Опозицискиот СДСМ ја оцени за несериозна изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој обвинувањата дека поседува имот кој не го пријавил во својот анкетен лист ги оцени за „расфрлени пердуви“. Тој тоа го кажа на денешната прес-конференција, на која рече оти СДСМ манипулира со таквите обвинувања.Седиштето на СДСМ во Скопје / Фото: „360 степени“
„Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот. Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај“,
велат од СДСМ во реакцијата на изјавата на министерот Панче Тошковски.
Од партијата прашуваат и дали министерот за внатрешни работи и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје.
„Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев? Јавноста очекува одговори“,
велат од СДСМ.
По вчерашните обвинувања на СДСМ оти поседува имот кој не го пријавил во својот анкетен лист, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека очекувал да биде нападнат не од оваа, туку од друга опозициска партија (ДУИ н.з.), откако во понеделникот МВР поднесе кривични пријави против девет лица, меѓу кои и Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети.Обвинувањата ги оцени за манипулативни и рече дека жали што СДСМ излегол заштитник и покровител на сите криминали што ги сториле од ДУИ во минатото.