Пред штипската болница каде се хоспитализирани дел од повредените од пожарот што се случи во кочанската дискотека се уште има роднини на повредените. Според информациите од штипската болница повеќето хоспитализирани таму се во стабилна состојба, но пред болницата се роднини кои се уште не знаат каде се нивните блиски. Момче седи цел ден пред болницата и чека информации што се случило со негов близок.
Не знае ни кој треба да го извести, ниту има некаква друга информација. Станува збор за Столе Стоименов од Кочани. Децата на повеќето од родителите што беа пред болницата во Штип рекоа дека се стабилни и дека вдишале чад.