Документот што го потпишаа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолајан, ја прикажува стратегијата за „спротивставување, ублажување и компензирање“ на ефектите од „едностраните присилни мерки“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолајан денеска потпишаа документ за заеднички отпор на санкциите што им беа воведени, пренесе РИА Новости.
Се вели дека документот ја прикажува стратегијата за „спротивставување, ублажување и компензирање“ на ефектите од „едностраните присилни мерки“.Двајцата се состанаа во Москва, каде Лавров моментално е домаќин на самитот на министрите за надворешни работи на таканаречената Касписка петорка – Русија, Иран, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан.