уништувачи на македонизмот туку, во најголемиот дел, борци за оваа наша Македонија. Без нивниот придонес, веројатно денес ќе немаше ниту Македонци, камоли нивна држава. Втората светска војна беше последната шанса за нас, како народ.Од друга страна, социјалдемократите, и другите левичари, мораат да се соочат со вистината дека основните и суштински идеали на ВМРО беа токму за независна и слободна Македонија. Сите други манифестации беа инфилтрации на туѓи интереси. Впрочем, чуму Внатрешна МАКЕДОНСКА Револуционерна Организација, и сите други слични, ако се работи за бугарски интереси?

Овој совет, можеби, не изгледа неостварлив ама за нас, полни со љубомора и пизма – тоа е тешко остварливо. Не е лесно, левицата да престане повеќе да ја мрази десницата, отколку што ја сака Македонија, и обратно – на десницата да не и’ пречи повеќе левицата, отколку што е посветена на  македонизмот. Без такво надминување на  самите себе, немаме никаква иднина, а веќе сме доведени во тесен  ќорсокак.

*     *     *

Оваа анализа е од дипломатска гледна точка. Од тој аспект, горните согледувања и заклучоци се апсолутно реални и објективни. Историјата, пак, ќе го кажи своето.Лесно е да се осуди кој било. Многу потешко е да се анализира целината на факти и аргументи и врз основа на тоа да се дојде до издржан став. Без никакви суети. Затоа, крајно време е да ги почитуваме сите нашите заслужни предци, вклучувајќи го и Колишевски, да ги вреднуваме според нивните заслуги и да не отфрламе никого, освен кога има недискутабилни причини за тоа.

Крајно време е ние, со нашиот докажан комплекс за самоуништување, прво да престанеме да се делиме меѓу себе за се’ нешто, и да се сплотиме околу нашите фундаментални и стратегиски интереси. И денес, делбите се пренагласени, длабоки, изгледаат непремостливи и претставуваат главна причина зошто сме доведени до ова дереџе, а македонизмот е ставен речиси пред разнебитување. Длабоката поделеност меѓу Македонците е постојана клучна пречка за побрз развој на земјата. Затоа немаме, и не можеме да формулираме, јасна и прецизна национална стратегија, без која се доведува во прашање и нашиот опстанок како народ.

Второ, на ист начин, мораме да прекинеме да ги делиме и нашите историски великани и заслужни дејци и, свесно или не, да ги фрламе во прегратките на душманите.Никогаш немало безгрешни. Такво нешто особено било невозможно во приликите и условите во коишто делувале нашите историски личности. Ние мораме да ги браниме нив од нападите и присвојувањата од нашите непријатели и на објективен начин да го цениме нивниот придонес и за нашата слобода, и за нашата држава.

И, никогаш да не забораваме дека, за разлика од нас, два дела од нашата Македонија, и голем дел од Македонците, никогаш не ја добија слободата и правата коишто универзално им припаѓаат. Игнорирањето на нивната судбина е грешка на сите политичари во Македонија, и по Втората светска војна, и се’ до денес. Времињата никогаш не беа лесни, ама многу повеќе внимание мораше да се посвети на Македонците во соседните земји. Југославија имаше моќ да се ангажира на тој план.Тоа важи и за периодот на самостојна Македонија и,  нагласено, за овие последни години, меѓу 2016 и 2023, кога предавниците на македонизмот, официјално се откажаа од Македонците во соседните земји.

Во прашање е тежок срам за сите коишто биле на власт и МОРАЛЕ повеќе да се ангажираат во одбрана на правата на Македонците, каде и да се тие. Тоа е траен аманет од сите коишто ги дале своите животи за оваа наша Македонија. Никакви услови не се оправдување за таква неодговорност.

Ристо Никовски Февруари, 2024, Плусинфо.мк

Најново

Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на САД

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во армијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јавниот обвинител Коцевски: За сајт на црна листа имаме оформено предмети!

Sase Ivanovski

Француски хирург силувал 256 деца: Јас сум садист и многу сум среќен поради тоа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Казните треба да бидат многу поригорозни, а родителите мора да знаат кај им се децата, вели Коцевски

Sase Ivanovski

Не размислувам да се повлечам, вели Коцевски

Sase Ivanovski

Захарова: Му кажав на Зеленски кога би можел да заврши конфликтот во Украина

Sase Ivanovski

Фирми што постојат само на хартија имаат огромни даночни долгови

Sase Ivanovski

Почина Живко Павлов, бардот на македонскиот хумор и сатира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж од Минесота добил бесплатно крстарење: На бродот се разболел од грип и требал да плати медицинска сметка од 47.000 долари

Sase Ivanovski

Канје Вест: Бјанка не смее да облече ништо без моја дозвола, таа е со милијардер, зошто да ве слуша вас глупави и сиромашни идиоти

Sase Ivanovski

Денес е Светскиот ден на пицата: Еве како јадењето за работниците стана најпопуларно во светот

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Мајката на Илон Маск на 76 години прошета по пистата на модната недела во Њујорк

Sase Ivanovski

Николовски: Во Скопје ќе градиме 4 згради за да ја симнеме цената на становите

Sase Ivanovski

Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого

Sase Ivanovski

СЛОН ИСПИЛ БУРЕ АЛКОХОЛ И ВЛЕТАЛ ВО СЕЛО Селаните се обиделе да го избркаат со багер, па настанал тотален хаос

Sase Ivanovski

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Sase Ivanovski

Помал одѕив на вториот бојкот: Прометот опаднал за 22 отсто

Sase Ivanovski

Шиа исламот во Иран Ирак Aзербејџан и Бахреин се нарекува Дванаесет Шија поради12 Свети имами по прокот Мухамед

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Sase Ivanovski

Сопственикот на Маверикс, Патрик Думонт ги наведува „карактерот“, „културата“ како одлучувачки за трејдот на Лука Дончиќ, потврди и дека тимот не се сели во Лас Вегас

Sase Ivanovski

Парламентарни избори во Косово

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Sase Ivanovski

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Sase Ivanovski

(Фото) СДСМ: ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега

Sase Ivanovski

Гаши: Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово

Sase Ivanovski

Методистите се протестанти кои не пијат не се коцкаат и помагаат на сиромаштите, први ги прифатиле црниците по укинување на посочението робови

Sase Ivanovski

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека елитата на СДС се богатеше, над пола милион граѓани донесоа на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден

Sase Ivanovski

Битиќи за ‘Рацин’: Ако власта го спроведе Законот за нефер трговски практики, цените ќе се намалат за 30%

Sase Ivanovski

Само 4 килограми ураниум се потребни за напојување на нуклеарни подморници 30 години без полнење гориво. Реакторите што се користат се базираат на високо збогатен ураниум (HEU), кој содржи 90% или повеќе ураниум-235

Sase Ivanovski

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Крешник Бектеши: ВЛАДАТА ПОДДРЖУВА БОЈКОТ – ДАЛИ ТОА Е ПОГРЕШЕН ПОТЕГ?

Sase Ivanovski

Дронот Nuuva V300, нов револуционерен начин за транспорт на добра.

Sase Ivanovski

ЗОВИЌ МОСТ – СИМБОЛ НА МАРИОВО

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори

Sase Ivanovski

Голема полициска акција во Чашка !

Sase Ivanovski

Песков за разговорот на Трамп и Путин:„Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам“

Sase Ivanovski

Вучиќ ги повика Србите во Косово и Метохија да излезат и да гласаат за Српската листа

Sase Ivanovski

Парламентарни избори во Косово, српската заедница се обидува да се врати во институциите

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на дрога во Скопје: купувал хероин и марихуана, ги препакувал и ги продавал

Sase Ivanovski

Нивото на заштита на Вучиќ подигнато на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент

Sase Ivanovski

Трамп: Зборував со Путин, тој сака луѓето да престанат да умираат

Sase Ivanovski

Гулабоски: Манастирот Трескавец не доби водовод поради голема кражба

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот

Sase Ivanovski

Протести во Англија: „Не“ за кинеската мега-амбасада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно

Sase Ivanovski

Саркози планира да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Sase Ivanovski

Ако помине интерпелацијата, доблесно е членовите на Судскиот совет да се повлечат, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Адвокатот го брани клиентот, никако делото

Sase Ivanovski

Вооружен маж се забарикадирал во работилница во Грција и се заканува со граната, претходно убил две лица

Sase Ivanovski

Бриселски „Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Sase Ivanovski

Почнува судењето против Фадил Зејнелов кој ја уби 29-годишната штипјанка Емилија Пешева

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Sase Ivanovski

Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на комеморацијата за Денот на победата

Sase Ivanovski

Зеленски ја потврди новата украинска офанзива во руската област Курск

Sase Ivanovski

Клековски: Рекорден буџет за подобро јавно здравство

Sase Ivanovski

Не се Алпите, нашата прекрасна Шап Планина е!

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Sase Ivanovski

Откријте го Јанче во Македонија

Sase Ivanovski

К О Н К У Р С за запишување на кандидати на Педагошко-психолошка и методска подготовка на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Sase Ivanovski

Ново објавена снимка Ова е Марс! 140 милиони милји подалеку

Sase Ivanovski

Израелската армија ја проширува операцијата на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Интервју со Роберт Вељановски, директор на Драмски театар: Заврши времето кога театрите беа повластениот медиум

Sase Ivanovski

Легендарниот Ромарио во врска со 38 години помлада девојка

Sase Ivanovski

„Да не беше војната, Југославија ќе го освоеше Светското првенство“

Sase Ivanovski

Тажна вест: Почина ирски боксер кој минатата недела се бореше за титула

Sase Ivanovski

УЕФА размислува да воведе уште една голема промена во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Многу квалитетни фалсификувани левови и евра откриени во Бугарија

Sase Ivanovski

17 умствени трикови за решавање на животни ситуации и проблеми

Sase Ivanovski

Остров во Панама е прва жртва на глобалното затоплување

Sase Ivanovski

Кралот Чарлс обожава мартини

Sase Ivanovski

Македонската ракија во Австралија

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК ЌЕ ОТКРИЕ ЗЛОУПОТРЕБИ НА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПЕНТАГОН Трамп најави ригорозни проверки во многу институции на САД

Sase Ivanovski

ХЕЛИКОПТЕР СЕ УРНА ВО ГЕРМАНИЈА Загинаа двајцата пилоти, не се знае причината за несреќата

Sase Ivanovski

ДОНЧИЌ ИСФРЛЕН ОД ДАЛАС ПОРАДИ КОЦКАЊЕ И КАЗИНА? Дали транферот на Словенецот во Лејкерс нема врска со тежината и другите шпекулации?

Sase Ivanovski

ЈОКИЌ И ДОНЧИЌ СЕ ПРЕДЕБЕЛИ ЗА НБА Научниците утврдиле дека се „класични татковци“, па поради тоа доминираат на терените

Sase Ivanovski

Од 9 јануари 2012 една улица во Прага го носи името „Македонска“

Sase Ivanovski

Претрес во велешко, пронајдено оружје и муниција, приведени две лица

Sase Ivanovski

Гопеш, прекрасно планинско село на надморска височина од 1.140 метри, се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола

Sase Ivanovski
Вчитувам....