Седуммина турски државјани, кои без потребните дозволи работеле во земјава, биле откриени при инспекција во скопска фирма, соопшти полицијата. „Денеска, по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршена е контрола во правно лице во Скопје.
При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата“, се вели во соопштението. Седумтемина Турци биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје1, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци, спротивно на член 23, а казниво по член 217 став 1 точка 2, додаваат од МВР.