Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата, Гордана Силјановска-Давкова, води со голема разлика пред Стево Пендаровски, кандидат поддржан од СДСМ, брифираат од најголемата опозициската партија. Според нивниот аналитички центар, по обработени 8,21% од вкупниот број запишани гласачи, односно 20,53% од избирачките места, резултатот е следен:
Гордана Силјановска – Давкова – 66 482 гласа;
Стево Пендаровски – 28 490 гласа;
Бујар Османи – 19 420 гласа;
Арбен Таравари – 12 707 гласа;
Максим Димитриевски – 10 831 гласа;
Билјана Ванковска – 6 165 гласа;
Стевчо Јакимовски – 1 174 гласа;
неважечки ливчиња – 3 680 гласа.
Во проценти, Силјановска-Давкова има околу 45% од гласовите на оние што излегле да го остварат гласачкото право. Стево Пендаровски, според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, има околу 19% од гласовите. Бујар Османи има околу 13%, додека сите други кандидати имаат под 10%.