Доналд Трамп според моменталната состојба на анкетите води пред Камала Харис во четири од седумте сојузни држави кои може да ги одлучат следните претседателски избори во САД
Според американскиот изборен модел, претседателските избори се посредни, односно бројот на гласови се пренесува на електорите, односно делегати од секоја сојузна држава, кои согласно изборните резултати потоа го пренесуваат својот глас за кандидатот кој победил во нивната сојузна држава.
Вкупно на располагање се 538 електроски гласови, односно делегати, а за победник на ноемвриските избори се смета тој што ќе освои најмалку 270 делегати, па така некогаш освоеното мнозинство од вкупниот број на гласови на ниво на цела држава нема улога во одредување на конечниот победник.