Синоќешната средба на американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон не донесе новости во однос на барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски за користење на западно оружје – ракети со долг истрел кои Украина би ги користела за напади врз Русија, јавува Би-Би-Си.
Ова значи дека барем засега, САД и Обединетото Кралство нема да и дозволат на Украина да користи ракети од нивно произвoдство за напади врз цели и градови во Русија, и покрај барањата на Зеленски кој неколкупати претходно говореше дека тоа е единствениот начин да се стави крај на војната која трае нешто повеќе од две и пол години.
Бајден по состанокот кажа дека тој не размислува многу на заканите од рускиот претседател Владимир Путин за војна со НАТО ако западните сојузници и дозволат на Украина да гаѓа цели длабоко во внатрешноста на Русија, додека пак премиерот на Обединетото Кралство, Стармер, изјави дека следните недели и месеци ќе бидат „одлучувачки“ за Украина.