Руската војска ноќеска со беспилотни летала ги нападна градот и регионот Одеса. Сирените во украинскиот црноморски град биле активирани во 00:57 часот, пренесува БТА. Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места.
На брегот на Црното Море кружат 10 дронови кои постојано маневрираат, јавуваат украинските медиуми. Под закана се градовите со капитална инфраструктура – Одеса, Черноморси, Јужни, Вилково, Белгород Днестровск и Затока.