Јасно гледаме кои линии на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да се спречи (нејзиниот) терористички потенцијал да расте – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека санкциите против Русија не се доволни за да се запре нејзината „агресија“ и вети нова украинска акција против „терористичката држава“, јавија британските медиуми, пренесе БТА.
– Јасно гледаме кои линии на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да се спречи (нејзиниот) терористички потенцијал да расте – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.Санкциите, според него, не се доволни.
– Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава. Се додека руската агресија продолжува, Русија мора да ги чувствува загубите – додаде тој.