Досега сме сведоци на декларативни заложби без конкретни чекори за борба со корупцијата, реагираат упатените по актуелизирањето на темата за ветинг.Околу дебатата меѓународен ветинг на сите функционери, наспроти уставниот амандман за спречување на застарување на делата за политичка корупција, Дарко Аврамовски од коалицијата „Сите за правично судење“ за „Телма“ вели дека е потребна стратегија за да не се случи ветингот да направи повеќе лошо отколку добро.
„Од друга страна станува дека застарувањето на коруптивните кривични дела не беше проблем се до последните измени на Кривичниот законик (КЗ) и застарувањето може да се надмине со повиоки казни, но потсетува дека какво решение и да се избере, нема да важи ретроактивно“, вели Аврамовски.
На барањето на ДУИ за ветинг, реагираше Коалицијата „Вреди“.„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг“, реагираа од Коалицијата „Вреди“.