31.8 C
Скопје
13/06/2024 18:07
МАКТЕЛ

  

     

 

СДК: УКРАИНСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕКОЈ ДЕН СЛЕТУВА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ДОНАТОР НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА СПОРЕД ПРОЦЕНТ НА БДП

      

Македонската влада досега има донесено 14 одлуки за воена и хуманитарна помош на Украина, а дополнително на армискиот полигон Криволак беше реализирана и обука за украински војници. – Авионот Антонов 12Б (Фото: Британско воено воздухопловство)
На Скопскиот аеродром речиси секој ден може да се забележи транспортен авион со украински регистарски ознаки и знаме. Станува збор за турбопроп авион Антонов 12Б од украинско (советско) производство, кој првиот лет го имал пред речиси 60 години, а изминативе две и пол години, од почетокот на руската инвазија на Украина се користи за транспорт на оружје за потребите на украинската армија.

   

Негови најчести дестинација се Лајпциг во Германија и полскиот аеродром во Жешов, каде што стигнува воената помош и оттаму по копнен пат се транспортира во Украина.
САКАМДАКАЖАМ.МК со обрати до Министерството за одбрана околу тоа какво оружје испраќа Македонија во Украина.
Досега, македонската влада има донесено 14 одлуки за воена и хуманитарна помош на Украина, а дополнително на армискиот полигон Криволак беше реализирана и обука за украински војници.

 

Од Министерството за одбрана велат дека со оглед на вредноста на средствата кои се донирани, Македонија е петта земја донатор за Украина, според процентот на БДП на сите земји донатори.
Оттаму додаваат дека издвоените средства не се во употреба во македонската армија и нивното отуѓување не претставува ризик за намалување на борбената готовност. За координација на помошта со НАТО сојузниците, македонската армија од август 2023 година има свој постојан претставник во Меѓународниот координативен центар за поддршка на Украина лоциран во Визбаден, Германија.

   

     

Од Министерството за одбрана го откриваат видот на донираната опрема, но количината е класифициран податок. Донирани се автоматски пушки, ракетни системи, мини, ракетни фрлачи, тенкови Т-72, авиони Су-25, рачни бомби и разни видови муниција.Министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со помошта за Украина вели дека на тој начин покажуваме дека во НАТО нема да ги користиме само придобивките од членството туку одговорно ќе дадеме свој придонес во заедничките обврски бидејќи ги делиме истите вредности.

На армискиот полигон Криволак беше реализирана и обука за украински војници. – Министерката Петровска на воена вежба на НАТО на Криволак (Фото: архивска фотографија на СДК.МК)
„Ја поддржавме Украина со воена опрема која нам не ни беше потребна, и сме меѓу првите 5 сојузнички земји според вредноста на донираната опрема. Тоа имаше силен позитивен одек и од Украина, но и кај нашите сојузници, зашто покажавме дека поддршката за Украина која има полно право да се одбрани против агресијата, согласно сите меѓународни правила и принципи, не е само декларативна, туку и реална. Во исто време, отстапуваќи ја опремата за која Генералштабот оцени дека не може да биде користена во Армијата, ја снабдувавме нашата Армија со модерна, современа опрема од најнов вид“, вели Петровска.

Таа додава дека од нашите стратешки партнери добиваме донации за модернизација на армијата во огромен износ на средства, што е значителен поттик.
„Ако до 2022 година американската поддршка изнесуваше околу 160 милиони долари, за само една година, САД нè поддржаа со дополнителни над 130 милиони долари, средства кои првенствено ќе се користат за процесот на модернизација и опремување. Како членка на НАТО Северна Македонија покажа образ и се здоби со силен углед кај нашите сојузници и партнери. Се надевам дека така ќе биде и во иднина, бидејќи влогот во домашната, но истовремено во колективната безбедност, односно влогот во безбедноста на нашите граѓани и нашиот удел во безбедноста на сите граѓани на Алијансата од која сме дел, е подеднакво наша одговорност како и на сите сојузници“, вели Петровска.

    

Најново

Курти: Жртвата вредеше, денес Косово е поразвиено од кога било досега

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА РАМИЗ МЕРКО: Бог нека ни е на помош!

Sase Ivanovski

ФОКУС: ДЕЛОВНИОТ ПАРТНЕР НА ТАТКОТО НА АРСОВСКА ГРАДИ БАЛКАНСКА БИЗНИС ИМПЕРИЈА

Sase Ivanovski

Орбан: Срамна е одлуката на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија со 200 милиони евра за нејзината миграциска политика

Sase Ivanovski

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Sase Ivanovski

МИ СЕ ГАДИ ОД ЦРНАТА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ СИЉАНОВСКА

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ ЗА РАМИЗ МЕРКО: Следната реформа во здравството… Немој да се разболиш!

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РСМ АФРИМ ГАШИ СО АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАЈРАМ БЕГАЈ

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ

Sase Ivanovski

Средба Џафери-Бегај: Северна Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА Е НАЈПОВТОРУВАНАТА РЕЧЕНИЦА ВО БИБЛИЈАТА? ДУРИ 365 ПАТИ СЕ ПОВТОРУВА!

Sase Ivanovski

Грчкиот новинар и аналитичар, Сидерис: Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе создаде проблеми за европскиот пат на Северна Македонија наместо тензија меѓу Атина и Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бостон направи уште еден чекор кон НБА титулата, „Селтикси“ водат 2:0 против Далас

Sase Ivanovski

Запалена куќата на вујкото осомничен за убиството на 11-годишното девојче во Грција

Sase Ivanovski

ПОЛСКА ВОВЕДУВА БАФЕР ЗОНА НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА, ВО ДЛАБОЧИНА ОД 1 КИЛОМЕТАР НЕ СМЕЕ ДА ИМА НИКОЈ, ОСВЕН ГРАНИЧАРИ И ПОЛИЦИЈА

Sase Ivanovski

ОПАСЕН РАЗДОР СЕ СПРЕМА ВО СДСМ, ЌЕ ГЛЕДАМЕ ЛИ КОМУЊАРСКА ПАНОРАМА?

Sase Ivanovski

Работна група на Министерството за правда ги детектирала слабостите на актуелниот Закон за јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Универзитетот на Мерко ќе образува лекари.Министерот кој му е сопартиец, му дал лиценца за медицински факултет

Sase Ivanovski

МАПАС: Членовите со бенефициран стаж до 17 септември да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд

Sase Ivanovski

Средба Османи- Пападопуло Почитувањето на Преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за европската интеграција на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Левица: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис интересите

Sase Ivanovski

Лефков: Преспанскиот договор се однесува на институциите, ги поттикнувам граѓаните да го користат името Македонија

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ

Sase Ivanovski

Османи: Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент

Sase Ivanovski

Деспотовски: Функционерите ќе бидат одговорни на луѓето, не на централата во Скопје – воведуваме директен избор

Sase Ivanovski

И покрај топлотниот бран, нема законска можност школската година да заврши порано

Sase Ivanovski

МОН: со поддршка од ЕУ изработивме нов електронски дневник, по тестирањето ќе започне неговата официјална примена

Sase Ivanovski

Герасимовски: Детските реквизитите кои беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови

Sase Ivanovski

Петровска ја почна камапањата за лидер на СДСМ, го презентира „Манифестот за Социјалдемократија“

Sase Ivanovski

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството и намалување на бројот на пратеници е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

Sase Ivanovski

Миша Поповиќ: Управните и Надзорните одбори досега беа места каде што се „ухлебуваа“ партиски кадри

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ

Sase Ivanovski

Почна Министерскиот состанок на ПСЈИЕ Османи: “Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет”

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА – жената е хоспитализирана во Еразмо

Sase Ivanovski

Филипче: Секретар за односи со општинските организации – ново тело за подобра внатрепартиска комуникација

Sase Ivanovski

Дерала: Се надевам дека националистичката хистерија нема да продолжи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНКА ИЗБЕГА ОД РУСКА ОКУПАЦИЈА ПРЕКУ УНИШТЕН МОСТ СО ТОА ШТО ГО ПОКАЖА ПАСОШОТ НА ДРОН НА УКРАИНСКАТА АРМИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ НАРКО БОС ИМА МНОГУ ЛОШ ДЕН ДЕНЕСКА: ПОЛИЦИЈАТА ВО ЕЛ САЛВАДОР ЗАПАЛИ 3 ТОНА КОКАИН ВРЕДЕН 70 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

МИТАНОВСКИ: СДСМ Е ВО КОМА, ЗАТОА МУ ТРЕБА ЛЕКАР?!

Sase Ivanovski

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско Равен

Sase Ivanovski

Јанкулоска: Заев треба да размисли да ми се извини, Груевски си замина како што се оди на одмор

Sase Ivanovski

Новата влада во Северна Македонија да ги почитува меѓународните обврски, велат САД и Франција

Sase Ivanovski

ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА Д-Р АЛЕКСАНДАР СИНГЕР ВО МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ

Sase Ivanovski

Невремето предизвика хаос во Србија

Sase Ivanovski

Курти: Ја цениме улогата и поддршката на НАТО за Косово

Sase Ivanovski

Кристијано Роналдо e најдобриот стрелец во историјата на ЕП

Sase Ivanovski

(Видео) Британскиот политичар и водител Најџел Фараж го гаѓаа со камења и влажен цемент

Sase Ivanovski

Од каде што доаѓам срамота е да ти лепат рацете…

Sase Ivanovski

Каков е квалитет на водата во Охридското Езеро?

Sase Ivanovski

Блинкен се сретна со Нетанјаху

Sase Ivanovski

Тензии на границата меѓу двете Кореи: испукани серија истрели

Sase Ivanovski

Се урна руски воен авион, загина целиот екипаж

Sase Ivanovski

ЦУК: Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Sase Ivanovski

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час

Sase Ivanovski

Поскапеa лебот на кришки, переците и кифлите

Sase Ivanovski

Руските сили зазедоа две села во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

За помалку од еден месец ДНК промовираа два нови дуети и видео записи

Sase Ivanovski

(Видео) Банкар милионер нокаутирал жена среде улица: – не можела да стане

Sase Ivanovski

ЦУК со совети за внимателност и заштита од змии

Sase Ivanovski

Лога: Како „Европски фронт“ ја прифативме поканата на ВМРО-ДПМНЕ да разговараме за сите важни прашања за државата

Sase Ivanovski

ЗНМ и УНДП доделија награди на тема „Креативност и новинарска етика“, новинарката Вурмо од ,,Фокус” меѓу наградените

Sase Ivanovski

„Земи здив, нурни во добра книга“ со попусти до 60 отсто на книгите од „Арс Ламина“

Sase Ivanovski

Ќе имаме 20 министерства за помалку од 2 милиони жители: „Треба да ги следиме препораките на Европската комисија, иако ова не е реформски закон“

Sase Ivanovski

Куновска: СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата

Sase Ivanovski

Епилог од европските избори: „Свртувањето кон десно е неповолно за проширувањето и Македонија“

Sase Ivanovski

Вучиќ и одговори на американската амбасада во Босна и Херцеговина: „Ве молам кажете ми каде пишува тоа!?

Sase Ivanovski

Герт Вилдерс потврди дека е постигнат конечниот договор за новата холандска Влада

Sase Ivanovski

Тајмс: Со Украина не управува Зеленски

Sase Ivanovski

Кумановец објавувал експлицитни фотографии од поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Тешко повреден 20-годишен рудар од Пробиштип

Sase Ivanovski

Компанијата ЗЕГИН ги обедини граѓаните во хуманитарна трка

Sase Ivanovski

Свекрвата ја нападнала снаата во Скопје

Sase Ivanovski

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти

Sase Ivanovski

Незири: Министерот ќе одлучи дали ќе има кратење на наставата, „Меѓаши“: Компромисот е во креативни решенија

Sase Ivanovski

Приведена 21-годишна девојка барана со потерница

Sase Ivanovski

Пријави против двајца кумановци, осомничени се дека извршиле обљуба и силување врз поранешните сопруги

Sase Ivanovski

Десетици познати жени во новиот проект на Сара Мејс: Сите вие сте хероини!

Sase Ivanovski

Професорката Алексиќ за „заклучувањето крајни оценки“: Дали сме берза за оценки?

Sase Ivanovski

„Матурски помпи“, а завршиле задолжително средно – Родителите на голем трошок

Sase Ivanovski
Вчитувам....