МАКТЕЛ

     

РСМ: ТИРЗ ќе дава 500.000 евра за канцелариска опрема и по 20.000 евра за кирија на стадион

      

ТИРЗ ги менува административните простории. Од Партизанска се сели на градски стадион. РСЕ го има договорот со кој ТИРЗ изнајмува простории од државното АД за 20 илјади евра месечно иако сега е во простории за кои не плаќа кирија. Со 500 илјади евра ќе опремува четири административни згради.

Додека Технолошко индустриската развојна зона Скопје (ТИРЗ) на својата интернет страница нуди „симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош“ за инвеститорите, таа одлучи да плаќа за кирија иако се наоѓа во административни простории кои Владата и ги даде на трајно користење.Радио Слободна Европа го има договорот склучен меѓу ТИРЗ и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката со кој се изнајмува простор за следните пет години.

   

Од канцелариите на Партизански одреди бр.2 во Центарот на Скопје со договорот е предвидено вработените во скопската подружница да се преселат под Источната трибина на Градскиот стадион „Тодор Проески“.Договорот е склучен на 23 јануари 2024 година, ќе се изнајмува простор од 2066 м2 во следните пет години со месечна кирија од 1 257 000 денари или повеќе од 20 илјади евра. Тоа значи дека за цел период ТИРЗ на државното акционерско друштво ќе исплати милион и двесте илјади евра закупнина.

Договор за закуп на деловен простор за Дирекција на ТИРЗ
Договор за закуп на деловен простор за Дирекција на ТИРЗ

„Потребата за простор произлегува од значително зголемениот обем на активности на Дирекцијата за ТИРЗ, имајќи предвид дека само обемот на договори за нови инвестиции надмина над 1 милијарда евра во последните 3 години“, се вели во изјавата од Деспотовски за РСЕ.

Инаку, Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) се формирани за да се создадат услови за инвестирања на домашни или странски, физички или правни лица. Мисијата како што пишуваат за себе на Дирекцијата за ТИРЗ е Северна Македонија да прерасне во меѓународен бизнис центар во Југоисточна Европа.За тоа тие нудат инфраструктура во зоните со евтина и квалитетна услуга, а целта како што пишуваат е да се постигне рамномерен регионален развој во државата.

Вработени против преселбата под трибини

Дваесет и шестмина вработени во Дирекцијата на Партизански одреди бр.2 се потпишале дека се против и испратиле писмо до директорот Деспотовски и Управниот одбор на чие чело е претседателот Џелил Ахмед.

Салата каде се одржуваат владините седници

ВИДЕТЕ И ОВА:

Функционерите си ги намалија коефициентите, но не и платите

Тие се загрижени, но и незадоволни како што пишуваат во писмото дека новите простории не ги исполнуваат нормативите за безбедност при работа и дека намената на просторот е за спорт а не за администрација.

„Истиот простор во основните проекти за изведба е предвиден за сали за борачки вештини, фитнес сала, соблекувална за посетители и кафуле. Во закупената површина влегува и билетарата која е во функција на работата на стадионот, двата скалишни простори кои се заеднички за сите и се за евакуација на трибините, и заедничките технички простории. Се поставува прашањето, зошто овие заеднички простории влегуваат во закупената површина?“ пишуваат дел од вработените.

Тие навеле десеттина причини зошто овој простор не ги задоволува условите од Законот за безбедност и здравје при работа, и бараат да останат да работат во старите простории.

Во нив Дирекцијата работи од 2008 година кога е направена комплетна реконструкција и адаптација, велат вработените кои се потпишале на писмото. Уште еднаш потенцираат дека просторот во кој сега работат е на трајно користење без надомест.

Писмо за загриженост на дел од вработени во Дирекција на ТИРЗ
Писмо за загриженост на дел од вработени во Дирекција на ТИРЗ

Деспотовски вели дека нема зошто да се сомнева дека законската регулатива за изградба и намена на просторот е целосно испочитувана, бидејќи го изнајмуваат од претпријатие чија што примарна дејност е токму изградба и управување со простор.

„На крајот на денот, истиот простор што сега го ангажираме во 2017 година го користеше УЕФА за организација и следење на натпреварот на суперкупот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Не верувам дека реномирана меѓународна организација како УЕФА би влегла во простор, макар и на две недели, што не задоволува високи стандарди за безбедност и квалитет“, вели Деспотовски.

Преписки меѓу двете државни претпријатија

Веднаш по добивањето на писмото од вработените на 16 април, директорот Јован Деспотовски испраќа писмо до скопскиот раководител во Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор Марјан Жакула.

Во него потсетува дека при примопредавањето кое било на 19 март биле констатирани забелешки, но одговор на нив не добиле. Како забелешки ги наведува речиси сите точки по кои негодувале вработените.

Го прашува неговиот колега дали вградените материјали и опрема ги задоволуваат критериумите за канцелариско работење, дали системот за ладење и греење е испитан и дали е предвидено внесување на доволно количество чист воздух. Наведува дека спуштените плафони се прокиснати, виси прокисната термоизолација, дека хидрантска мрежа не е во функција и прашува дали има доволно изолација на подот и дали ќе се постави контролно броило за струја.

„Согласно погоре наведеното, пред употреба на просторот Дирекцијата на ТИРЗ ќе изврши преглед и испитување врз основа на што би се потврдило дека просторот ги задоволува условите за сигурна работна средина и за кого би можел работодавецот да издаде Изјава за безбедност“, напишал Деспотовски.

После неколку преписки меѓу двајцата директори, Деспотовски на 6 јуни добива уверување дека дел од работите за кои има забелешки се во ред, а додека за дел ќе бидат ставени во функција по преземањето на просторот, како што се хидрантската мрежа и контролното броило. Со одговорот му е испратен и извод од имотен лист за источната трибина каде за овој простор се вели дека е со намена деловен простор (ДП).

Преписка за недостатоци во зграда под закуп од ТИРЗ Скопје со АД за стопанисување со станбен и деловен простор
Преписка за недостатоци во зграда под закуп од ТИРЗ Скопје со АД за стопанисување со станбен и деловен простор

За уредување на канцеларии ТИРЗ ќе потроши околу 500 илјади евра

Работна столица за раководител, столици за посетители кај раководител, работни маси, бироа, конференциски маси, клуб маса, фиокари, плакари, комоди, табуретки, зеленило. За опремување на четири објекти со кои располага ТИРЗ на различни локации, ќе бидат потрошени околу 29 милиони денари или нешто помалку од пола милион евра.

Административните згради на индустриските зони во Скопје, Штип, Прилеп и Тетово ќе се подноват со нов канцелариски мебел од фирмата СПС Инженеринг од Скопје. Таа го добила тендерот и на средината од мај потпишала договор со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Ако се отвори интернет порталот на фирмата која го добила тендерот може да се види дека е компанија специјализирана во полето на обезбедување на безбедни и сигурни решенија за континуирано и непрекинато напојување со електрична енергија.

Ако се погледнат и останатите тендери кои ги земала од државни институции најголем дел се поврзани со работењето кое го навела како спецификација.

Во договорот пак како контакт е наведено лице кое е дизајнер на ентериер во компанија која се занимава со продажаба токму на канцелариски материјал.

ВИДЕТЕ И ОВА:

Бизнисот не сака да биде солидарен со државата

Од СПС за Радио Слободна Европа велат дека ја поседуваат франшизата за Биротајм, фирма од која всушност ќе биде набавена дел од опремата . Од таму ќе бидат опремени канцелариите на ТИРЗ, бидејќи како што велат од СПС Биротајм Македонија е подржуница на СПС Инженеринг.

„Потпишан е договор и започнати се роковите за реализација. Набавката на опремата ќе биде дел од Биротајм и уште 4 странски компанија и 4 домашни компанија“, велат од СПС за РСЕ.

Според Деспотовски, станува збор за реномирана фирма од која ќе се набавува канцелариската опрема.

„Постапката за набавка е спроведена во отворен процес, што траеше 30 дена. Немаше никакви забелешки, ниту прашања од суштинска важност, што би упатиле на некакви недоречености. Избраната фирма има референтна листа за вакви набавки и проекти и партнери меѓу кои и од Делегацијата на Европската Унија и тука навистина мислам дека сме постапиле согласно највисоките стандарди на работење“, пишува директорот на ТИРЗ.

Инаку, според него, потребата за опремување на канцелариите е поради тоа што во изминатите две години изградени се три нови функционални објекти во ТИРЗ Прилеп, Струга и Штип. До сега вработените и службите користеле времени објекти – контејнери кои како што вели се сосема вон стандардите за нормално работење.

Во меѓувреме, бројот на фабрики и работници кои ги користат услугите во овие зони значително е зголемен.

„Сакам да бидам јасен – набавката на канцелариска опрема е и за овие простории на ТИРЗ, не само за просторот на ПУИГ на градски стадион“, вели Деспотовски.

Договор за набавка на канцелариска опрема со СПС Инженеринг
Договор за набавка на канцелариска опрема со СПС Инженеринг

Деспотовски јавно веќе го понуди просторот на Партизанска бр.2

„Предлагаме Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нашите сегашни простории, со цел ФИНКИ да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото“.

Оваа изјава ја даде Деспотовски на 2 април од настан за кој медиумите известуваа дека се одржал во новите канцеларии на ТИРЗ кои се уште официјално не се во функција. Од панел дискусијата „Иднината почнува дома“ Деспотовски им порача на студентите на ФИНКИ дека е расположен да им го реши проблемот со нивниот неизграден факултет.ТИРЗ на БРО да му отстапи простор во строг центар на Скопје, а студентите да учат во бараките каде сега е администрацијата на бирото.

„Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка и тука да се чувствуваат дома, а не дома на некое друго место“, рече Деспотовски.

Над 5 000 студенти на ФИНКИ следат настава во различни простории на техничкиот кампус, но и надвор од него

   

Најново

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski
Вчитувам....