20.8 C
Скопје
11/10/2024 11:01
МАКТЕЛ

     

Секоја година во земјава има по 700 студенти помалку

     

                              Најголем губитник воопшто е најголемиот државен универзитет, скопскиот УКИМ, каде за десет години има скоро 5 илјади студенти помалку. Во тие рамки, во апсолутни бројки, најмногу студенти загубиле Економскиот факултет во Скопје, 2.273, Филолошкиот факултет 1.844 студенти и Градежниот факултет, 689

 

Само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации, користејќи ги податоците од Државниот завод за статистика. Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 % има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 % студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 % повеќе студенти.

  

Бројот на студенти во земјава го достигнал најниското ниво во пандемиската 2020/21, само малку повеќе од 50 илјади. По порастот во следните две учебни години, вкупниот број студенти повторно паднал во последната учебна година.

Државните во постојан пад, УКИМ е најголем губитник

Бројот на студенти на државните факултети постојано се намалува во последните десет години и од некогашните скоро 52 илјади студенти, сега е сведен на едвај нешто повеќе од 40 илјади, покажува истражувањето.

Најголем губитник воопшто е најголемиот државен универзитет, скопскиот УКИМ, каде за десет години има скоро 5 илјади студенти помалку. Во тие рамки, во апсолутни бројки, најмногу студенти загубиле Економскиот факултет во Скопје, 2.273, Филолошкиот факултет 1.844 студенти и Градежниот факултет, 689. Во однос на процентуалните загуби, најмногу студенти од УКИМ загубил Шумарскиот факултет – 69 %, потоа Филолошкиот кој загубил 64 % од студентите, потоа Градежниот со загуба од 62 %, Земјоделскиот со 60 % и Правниот факултет, 55 %.

Само на 4 факултети на УКИМ има повеќе студенти

Спротивно, од сите 23 факултети на УКИМ, само на четири има повеќе студенти, споредено со бројот од пред десет години. Најголем пораст има на ФИНКИ, 3.081 студент или фантастични 188 % повеќе студенти. Следи Медицинскиот факултет со 1.037 или 55 % студенти повеќе, па Фармацевтскиот факултет со 106 или 18 % повеќе студенти, и Факултетот за дизајн со 43 или 10 % повеќе студенти.

Вкупниот број на студенти на приватните високообразовни установи, осцилира од година во година, иако збирно, во последната учебна година имало 4.054 студенти што е 56 % повеќе отколку пред десет години. Таму, најмногу студенти имало претходната учебна година, 2022/23, кога имало и најголем годишен пораст, додека најмалку имало во учебната 2018/19.

Најмногу студенти има на медицинските факултети, следат информатика и економија

Убедливо најмногу студенти во земјава има на медицинските науки, повеќе од 10 илјади или дури 20 % од студентите се запишани на некоја од медицинските високообразовни установи. Од другите струки, покрај медицинскиот, втора струка со најмногу студенти е информатичката, со вкупно 6.655 студенти, а трета, со приближно исто толку студенти, односно 6.065 е економската. Најмногу студенти по одделни факултети има на скопски ФИНКИ (4.722), на трите државни медицински факултети, во Тетово (3.354), Штип (3.186) и Скопје (2.915), како и на скопскиот Економски факултет (2.022).

За десет години, бруцошите се сведени од 19 илјади на 15 илјади

Соодветно на генералното намалување на бројот на студенти во земјава, се намалува и бројот на запишани студенти на прва година во високото образование. Ако пред десет години имало без малку 19 илјади бруцоши, сега бројот на новозапишани студенти изнесува околу 15 илјади.

Имено, само за десет учебни години, вкупниот број запишани студенти во прва година е намален за 3.612, односно за 19 проценти. Најмалку бруцоши имало во пандемиската 2020/21 година, малку повеќе од 12 илјади. Оттогаш наваму, односно во последните три години е забележан постојан пораст на бројот на студенти што се запишале на прва година на некоја од високообразовните установи во земјава.

Во однос на бројот на студенти во прва година, има најголеми разлики меѓу државното и приватното високо образование. Прво, во последните десет години, бројот на запишани студенти во државните високообразовни институции бележи пад од 4.168 студенти или 26 %, додека таа бројка е во пораст кај приватните високообразовни институции и тоа за или 550 студенти или 19,4 %.

Второ, за разлика од државните универзитети кои во пандемиската учебна година имале рекордно најнизок број на новозапишани студенти, прв пат под 10 илјади, приватните таа година имале пораст на студенти во прва година. Трето, државните универзитети почнаа да привлекуваат повеќе студенти минатата година, кога бројот на новозапишани се врати на нивото од пред пандемијата, додека на приватните има благо намалување на бројот на бруцоши во однос на досега рекордната 2022/23 учебна година.

Повеќе интерес за студирање исламски науки

Во однос на верските факултети, и кај двата, Православен богословски и за Исламски науки има пораст на вкупниот број студенти во изминатите десет години, но кај Православниот само за 2,5 %, додека кај Исламскиот за 27 %.

Во однос на бројот на новозапишани студенти, десетгодишната споредба вели дека на Православно богословскиот факултет има намалување на бруцоши за 17 %, додека на тој за Исламски науки има зголемување на интересот за студирање за 21 проценти. Сите државни универзитети, освен последно основаниот, скопскиот Мајка Тереза, бележат намалување на бројот на новозапишани студенти во однос на бројката од пред десет години.

За десет години, на скопски Правен дури 61% помалку бруцоши

На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на запишани студенти во прва година на сите факултети, освен на два – Медицински и ФИНКИ. Таму, последната учебна година се запишале повеќе студенти, отколку пред десет години. И тоа, на ФИНКИ се запишале 37 % повеќе студенти, а на Медицинскиот факултет 11 % повеќе студенти од пред десет години.

Спротивно, најголем пад во бројот на новозапишани студенти има на Правниот факултет во Скопје, дури 392 бруцоши помалку отколку пред десет години, или намалување од дури 61 %. Следен е Филолошкиот факултет, каде има 372 помалку бруцоши отколку пред десет години, и Економскиот факултет во Скопје со 326 помалку новозапишани. Процентуално, најголем пад на интересот за студирање во последните десет години има на Факултетот за физичко образование, каде бројот на бруцоши за овој период е преполовен.

На битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ има пад на новозапишани студенти во последните десет години на сите факултети, освен на Педагошкиот каде сега има 33 % повеќе бруцоши од пред десет години. Најголем пад на запишани студенти се бележи на Технолошко-техничкиот факултет – Велес, 86 %, на Правниот факултет – Кичево, 69 % и на Ветеринарниот факултет, 67 %. На штипскиот „Гоце Делчев“ има два најголеми добитници и губитници.

Најголем пад од 666 новозапишани студенти има на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, додека најголем пораст на новозапишани студенти во однос на периодот пред десет години има на Медицинскиот факултет, 636 бруцоши повеќе. Слична е состојбата и на државниот тетовски универзитет. Таму, најмногу нови бруцоши во десетгодишниот период има на Медицинскиот факултет, дури 723 повеќе лани отколку пред десет години.

Спротивно, најголемо намалување на бројот на бруцоши сега, во однос на периодот пред десет години, имало на Правниот факултет и тоа за 517 помалку бруцоши. И на приватните најмногу бруцоши има на медицина и на информатички науки На приватните факултети, споредено се пред десет години, има 550 бруцоши повеќе, што е зголемување за 19 %. Сепак, состојбата по поединечните факултети и универзитети е различна.

Најмногу новозапишани студенти има загубено Европскиот универзитет, 319, односно 85 %, додека Универзитетот МИТ има запишано 161 студент или 70 % помалку. Од друга страна, пак, на Меѓународниот Балкански универзитет – Скопје запишани се 558 повеќе бруцоши отколку пред десет години, што е двојно повеќе. И на приватните високообразовни институции, најмногу интерес меѓу средношколците за запишување во прва година привлекуваат медицинските и информатичките науки.

Бројот на наставници расте и покрај намалувањето на бројот на студенти

Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина. На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, односно 786 наставници и соработници повеќе. На приватните, пак, кадарот пораснал за 281 лице, односно за 45 %.

Најголем пораст на бројот на универзитетски кадар од сите универзитети во земјава има на Државниот универзитет во Тетово, каде сега има 453 наставници и соработници повеќе отколку пред десет години, што е пораст од цели 128 %. На истиот овој универзитет, за истиот десетгодишен период има намалување на бројот на студенти за 5 %, а на новозапишани студенти за 23 % помалку.

Од државните универзитети, единствено мало намалување на бројот на кадарот сега во споредба со пред десет години има на битолски УКЛО за 3 % и на охридски „Свети Апостол Павле“ за 38 %. На скопски УКИМ има зголемување на 13 % на кадарот иако во исто време и за истиот период има намалување на бројот на студенти за 19 %, а на новозапишани за 34 проценти.

 

Најново

Ковачев на Фејсбук: Сања Божиновска е подложена на јавен линч затоа што е бугарка

Sase Ivanovski

Потврдена смртта на украинска новинарка во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Земјотрес од 3,2 степени ја стресе Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мухиќ: Зошто ние да промениме Устав и да внесеме бугари, а тие не го почитуваат нашето малцинство таму?

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова за укинувањето на „балансерот“: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе оваа одлука

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Партизаните се бореа за слободна Македонија, а ние денес за напредна и интегрирана држава

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Sase Ivanovski

Британија: Украина не смее да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија

Sase Ivanovski

Српските молери бараат околу дванаесет евра за метар квадратен

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава

Sase Ivanovski

Три гола во Рига, обезбедено првото место во лигата на нациите Северна Македонија убедливо ја победи Летонија

Sase Ivanovski

Норвежаните се префрлаат исклучиво на електрични автомобили

Sase Ivanovski

Вработени на МВР убедувале граѓанин од турска етничка припадност да земе пасош на друг јазик бидејќи немале обрасци на турски

Sase Ivanovski

Кадриу: Одлуката на Уставниот суд е донесена под политички притисок

Sase Ivanovski

Оставка поднесе директорот на училиштето во Ѓорче Петров во градот Скопје каде имало обид за силување на ученик

Sase Ivanovski

Денес се чествува 11 октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Sase Ivanovski

Во Собранието на Северна Македонија ќе се додели државната награда „11 Октомври“

Sase Ivanovski

Денес се празнува Преподобен Харитон Исповедник

Sase Ivanovski

Несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо во САД: Едно лице загина, 23 спасени

Sase Ivanovski

Николовски од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога

Sase Ivanovski

Бислимоски: Над 1200 лиценци за производство на струја од обновливи извори за три години

Sase Ivanovski

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Sase Ivanovski

Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

Sase Ivanovski

Таравари за укинувањето на „балансерот“: Готов е нов закон, очекувам наскоро да се најде во Собрание

Sase Ivanovski

Намален бројот на издадени одобренија за градба

Sase Ivanovski

Димитриеска – Кочовска: Замрзнувањето на трговските маржи не дава резултати

Sase Ivanovski

Минчев: Балансерот беше злоупотребуван, ја изгуби намената за која беше создаден

Sase Ivanovski

Заев и Филипче ќе останат на слобода, имаше обид за поткуп на Крмов по „струмичка линија“, вели Апасиев

Sase Ivanovski

Павловска-Данева: Сите партии претходно се согласиле дека „Балансерот“ е исцрпен во примената

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Sase Ivanovski

Зеленски три часа им го презентираше „планот за победа“ на шефот на НАТО и на британскиот премиер

Sase Ivanovski

Главниот проблем во јавниот сектор е недоволната компетентност и стручност, потребна е преедукација на вработените, вели Минчев

Sase Ivanovski

Косовец го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово

Sase Ivanovski

Кривична пријава против 22-годишник за обид за убиство во тетовско

Sase Ivanovski

Што им е заедничко на Соња ТАТ и Конти: Ако еднаш те измамат, срам да им е, ако по вторпат те измамат, срам да ти е!

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност во скопска банка

Sase Ivanovski

Совет на Европа: Во Бугарија нема свест за малцинските права, на Македонците да им се овозможи да се самоидентификуваат

Sase Ivanovski

Пет либански здравствени работници убиени во израелски воздушен напад

Sase Ivanovski

Ураганот Милтон ја пустоши Флорида, има жртви и прекин на струја за повеќе од 2 милиони жители

Sase Ivanovski

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

Sase Ivanovski

Стрип изложба во Скопје под името „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата“

Sase Ivanovski

Студенти од Правниот факултет при Американскиот Универзитет на Европа- ФОН во посета на Уставниот суд 

Sase Ivanovski

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни со цел да се оттргне вниманието од нивната неспособност

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ОДРЖАА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА ВО СОФИЈА

Sase Ivanovski

Кривична пријава за измама при работење со хартии од вредност

Sase Ivanovski

Соопштение од прес-конференција за Барање за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045

Sase Ivanovski

Уставниот суд ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница” при вработување во јавниот сектор

Sase Ivanovski

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор

Sase Ivanovski

Свечено отворање на новата Волонтерска програма во Собранието

Sase Ivanovski

Учество на началникот на Генералштабот на состанокот на Иницијативата за соработка во одбраната

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ  СО БИН ХАМАД АЛ-ТАНИ, ВРШИТЕЛ НА РАБОТИ НА ДРЖАВАТА КАТАР ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Sase Ivanovski

Министерот Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Sase Ivanovski

Учество на началникот на Генералштабот на состанокот на Иницијативата за соработка во одбраната

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона, одлична соработка меѓу двете полиции

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година – 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Ортис

Sase Ivanovski

СДСМ: Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект

Sase Ivanovski

Велковски по повод 59 години од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата и понатаму со понуда на различни социјални услуги

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

Sase Ivanovski

Лефков: ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, што се однесува за бадентерот тој е Уставна категорија

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОДБОР НА РЕВИЗОРИ ЗА НАТО

Sase Ivanovski

Судијата Павловска-Данева за Топ-тема: Сите партии претходно се согласиле дека „Балансерот“ е исцрпен во примената

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор

Sase Ivanovski

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење за Владата

Sase Ivanovski

Се „крчка“ Буџетот за 2025 година

Sase Ivanovski

НАСЛЕДИВМЕ БОРЧ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА, СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ЈА СРЕДИМЕ ДРЖАВАТА Мицкоски им вети соработка на синдикатите и на работодавачите

Sase Ivanovski

Горан Минчев: Не е до натрупаноста, туку до стручноста, јавниот сектор врие од непрофесионализам

Sase Ivanovski

Хрватскиот евровизиски музичар Бејби Лазања за првпат доаѓа во Скопје!

Sase Ivanovski

Левица: „Брзите кредити“ со рекордни профити на грбот на најсиромашните

Sase Ivanovski

Сијарто: Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија

Sase Ivanovski

Три лица искасани од кучиња скитници во градот Скопје

Sase Ivanovski

Трендафилов: Работниците во Северна Македонија очекуваат раст на платите со забрзано темпо

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Sase Ivanovski

Седницата за избор на нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложена за следната недела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ракија или Магија?

Sase Ivanovski

Обвинение заработи скопјанец кој им дал алкохол на тинејџери, па потоа и таблети „за подобро расположение“

Sase Ivanovski
Вчитувам....