Прајс одби да наведе датум или место на одржување на разговорите. Но, други американски претставници сугерираа дека тие ќе бидат одржани пред да заврши годинава, веројатно во Египет.
Состанокот на таканаречената Билатерална консултативна комисија ќе биде прв по повеќе од една година и ќе има за цел да покаже дека двете земји остануваат посветени на контролата на оружјето и на одржување отворени комуникациски линии и покрај други разлики.
– Ние длабоко веруваме во моќта и важноста на дипломатијата и дијалогот, подвлече Прајс пред новинарите во Вашингтон, нагласувајќи оти администрацијата на Бајден е „реална” за опсегот на таков состанок.