СЗО го наведува фактот дека јавното здравство не го покрива стоматолошкиот третман и недостапноста на високо специјализираната стоматолошка опрема во примарната здравствена заштита, особено во сиромашните земји, како две главни причини за високата стапка на болести на усната шуплина.

„Оралната хигиена одамна е занемарена во глобалното здравје, но многу болести на усната шуплина можат да се спречат“, изјавил генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

  

Агенцијата смета дека дел од решението е земјите да вклучат правична здравствена заштита за усната шуплина во националните програми за планирање и да го вклучат оралното здравје во моделите на примарната здравствена заштита. Меѓу мерките, тој предлага владите да ја подобрат достапноста на пастата за заби со флуор по прифатлива цена за населението.