Скандалот со Сања Божиновска која неколкупати ги излажа граѓаните за нејзиното бугарско државјанство како и за вистинските мотиви да го побара истото, го покажува лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека тој вели дека е против Бугарите во Уставот, него очигледно не му смета бугаризација во Владата.Ставот на Христијан Мицкоски дека има поголеми и помали Македонци е омаловажувачки. Фактот дека Сања Божиновска поседува бугарски пасош е „поголема Македонка“ од тие кои останале верни на својот македонски идентитет е навреда за сите кои не извадиле бугарски пасоши.
Лажниот патриотизам треба да биде заменет со лојалност кон татковината и искреност пред граѓаните.Македонските граѓани заслужуваат лидери кои немаат резервна татковина, туку имаат само една држава и се лојални кон Република Северна Македонија. Затоа СДСМ ќе поднесе иницијативата за законски измени во Собранието со кои ќе се постави јасен услов: премиерот, вицепремиерите, министрите, пратениците и претседателот на државата да бидат лица кои имаат само македонско државјанство.
Овие измени ќе бараме да важат веднаш и за актуелниот состав на Владата.
Лојалноста кон народот и кон иднината на нашата земја е основен предуслов за секој кој бара доверба и ја има одговорноста да управува со државата. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот и државата. Го повикуваме Христијан Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ да ја прифатат оваа иницијатива со која ќе ги осигуриме институции дека ќе ги водат луѓе кои искрено стојат зад оваа држава, и луѓе кои не се под влијание на други држави. Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски историски лажговци
Денеска ги видовме Мицкоски и Николовски колку се горди на реализација на проектот за патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10Д. Граѓаните секојдневно гледаат како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги промовираат и се фалат со проектите на СДСМ за коридорите кои ги напаѓаа и велеа дека се криминални и штетни. Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели кон Бугарија наеднаш прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.
Власта нема ниту еден проект нејзин започнат, ниту пак реализиран, освен што се фали со проектите на СДСМ ги погази сите свои изјави и ветувања пред граѓаните. Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски станаа историски лажговци.
Центар за комуникации СДСМ фото :СДСМ