Во изјава за медиумите појасни дека проблемот е кај дел од клиниките кои набавуваат електрична енергија преку заеднички служби.
-Еден дел од клиниките набавуваат електрична енергија директно од набавувачи, додека друг дел се преку заеднички служби. Во делот на заедничките служби, поради наталожен долг во период на ковид-пандемија се соочиле со отежнато функционирање во делот на финансиското менаџирање, рече Сали. Додаде дека Фондот за здравствено осигурување е во комуникација со клиниките и се бара начин како да се надополнат буџетите, со цел да се подмират долговите.
– Долговите се наталожени бидејќи во последните три години во време на ковид-пандемија не можевме да организираме добро менаџирање, а тука е и енергетската криза што за 500 проценти ја поскапи електричната енергија, изјави Сали.