Со кое право, господинот Зоран Љутков се дрзна да даде изјава од својата викендичка, со која ја критикува Владата на РСМ дека не инвестира рамномерно во сите општини државата?! Лесно е да го критикуваш туѓото, без да погледнеш на своето, само и само да се прикрие неработењето на градоначалникот на општина Велес, Колев, во функција на претседател на Советот на Општина Велес.
Апсолутно нема никакво право да ја критикува централната власт бидејќи неговата партија со функционери на локално ниво немаат сработено ништо, ама се китат со туѓи перја, со проекти за кои веќе биле обезбедени финансиски средства од претходните градоначалници на СДСМ.
Нека повели Љутков во Гевгелија, па да види што има сработено неговиот сопартиец Сарамандов, градоначалник на Гевгелија! Или воопшто не мора да дојде, затоа што нема што да види. Така, од својот двор нека се обиде да го види новиот водовод во населеното место Габрово, за кој проект Советот на Општина Гевгелија донесе одлука од февруари 2022 година, а веќе е помината една година откако не е реализиран.
Така што, обвинувањата на Љутков се беспредметни, гол популизам. Факт е дека Владата на РСМ инвестира во секоја општина, а доказ за тоа се новите градинки, изградените патишта, социјални згради, реконструираните училишта и културни објекти.Да ни одговорите што сработивте ВИЕ НА ЧЕЛО СО ВАШИОТ ШПИЦЕН ГРАДОНАЧАЛНИК. НИШТО! НАРОДОТ ОД ВАС ГО СЛУША САМО ЗБОРОТ ИЗБОРИ И НАВИСТИНА НИШТО ПОВЕЌЕ ОД ТОА.