-Секторот за внатрешни работи Тетово на 07, 8 и 9-јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција, информираше денес СВР Тетово. Според информацијата на СВР Тетово исто така, на 7 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 8 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 12 и 13 јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција