Најважно според него било партијата да остане соединета, а во наредниот период, напомена, дека ќе се разјаснат многу работи.„Се договориме со Таравари дека на изборите Алијанса ќе оди сама и потоа се случи тоа. Не знам кој раководел со Таравари, сега Алијанса се враќа на патот“ – потенцира Села.
Тој демантира дека поддржува кандидат на ДУИ за претседател на државата и вели „Таравари ја имаше мојата целосна поддршка ако излезеше како кандидат на Алијанса, но од моментот кога дезертираше, тој не е кандидат на Алијанса“.На Таравари му порача дека не му доликува да ја шверцува партијатата за нечии интереси, а не ни заслужува да се нарекува претседател на партија.