МАКТЕЛ

    

Се стабилизира состојбата на критичните пациенти од пожарот, од утре ќе се исплаќа помошта за семејствата на настраданите

      

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во земјава и надвор од државата. Но, како што посочуваат надлежните, борбата не е завршена, таа допрва претстои, почнува ризикот од инфекции и претстои можно влошување на состојбата. Сепак, утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Во земјава моментно се лекуваат 54 пациенти од пожарот, на Клинички центар се 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 11, во Градска општа болница – 10, додека на приватните клиники се лекуваат шест пациенти.

Од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош. Mинистерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, вчера соопшти дека од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, се очекува идната недела пет да бидат вратени во земјава. По тријажата која ќе им биде направена, потенцира, ќе се утврди дали ќе бидат задржани на некои од трите болници во Скопје или ќе бидат испратени на домашно лекување. Таравари нагласи дека шест пациенти се во критична состојба, додека пак, останатите 109 пациенти се во релативно добра состојба. Од пациентите кои се во критична состојба, двајца се лекуваат во Љубљана и четири во Воено-медицинската академија во Белград. Во врска со оние пациенти кои се очекува идната недела да се вратат во земјава, Таравари рече дека според информациите кои ги добиваат тие дури би можеле да се вратат со комерцијални летови.

   

– Од Италија се планира еден испис, од Шпанија се планираат два исписа, од Шведска еден испис и од Австрија два исписи. Ова е планот, но не е дефинитивно во понеделник ќе ве известиме точно. Подготвуваме протоколи кои што ќе бидат прифатени од Кризниот штаб и објавени транспарентно за да се види како ќе се третираат пациентите. Најпрво ќе ги примиме во болниците, потоа ќе ги пуштиме дома, рече министерот Таравари. Според Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, како што рече вчера на прес-конференција, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата.

Според него, борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата. Информираше дека претходниот ден биле хоспитализирани шест нови пациенти – пет на Токсикологија и еден со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници. Клековски соопшти дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести. За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст. Одлуката на прес-конференција вчера ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Владата го плаќа престојот на најблиски на пациентите што се лекуваат во странство, за што право имаат по две лица од семејството за секој повреден. Томовски повтори дека лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, а патот, сместувањето и други трошоци за семејствата ги покрива на нашата Влада.

-Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија, рече Томовски. Семејствата ќе почнат да ја добиваат помошта од донации од сметката на Црвениот крст, на која досега се собрани 51 милион денари, од понеделник. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски најави дека денеска ќе замине во Будимпешта да ги посети повредените што се во тамошните болници.

На новинарско прашање дали ќе се активираат и механизмите на НАТО за ваква ситуација, министерот одговори дека во овој момент сметаат оти е доволно што е активиран Механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грација, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска. Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените. Соопшти дека нашите ДКП-а се во 24 часовна комуникација со семејствата во земјите каде се згрижени нивните најблиски, дека им се покриени сите потребни трошоци. Посочи и дека дежурните телефони на МНРНТ и СОЗР остануваат отворени за сите прашања и потреби.

Повторувајќи дека трошоците за лекувањето во странство на 116-те пациенти повредени во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини, а трошоците за пат, сместување и целокупната логистика за семејствата на пациентите ги покрива македонската Влада, министерот Муцунски на прес-конференција вчера рече дека дезинформациите што излегуваат околу трошоците не ги смета за тенденциозни, со оглед дека „целото општество доживува шок по трагедијата“, и дека „природна човечка реакција е да сакаш да помогнеш и затоа дел од граѓаните прават иницијативи за да помогнат“. Посочи дека дежурните телефонски броеви на МНРНТ и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) остануваат достапни за сите потреби и информации. Портпаролката на Владата Марија Митева на редовната прес-конференција за активностите на институциите по трагедијата со пожарот во Кочани вчера истакна дека приоитетот сега е двоен, да се заврши институционалната работа со целосен интегритет и да се преземат итни чекори за да се спречат идните трагедии од ваков карактер.

-Во координација со сите надлежни органи ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови, туку со акција, рече таа. Во меѓувреме вчера во Кочани во Паркот на Револуцијата граѓаните организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај. Собирот заврши со мирен марш по улиците во централното градско подрачје на Кочани, а граѓаните порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови. И во Штип синоќа во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне вчера се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организира собир „Солун во молк за Кочани“, одржаа 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви и една минута молк за возачот на брзата помош кој почина откако превезе голем број повредни лица. Како што информираа од Основниот суд Кочани, определена е мерка 30-дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката. Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во заминување Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев.

Со досегашната истрага за пожарот во дискотеката „ Пулс“ вои Кочани се опфатени 27 физички и три правни лица. Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Во рамки на контролите за издадените лиценци, што стартуваа по објавата за несоодветна документација во диксотејата „Пулс“, меѓу остнатото и користење на фалсификувана лиценца, од вкупниот број над 3000 издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови до влера се прегледани 2810 лиценци и се одземени 427, информираше влера вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и по име ќе бидат извадени сите носители на лиценци на кои ќе им бидат одземени, а за истото ќе бидат информирани надлежното обвинителство и МВР, за да можат тие, како што рече, да проверат од свој аспект.Се прават контроли и во делот на патниот сектор – превоз на патници, автобуси, комбиња и итн, исто така превоз на стоки и внатрешно и меѓународно во делот на камиони. Се очекуваат нови податоци и од контролите на Државниот пазарен инспекторат, кој при завчерашните извршени 82 контроли констатирал дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови.

Извор. МИА

  

Најново

СКАНДАЛ ЗА ЗЛАТНО ПЕНКАЛО ВРЕДНО 15.000 ДОЛАРИ Висок ирански дипломат го ставил в џеб на преговорите во Оман

Sase Ivanovski

ПУТИН ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ, А „ШАХЕДИ“ ЛЕТААТ НАД УКРАИНА Зеленски вели дека рускиот претседател манипулира со човечките животи

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИ БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ВО ЕРУСАЛИМ И СЕ СПУШТИ ВО КУВКУЛИЈАТА Според црковните преданија, таму бил погребан Исус Христос

Sase Ivanovski

Две жени се степале во кочанско село

Sase Ivanovski

Горан Миленковски од МВР за „Слободен печат“: Лага е дека сум извадил посмртница за да не плаќам кредит!

Sase Ivanovski

Во ред е да бидете тажни: Психолозите велат дека токсичната позитивност е ризик по здравјето

Sase Ivanovski

ПМФЛ: Натпреварот Воска Спорт – Вардар не го доживеа својот крај

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка

Sase Ivanovski

Како дојде од „војната ќе ја решам за 24 часа“ до „ова не е наша војна“ – дали Трамп ја „лизнува“ Украина?!

Sase Ivanovski

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

Sase Ivanovski

СДСМ: Ем бесмислена, ем нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

Sase Ivanovski

Министерство за ватрешни работи: Пронајден возачот кој во Скопје со “фиат” удри во тротинет, возилото е одземено

Sase Ivanovski

Маркетите ги објавија цените на производите, споредбата е исклучително комплицирана

Sase Ivanovski

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Sase Ivanovski

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Sase Ivanovski

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Sase Ivanovski

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

Sase Ivanovski

ФФМ ги обнови сите седишта на стадионот Тодор Проески во Скопје, најголемиот и најмодерен стадион во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Охрид преполн за Велигден

Sase Ivanovski

Париз добива споменик посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница

Sase Ivanovski

Извршниот директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, освен што води една од најдобрите светски инвестициски банки – исто така и врти песни како диџеј Д-Сол

Sase Ivanovski

Каракал е вид на дива мачка кој живее во јужна Азија, но се најде во кафез на шпанскиот остров Мајорка како дел од „пленот“ на полицијата по апсењето на криминална група која шверцувала диви животни и ги продавала преку онлајн платформа

Sase Ivanovski

На денешен ден 1941 година со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Две нови дигитални услуги на МВР достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: Зошто Америка се откажува од светот, НАТО и Европа

Sase Ivanovski

Милитаризирана ЕУ – Обид за нејзина рефакторизација (ЕУ со шлем и штит – но без компас)

Sase Ivanovski

40 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ДОШЛЕ ВО БИХ ЗА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ДОДИК?! Претседателот на Република Српска сака воен сојуз со Србија и со Унгарија

Sase Ivanovski

Дрон го загрозил слетувањето на два авиони на аеродромот во Дубровник

Sase Ivanovski

Се надевам дека за краток рок ќе ја завршиме истрагата за трагедијата во Кочани, истакна Тошковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму локалните функционери ,,локале” и јаделе

Sase Ivanovski

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Легендарниот хотел Нарцис во Брезовица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мода – Зимска облека во Милано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?

Sase Ivanovski

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден…

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

Sase Ivanovski

La dolce vita штотуку пристигна во TCC Plaza!

Sase Ivanovski

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица

Sase Ivanovski

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Sase Ivanovski

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Sase Ivanovski

Европска држава која нема војска и е многу безбедна…

Sase Ivanovski

Не постои метропола во светот (која не е во војна) што ги губи толку лесно културните и уметничките кодови

Sase Ivanovski

Двајца од загинатите во собраќајката се жители на странска држава, третиот е македонски државјанин

Sase Ivanovski

Израел не исклучува ограничен напад врз иранските нуклеарни локации и покрај тоа што Трамп се откажа од планот

Sase Ivanovski

СТИГНА Fire Fly – Оган без чад, задоволство без граници!

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција, рече Таравари во Стадион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во недела само кулирање и озбилни теми…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

Црвена Звезда се врати во Скопје – после три децении!

Sase Ivanovski

Жител на Врапчиште доби кривична пријава, покажал фалсификувана возачка на Табановце

Sase Ivanovski

Според Медведев, Русија без САД и ЕУ брзо ќе најде решение за украинското прашање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Иако знаеја дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДС свесно го лажеше народот

Sase Ivanovski

Еквадор стравува од можен атентат врз претседателот Нобоа

Sase Ivanovski

Граѓаните да внимаваат, пролетното сонце ги раздвижи и змиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Sase Ivanovski

Во Рим втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма, Иран бара силни гаранции

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Sase Ivanovski

По два обида за конституирање нов парламент, во Косово се можни нови избори

Sase Ivanovski

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Sase Ivanovski

Русија тврди дека зазела уште едно село во Курск под контрола на Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава за светиниколец кој вршел јавен превоз без лиценца

Sase Ivanovski

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани во фокусот на денешните партиски препукувања

Sase Ivanovski

19-годишник со „бмв“ излетал од патот кај Миравци, починал на самото место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Емотивен говор на новиот градоначалник на Кочани. Ќе се избориме за правда,политика не не интересира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката кај Кичево

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Тошковски од Охрид: За 20% зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....