Повеќе од 20 вселенски летала се веќе лансирани за домашното орбитално соѕвездие во 2024. Планирано е да бидат лансирани повеќе од 100 вселенски летала до крајот на годината. Всушност, очекуваме оваа година да лансираме вкупно 123 сателити, од кои 70 ќе бидат мали, рече Мантуров.
Русија до крајот на годината ќе лансира повеќе од 100 вселенски летала за да создаде орбитално соѕвездие, т.е. сателитска мрежа во орбитата. Ова вчера го соопшти Денис Мантуров, вицепремиер на Русија, пренесува Тасс.
– Повеќе од 20 вселенски летала се веќе лансирани за домашното орбитално соѕвездие во 2024. Планирано е да бидат лансирани повеќе од 100 вселенски летала до крајот на годината. Всушност, очекуваме оваа година да лансираме вкупно 123 сателити, од кои 70 ќе бидат мали – рече Мантуров.Тој додаде дека „орбиталното соѕвездие“ ќе има повеќе од 240 вселенски летала.Русија претходно најави дека планира да изгради сателитска мрежа за Интернет и во ниска орбита.