19.8 C
Скопје
30/05/2023 18:01
МАКТЕЛ

     

СИСТИНА: СО МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ МЕТОДИ ДИРЕКТНО УНИШТУВАМЕ ТУМОРИ И КАНЦЕРИ: ИНТЕРВЈУ СО ДОЦ. Д-Р АЛЕКСАНДАР ЃОРЕСКИ

    

И аблацијата и емболизацијата се минимално инвазивни методи, тоа не е операција, вели во интервју за Фактор, доц д-р Александар Ѓорески, интевентен радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Појаснува дека со овие најсовремени методи се третираат пациенти со тумори и со канцери, но таргетот е самиот тумор, односно метастазите.

   

Аблацијата претставува третман на туморот со внесување на одредена игла/ антена/ електрода преку кожата директно во туморот а под контрола на ултразвук, компјутер или ангиографија. Потоа преку иглата се испорачува термална енергија во самиот тумор која има за цел да го уништи. Од друга страна емболизацијата, било да е хемо или радиоемболизација е повторно минимално инвазивна и овде не е потребна никаква анестезија. Преку крвен сад влегуваме со специјален катетер во артеријата која го исхранува туморот и тука даваме лек или аплицираме зрачење кое има за цел да го уништи туморот, да го сопре неговиот крвоток што би резултирало со негово целосно или делумно уништување. Сите овие методи на третман на туморите се комплементарни со онколошките и хируршките техники на лекување. Имено, нам не ни смета да направиме аблација иако пациентот веќе прима системска хемотерапија, но исто така му дозволуваме на онкологот да го “одмори” пациентот од долгите и напорни хемотерапии, појаснува доц. д-р Ѓорески.

 

Васкуларните заболувања се едни од најчестите, но благодарение на постојаниот развој на медицината, ваквите заболувања сега успешно се третираат со една од поновите гранки, односно со интревентната радиологија. Како специјалист во оваа област, може ли подетално да ни кажете за каква метода станува збор?

  

Д-р Ѓорески: Периферната артериска болест заедно со коронарната артериска болест се едни од најчестите заболувања на модерното живеење, пред се заради брзиот и нередовен начин на живот, зголемената инциденца на обезност, хипертензија и дијабетес кај општата популација но и заради зголемениот процент на се постара популација во одредени делови од Европа и светот. Атеросклерозата на артериите е процес на наталожување на масни наслаги во крвните садови што потоа доведува до нивно стеснување или запушување а ова пак води кон сериозни настани како исхемија, инфаркт или гангрена кога зборуваме за периферната циркулација.

    

Стеснувањата на крвните садови може да се третираат со неколку различни модалитети започнувајќи од медикаментозен третман или третман само со лекови (најчесто статини и лекови за антиагрегација), потоа со хируршки третман и во најново време со минимално инвазивни ендоваскуларни методи како што се балон дилатација или пак поставување на стент во крвните садови.

Во последните две децении минимално инвазивните радиолошки и кардиолошки техники доживеаја енормна експанзија и надалеку ги надминаа позастарените хирушки техники на лекување на периферната артериска болест. Ова се случува поради неколку факти како што се: рапиден напредок во медицинската технологија со употреба на се помодерни уреди за работа(жици, катетри, балони, стентови итн), но и заради тоа што успеваме да постигнеме еднаков ако не и во многу наврати подобар резултат од хирургијата без операција. Предноста на интервентните радиолошки процедури е во тоа што се минимално инвазивни, не побаруваат никаква анестезија и пациентот останува само една вечер во болница или пак си оди истиот ден неколку часа по завршување на процедурата.

Самата интервенција на артериите се изведува со мини-пункција најчесто на препонската артерија или на артерија на раката и потоа со помош на најразлични уреди докторот навигира низ стеснувањата и го проширува крвниот сад со балон катетер или пак со стент.
Интервенцијата може да трае од 45мин до 2ч зависно од тоа за кој крвен сад се работи но и од комплексноста на наодот.

Во мојата кариера досега имам направено околу 800 ендоваскуларни интервенции на артериските крвни садови, успехот е голем, би рекол во повеќе од 95% од случаите успеваме да го извлекуваме сегментот кој е засегнат без притоа да мора пациентот да оди на хирургија. Овие интервенции од неодамна започнаа да се изведуваат и на одделот за интервентна радиологија во КБ Аџибадем Систина во Скопје.

Дали работите и посложени оперативни зафати кои се изведуваат со неинвазивни операции, на пример дали ги третирате пациентите со мозочни удари и висцерални аневризми, кои според статистичките податоци за жал се сè почести?

Д-р Ѓорески: Еден од најсофистицираните делови во ендоваскуларната медицина воопшто се невроваскуларните интервенции. Во нашиот тим за интервентна радиологија во КБ Аџибадем Систина ја имаме Доц. Менка Лазареска која е еден од пионерите во овој сегмент во државата и доктор кој има убедливо најголем број на извршени небро-интервентни процедури во Македонија. Одговорот е ДА, на нашиот оддел ги третираме и пациентите со ран мозочен удар од исхемично потекло со минимално инвазивен пристап кој се вика механичка тромбектомија. Тоа би значело дека повторно преку крвен сад влегуваме со катетер и одиме до најтенките артерии во мозокот и со помош на специјални уреди го вадиме тромбот кој го затнал крвниот сад и предизвикал мозочен удар. Ова е една од најмодерните методи во медицината која значително го подобрува исходот на пациентите со акутен удар бидејќи веднаш се воспоставува циркулација на мозокот и му овозможува побрзо да заздрави.

Што се однесува до проширувањата на крвните садови или аневризмите, тие можат да бидат мозочни но и на другите делови од телото или висцерални.
И овде одговорот е ДА, ги третираме и едните и другите видови на аневризми.
Всушност, техниката/ механизмот на ендоваскуларен третман на мозочните и висцералните аневризми е сличен но станува збор за разлика во димензиите на крвните садови што ја прави и процедурата на лекување малку поразлична во однос на материјалите кои се употребуваат.

Најчесто користена техника на третман на аневризмите е со нивно исполнување со специјални жички кои се нарекуваат “coil” и кои имаат за цел да ја исклучат аневризмата од циркулација со цел да стане неактивна и безопасна. Користиме и понови и понапредни техники на третман како што се стент или балон потпомогнато коилирање, потоа употреба на пренасочувачи на проток или други поспецифични уреди а понекогаш и течни агенси.

Најновите достигнувања во оваа област се и третман на пациентите со канцери и метастази, може ли подетално од вас да слушнеме како се изведуваат ваквите оперативни зафати, дали повторно станува збор за неинванзивен третман или сепак тоа е поинванзивен зафат?

Д-р Ѓорески: Токму така, една од најновите дисциплини е интервентната онкологија во која како што и самиот термин кажува, станува збор за третман на примарни тумори или пак метастази со интервентни методи, повторно без операција. Интервентната онкологија полека се издвојува како најмодерна но и за жал најфреквентна гранка од интервентната радиологија бидејќи бројот на новозаболени пациенти од канцер е во постојан пораст.

На многу начини учествуваме во дијагностиката и дел од лекувањето на болните од канцер. На пример, во дијагностиката сме застапени со биопсии, во делот на помагање за примањето на терапија со поставувањето на специјални катетери за примање на терапија а пак во делот на лекувањето на карциномите со неколку техники од кои најзначајни се аблација и емболизација која може да биде хемоемболизација доколку аплицираме лек-цитостатик или пак радиоемболизација доколку аплизираме зрачење директно во туморот.

И аблацијата и емболизацијата се минимално инвазивни методи, тоа не е операција.
Аблацијата претставува третман на туморот со внесување на одредена игла/ антена/ електрода преку кожата директно во туморот а под контрола на ултразвук, компјутер или ангиографија. Потоа преку иглата се испорачува термална енергија во самиот тумор која има за цел да го уништи. Аблацијата може да се примени на разни органи како што се: црн дроб, бели дробови, бубрег, коски, лимфни жлезди, дојка итн. Предноста на аблацијата е што е минимално инвазивна, се изведува со анестезија која најчесто не е целосна а може да се повторува и до 10-тина пати по потреба. Од друга страна емболизацијата, било да е хемо или радиоемболизација е повторно минимално инвазивна и овде не е потребна никаква анестезија.

Преку крвен сад влегуваме со специјален катетер во артеријата која го исхранува туморот и тука даваме лек или аплицираме зрачење кое има за цел да го уништи туморот, да го сопре неговиот крвоток што би резултирало со негово целосно или делумно уништување.

Сите овие методи на третман на туморите се комплементарни со онколошките и хируршките техники на лекување. Имено, нам не ни смета да направиме аблација иако пациентот веќе прима системска хемотерапија, но исто така му дозволуваме на онкологот да го “одмори” пациентот од долгите и напорни хемотерапии. Понекогаш, аблацијата може да се изведе и во директна комбинација со хирургија, т.н. интраоперативна аблација.

Колку брзо се опоравуваат пациентите и дали по ваквиот зафат потребни се и други онколошки третирања, во смисла дополнителни хемотерапии, зрачење…?
Д-р Ѓорески: После аблација или емболизација пациентите најчесто си одат дома наредниот ден или за два дена. Во однос на тоа дали пациентот и понатаму ќе продолжи со системска хемотерапија или зрачење се зависи од стадиумот на болеста, бројот на тумори, возраста на пациентот како и од природата на самата болест.

Аблацијата во многу наврати претставува куративна метода односно дефинитивна техника со која целосно може да се излечи еден туморски супстрат доколку за тоа дозволува големината и бројот на тумори. Понекогаш се применува и комбиниран или т.н. “stage” третман кога во договор со онколозите и хирурзите одиме најпрво со еден вид на лекување, на пример хемотерапија, потоа ние правиме аблација или емболизација и на крај пациентот оди на оперативен третман или трансплантација. Затоа од клучно значење е да не се носат индивидуални одлуки од страна на еден доктор кај онколошките пациенти туку во нивното лекување мора пристапот да биде мултидисциплинарен, т.е да се вклучат лекари од повеќе специјалности во донесувањето на конечната одлука.

Постојат ли и други здравствени состојби кои успешно се лекуваат со интервентаната радиологија?
Д-р Ѓорески: Еден од најинтересните делови од интервентната радиологија е третманот на разни бенигни состојби кај обата пола, машки и женски пред се со емболизација.

Овде би го издвоил минимално инвазивниот третман на миомите на матка со емболизација. Тоа е техника која што е веќе етаблирана и во светот а и кај нас, постои повеќе од 20 години и е внесена во гинеколошките препораки како дел од армаментариумот на третман на миоми. Се работи за метода која е наменета за пациентки кај кои оперативниот зафат не е можен од технички, најчесто анатомски причини, потоа кај пациентки кои не сакаат хистеректомија односно сакаат да си ја сочуваат матката како орган и кај пациентките кои дефинитивно не сакаат операција. Ефектот од емболизацијата на миомите е одличен доколку се пристапи на вистински начин и доколку се одбере правиот пациент. Оваа метода во Македонија се изведува исклучиво во нашата болница и на ниту едно друго место.

Интересен третман кај машката популација е емболизација, односно минимално инвазивен третман на бенигна хиперплазија на простатата. Ова е техника при која влегуваме во обете артерии кои ја васкуларизираат простатата кај мажите и истата ја емболизираме со цел да се намали волуменот и притоа да ги снема или да се намалат симптомите предизвикани од зголемена простата како што се: зачестено мокрење, недоиспразнетост на мочниот меур, уринарна ретенција, долготрајно носење на катетер и намалување на ризикот од воспаление на простатата и канцер.

За разлика од трансуретралната ресекција на простатата која исто така е минимално инвазивна но сепак хируршка метода, овде немаме никаква анестезија и се работи за амбулантска процедура, односно интервенција која не бара болнички престој.

И оваа метода е достапна од неодамна на одделот за интервентна радиологија во КБ Аџибадем Систина.
Потоа интересни состојби кои се третираат успешно по пат на амеболизација се третманот на варикоцела кај мажите и третманот на пелвичен болен синдром или синдром на проширени карлични вени кај жените.

Во однос на опремата, односно апаратурата, може ли да ни појасните за каков апарат станува збор и дали е потребен мултидисциплинарен пристап при различните интервенции?
Д-р Ѓорески: Се работи за еден од најновите и најсофистицирани ангиографски системи на пазарот воопшто од прозиводителот GE, поточно за моделот Allia IGS 5 со вградени сите можни дополнителни алатки за емболизација на тумори, третман на мозочни аневризми и артерио-венски малформации, 3Д ротациона ангиографија, КТ итн…

Во најскоро време во нашата болница се планира да се инсталира и уште еден ангиограф, хибридна ангиографска сала која ќе биде единствена од ваков вид во регионот. Ова подразбира апарат со можности за минимално инвазивни интервенции а во исто време и просторија и машина на која ќе може истовремено да се изведуваат и хируршки зафати со сите услови за стерилност и антисепса.

Оваа ангиографска сала пред се ќе најде примена во сложени ендоваскуларни интервенции на аортата од типот на ЕВАР, ТЕВАР, frozen elephant trunk итн. Потоа овде ќе може да изведуваат и интервенции на срце од типот на ТАВИ а секако и сите други видови на ендоваскуларни интервенции.

За речиси сите погоре наброени процедури, за сите онколошки и невроваскуларни интервенции е потребен мултидисциплинарен пристап, односно тимски третман од страна на доктори од различни специјалности како што се: радиолози, кардиолози, кардиохирурзи, васкуларни хирурзи, онколози, неврохирурзи, абдоминални хирурзи.
Носењето на одлуките тимски значи и помал степен на грешка а највисок можен процент на успех во лекувањето на сите комплексни здравствени состојби.
Овој пристап е неопходен доколку сакаме на нашите пациенти да им го обезбедиме најдоброто, а тоа го имаме на нашиот оддел и целосно во КБ Систина.
извор – Фактор

  

Најново

Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје

Sase Ivanovski

При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира, вели Меџити

Sase Ivanovski

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Sase Ivanovski

AETM: Успешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија

Sase Ivanovski

За претседателот на Судскиот совет критиките се непријатни, но не отстапува од тврдењето дека се работи законски и без корупција

Sase Ivanovski

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Sase Ivanovski

Вратите на Хубо Маркет се повторно отворени

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

Sase Ivanovski

Џафери: Иницијативата за една изборна единица заглавена во Комисијата за политички систем

Sase Ivanovski

ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година

Sase Ivanovski

Решена мистеријата зошто позелене водата во Венеција

Sase Ivanovski

Основните јавни обвинителства во државава добиваат 18 нови јавни обвинители

Sase Ivanovski

Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?

Sase Ivanovski

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сојуз на глуви: Татко претседател, ќерка генерален секретар, старосватица секретарка, кум…

Sase Ivanovski

ФОКУС: Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Американскиот КФОР пристигна во Лепосавиќ на Косово како засилување на италијанскиот контингент

Sase Ivanovski

Излезе од затвор собранискиот чувар Алими, кој ги даде клучевите за отворање на вратите на Собранието

Sase Ivanovski

Штом стигнат амандманите за измена на Уставот во Собрание, не може да се додаваат нови

Sase Ivanovski

Јанчева од СДСМ ѝ ја побара на градоначалничката Арсовска финансиската картичка на Градот

Sase Ivanovski

Универзитетот во Тетово го поништи конкурсот за избор на ректор, ќе распишат нов за да немало надворешни притисоци

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА ЗАТВОР НА МЕДИСКИОТ САТРАП МАРЈАН ДОКАЗ ОД 3 НА 2 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА РАСПАЛИ ПО СОВЕТНИЦИТЕ: Уличари,по 500 евра паушал зимате за да попувате место да работите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цените на зеленчукот се намалија за 40 отсто по замрзнувањето, затоа ги одмрзнуваме

Sase Ivanovski

Три девојчиња годинава биле цел на сексуална експлоатација, изјави министерката Тренчевска

Sase Ivanovski

Студент на Економскиот факултет во Крагуевац се заканил дека на пладне сите ќе ги убие

Sase Ivanovski

Борел: Русија нема да преговара додека не победи во Украина

Sase Ivanovski

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати

Sase Ivanovski

Дадилката на Коста К.: Беше добро и послушно дете. Ништо во неговото однесување не навестуваше вакво злосторство

Sase Ivanovski

Лајчак се обидува да договори средба меѓу Курти и Вучиќ, засега безуспешно

Sase Ivanovski

Вучиќ: Државите на Квинта итно да спроведат мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите

Sase Ivanovski

Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва

Sase Ivanovski

Лога го потпиша Упатството за внесување етничка припадност во матичните книги

Sase Ivanovski

Нападот на Москва го изврши Украина, објави руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Борел го осуди насилството на Косово

Sase Ivanovski

Москва нападната со дронови, соборени од руската противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

Sase Ivanovski

Агелер: Зимата повторно ќе се врати, итно да се зголемат енергетските ресурси

Sase Ivanovski

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за долговите на Град Скопје

Sase Ivanovski

Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење

Sase Ivanovski

Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Sase Ivanovski

Вучиќ до НАТО: Ако албанскиот окупатор пука, тогаш ситуацијата ќе биде сосема поинаква

Sase Ivanovski

КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово

Sase Ivanovski

Иницијативата за измени на Уставот на проверка во Министерството за правда

Sase Ivanovski

Специјалниот известувач на ЕУ Крамон порача Приштина да не праќа полиција во северно Косово

Sase Ivanovski

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”

Sase Ivanovski

Николај Денков доби мандат да формира Влада во Бугарија

Sase Ivanovski

ЛУДА ИДЕЈА: ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ДА СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОТЕСНА ОД ШТО Е?!

Sase Ivanovski

Денеска избори за нов ректор на УКИМ: Во трка се шест кандидати

Sase Ivanovski

Костадинов: Одлуките што треба да се донесат ќе дефинираат два блока – проевропски и изолациски

Sase Ivanovski

Протест во Белград поради случувањата во Косово

Sase Ivanovski

БИЉАЛИ: И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во првата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8

Sase Ivanovski

Изјавите на Агелар и Марфи сугерира дека дошло време да се тргне лончето од ринглата, за да не претече млекцето на Мицко, па сите да се попариме

Sase Ivanovski

Алтернатива: Косово има право на суверенитет на целата територија, но не по цена на загрозување на безбедноста

Sase Ivanovski

На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Sase Ivanovski

Вежба на МВР и САД утре ќе го блокира Скопје

Sase Ivanovski

КВИНТАТА ДА СИ ГО ВРАЗУМИ СВОЕТО ЧЕДО! Вучиќ со остри критики по судирот во Звечан

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ПРИФАЌА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО НЕ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ „80 отсто од народот е против бугарскиот диктат“

Sase Ivanovski

Косовската претседателка: Српските илегални структури ја нападнаа полицијата, КФОР и новинарите

Sase Ivanovski

„Рамо до рамо до победа“ во Долнени, Велес и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил: ЕУ или Левица

Sase Ivanovski

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Sase Ivanovski

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД РУСИЈА: МЕЧКА БРКА ГРУПА ЛУЃЕ НА КРОВ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Курти има само една желба – да го доведе целиот регион до крвопролевање

Sase Ivanovski

Меѓународната заедница ги осуди нападите врз КФОР: Насилството во Косово мора веднаш да запре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ САКА ДА НАПРАВИ ВОЈНА НА КОСОВО: Припадниците на КФОР не можат да ги извлечат повредените колеги од обрачот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пожар во стан во Аеродром: На терен се противпожарните екипи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ, АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРА ДА ОДИ НА ПАТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАЛЧО: НА БРАНКО МУ ПРЕДЛОЖИВ СДСМ ДА ЈА ФИНАНСИРАМЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДА ГИ ОТКАЧИМЕ ОЛИГАРСИТЕ, ТОЈ ОДБИ

Sase Ivanovski

Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите ниту го спречи насилното преземање на власта

Sase Ivanovski

Канал 5 дознава: Во преамбулата на Уставот ќе се впишат и Ерменците

Sase Ivanovski

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО ИЗЕДОА СТАПОТ ВО КОСОВО: 11 италијански војници се повредени во Косово, тројца потешко!

Sase Ivanovski

Вкупно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети – Вучиќ: Не КФОР, туку припадник на РОСА со калашников пукал кон демонстрантите

Sase Ivanovski

Вкупно 53 повредени, а едно лице се бори за живот по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕСКАЛИРА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ ВОЈНИЦИ НА КФОР

Sase Ivanovski
Вчитувам....