Принцезата од Дубаи, Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, јавно го напушти сопругот Ман Ал Мактум само два месеци откако го добија првото дете. Таа ја шокираше конзервативната заедница во Обединетите Арапски Емирати, откако преку објава на Инстаграм на својот сопруг му откри дека на нивниот брак му дојде крајот. Принцезата Махра, инаку ќерка на владетелот на Дубаи, сподели објава на која пишува:
Двојката се венчаше во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. Сè уште нема официјална потврда за разводот, а се појавија шпекулации дека профилот на принцезата е хакиран. Шеиха Махра има 30 години и е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ. Дипломирала меѓународни односи на неименуван лондонски универзитет, а е голем поддржувач и заговорник на правата на жените, како што пренесува „Дејли мејл“. Објавата во која таа ја спроведува древната практика на тројно отфрлање, традиционално резервирана за мажи, можеби и најдобро го докажува тоа.