14.8 C
Скопје
22/03/2023 14:51
МАКТЕЛ

   

Сите за правично судење“: Тимското испитувањето на супервештаците за „Ласкарци“ е спротивно на ЗКП

    

Од невладината која со свои набљудувачи го следи судскиот процес, апелираат судечкиот совет во „Ласкарци“ со должно внимание да го следи текот на главната расправа и испитувањето на вештаците и доследно да се почитуваат и толкуваат релевантните одредби до ЗКПТимското испитување на вештаците кои го изготвија супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари 2019 година, е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), реагира невладината Коалиција „Сите за правично судење“ која врши мониторинг на судските случаи.
Реакцијата доаѓа откако на претходните две судски рочишта (21 јануари и 2 февруари 2023) судечкиот совет на чело со судијката Дијана Груевска-Илиевска дозволи тимот од четворица сообраќајни инженери во судница да се испитува практично како едно лице иако на тоа се противеше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

  

Сепак, судијката одлучи дека тие како тим заедно работеле и го изготвиле супервештачењето, па затоа може да се надополнуваат во одговорите. Така, иако обвинителот избра еден од вештаците да одговара на неговите прашања, додека го испрашуваше останатите вештаци останаа во судницата и со кревање рака го надополнуваа и дообјаснуваа нивниот колега.Во својата реакција, од Коалицијата „Сите за правично судење“ која има свои набљудувачи на судските рочишта, наведуваат неколку одредби од ЗКП кои сметаат дека биле прекршени од страна на судот. Една од нив е одредбата која дозволува вештаци да го следат судскиот процес и да ги слушаат останатите сведочења, но, потенцираат од невладината, тоа не значи и дека е дозволено „тимско“ одговарање“.

 

„Согласно одредбите од ЗКП, конкретно членот 378 вештите лица можат да присуствуваат во текот на главната расправа и да го следат судењето односно да можат да ги чујат исказите на сведоците кои ќе бидат испитани, како и да се запознаат со другите докази кои ќе бидат изведени во текот на главната расправа. Оваа одредба во ниту еден случај не значи дека тие можат да даваат одговори на прашања коишто се поставуваат на други вештаци кои се предмет на испитување, или со други зборови, законот не предвидува можност за ’тимско‘ одговарање на прашањата што се поставуваат за конкретното вештачење. Дотолку повеќе што согласно членот 360 од ЗКП, претседателот на судечкиот совет е должен да ги предупреди присутните во судницата да не го нарушуваат текот на расправата, па дури ’може да нареди од заседанието да се отстранат лицата кои како слушатели присуствуваат на главната расправа, доколку тие и по опомената го нарушуваат одржувањето на главната расправа‘“,велат од Коалицијата.

  

Понатаму, потсетуваат дека членот 389 од ЗКП предвидува дека сведоци и вештаци кои се испитани може да се отстранат од судница и потоа повторно да бидат повикани и да се испитаат во присуство на други сведоци или вештаци. Во конкретниот случај со рочиштата за „Ласкарци, според невладината, би било сосема оправдано ако судечкиот совет реши вештаците кои не се испитани да се отстранат од судницата, па ако има несовпаѓање на нивните искази потоа да бидат повикани сите заедно за да се соочат и утврдат причините за неконзистентноста на нивните искази. Сепак, нагласуваат набљудувачите, и во ситуација на соочување тие не би смеело да одговараат истовремено на исто прашање.

    

„На ова се надоврзува членот 387, став 4 од ЗКП согласно кој ’ако некоја од странките бара вештото лице да се испита на главната расправа, писмениот наод и мислење ќе бидат прифатени како доказен материјал само ако вештото лице кое го изработило вештиот наод и мислење дало свој исказ на главната расправа и била дадена можност да биде вкрстено испрашано‘. Во конкретниот случај, освен вештото лице кое било повикано да даде исказ пред Судот, ниту еден друг член од тимот на вешти лица кој бил присутен во судницата не смеел да одговара на прашањата што биле поставувани додека не биде повикан да сведочи, бидејќи на овој начин de facto се заобиколува можноста странките директно и вкрстено да ги испитаат сите вешти лица кои го изготвиле вештачењето. Ова е особено битно доколку се има предвид дека вкрстеното испитување е веројатно најголемата можност за дискредитација на вештото лице, односно дискредитација на изготвеното вештачење во целина, нешто што не е возможно да биде направено доколку истовремено се испитуваат сите вешти лица“,
реагираат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Од невладината апелираат судечкиот совет во случајот „Ласкарци“ со должно внимание да го следи текот на главната расправа и испитувањето на вештаците и доследно да се почитуваат и толкуваат релевантните одредби до ЗКП.
Вештите лица автори на машинското супервештачење треба да сведочат и утре кога повторно ќе одговараат на прашањата на обвинителот Дарко Јакимовски. По нив, во судница ќе треба да се испита и тимот од тројца сообраќајни инженери кои го изработија супервештачењето за сообраќајниот дел.

   

Најново

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје

Sase Ivanovski

Лога – Бомгартнер: Франција ќе ги поддржи реформите во правосудството

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: МВР ДЕНЕСКА ГО УАПСИ ЗАКАНУВАЧОТ КОЈ ГО ТЕРОРИЗИРАШЕ СКОПЈЕ СО ЛАЖНИ БОМБИ ВО УЧИЛИШТАТА, СЕ РАБОТИ ЗА 15 ГОДИШНО ДЕТЕ!

Sase Ivanovski

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

ФРАНЦИЈА ЌЕ ГРАДИ ШЕСТ НОВИ НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ: Францускиот парламент го поддржа владиниот план за нуклеарна обнова

Sase Ivanovski

ЛАДЕН ТУШ ЗА ПУТИН – Кина не сака повеќе гас од Русија, Ши не го потпиша договорот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“

Sase Ivanovski

Во Лондон меѓународна конференција за воени злосторства во Украина

Sase Ivanovski

По децениските молби на граѓаните, Неготино конечно доби успорувачи на брзина на улицата каде се случија многу сообраќајки

Sase Ivanovski

Мишел ги покани лидерите на ЕУ на самит, а главна тема утре ќе биде испораката на муниција за Украина

Sase Ivanovski

Зеленски во посета на војската во Бахмут: Благодариме што ја браните Украина!

Sase Ivanovski

Гир: Реформите во правосудството мора да напредуваат

Sase Ivanovski

Османи: Србија не го почитува договорот од Охрид

Sase Ivanovski

Приведен е градоначалник од партијата на Рама поради корупција

Sase Ivanovski

Основниот кривичен суд Скопје го доставил предметот „Титаник 2“ во Апелацискиот суд

Sase Ivanovski

Столтенберг: Сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Исплатен е субвенциониран студентски оброк за март

Sase Ivanovski

МОН: Од денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право

Sase Ivanovski

37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 13 возила упатени на вонреден технички преглед

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Sase Ivanovski

Владата, на предлог на МНР, ја кандидира Мирјана Лазарова-Трајковска за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Sase Ivanovski

Народната банка ги зголеми каматните стапки за нови 0,25%

Sase Ivanovski

Милатовиќ го обвини противкандидатот за претседателските избори Ѓукановиќ дека организирал физички напад врз него

Sase Ivanovski

Абазовиќ со поддршка за Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора

Sase Ivanovski

Тинејџер од Скопје украл велосипед вреден 1.600 евра, па го препродал

Sase Ivanovski

Изгорен стан во пожар кај зграда во Ниш: Тројца се задушиле од чадот

Sase Ivanovski

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Sase Ivanovski

Бектеши: Отворени сме за конкретни, но одржливи предлози од коморите

Sase Ivanovski

20 СТУДЕНТКИ ДОБИЈА СТИПЕНДИИ ОД ЛИМАК Ќе имаат и свои ментори кои ќе им помагаат да ги остварат своите амбиции

Sase Ivanovski

„Нискоградба“ до охриѓанецот Џепароски: Немаше доказ дека повредите се од пад во шахта

Sase Ivanovski

ОЈО: Сакал да внесе 43 килограми златен накит во Македонија, цариник му помагал

Sase Ivanovski

Велика Британија го отфрли тврдењето на Путин за муниција со осиромашен ураниум

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ се трансформира во нешто што и ние што сме од почеток не можеме да го препознаеме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АРСОВСКА: ЗА ТРИ ГОДИНИ НАД 90% ОД ОТПАДНИТЕ ВОДИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЧИСТЕНИ ПРЕД ДА СЕ ВЛЕАТ ВО ВАРДАР

Sase Ivanovski

ОКТА објавува конкурс за изработка на идеен проект за соларен полнач и паркинг за велосипеди

Sase Ivanovski

Врховен по коментарот од Стејт департментот: Да се објавуваат и неправосилните судски одлуки

Sase Ivanovski

ФОКУС: Тинејџери цицаат снус никотин, кој илегално се продава во киосци, родители бараат институциите да ги заштитат децата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каевски: Нашиот план е да разговараме со сите политички партии за уставните измени

Sase Ivanovski

Во Србија повлечена вакцината БСЖ поради сомнеж за нејзиниот квалитет

Sase Ivanovski

Охриѓанец обелоденува нови апсурди: Паднав во отворена шахта и сега мора да платам 200.000 денари зашто не сум гледал каде одам

Sase Ivanovski

„Југо“ излета од патот кај Кичево, загина 56-годишен сопатник

Sase Ivanovski

Исечени сите четири гуми на возилото на градоначалникот на Штип

Sase Ivanovski

Министерот Бочварски на средба со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ ДЕМАНТИРА ДЕКА ПРОПАДНАЛ КАМИОН ВО ФОНТАНАТА НА ПЛОШТАД: ПРОСТОРОТ Е ОГРАДЕН, СЕ РАБОТИ ЗА СТАРА ФОТКА

Sase Ivanovski

Ковачевски-Руе: Со поддршка од ЕБОР се реализираат клучни капитални проекти за забрзан развој на државата

Sase Ivanovski

ПОТЕГ ЗА РЕСПЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА – Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес ќе работи во општина и ќе биде дел од мојот тим!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Викарен епископ Стобиски г.Јаков: За бракот, телесните задоволства, промискуитетноста со кој младите се дрогираат со секс и допамин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Отец Јаков: Ако беше Црквата центар на моќ во земјава, како што велат, ќе имавме веронаука, а не ССО кое што наликува на порнографски сајт

Sase Ivanovski

32 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

Sase Ivanovski

ОВАА ЛУДА ИДЕЈА ДА НАПРАВИШ ПЛОШТАД КОЈ СТОИ НА ПЛАСТИЧНИ ДРЖАЧИ ЌЕ НЕ ПРОГОНУВА ДО БЕСКРАЈ: Пак пропадна камион на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На последната седница на советот на општина Кавадарци се дискутираше за одбележувањето на 80 години од убиството на 12-те ваташки младинци и за одлуките околу спомен обележјето…

Sase Ivanovski

ЈП „Колекторски систем“ годинава со 40 милиони денари ќе работи на санација и одржување на системот за заштита на Охридското Езеро

Sase Ivanovski

КИНА И РУСИЈА НАЈАВИЈА НОВА СТУДЕНА ВОЈНА СО ЗАПАДОТ – Си до Путин при неговото заминување: Доаѓа промена каква што не сме виделе 100 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Отец Јаков Стобиски: Законот за родова еднаквост е најголемото зло против жената

Sase Ivanovski

РОМАЛИТИКО: Антициганизмот главен предизвик за подобрување на состојбата на Ромите

Sase Ivanovski

„Нијагара“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска

Sase Ivanovski

Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава

Sase Ivanovski

Шаќири: За да се јавуваат добри автори хонорарот за пишување одобрен учебник го покачивме на 300.000 денари

Sase Ivanovski

Таткото на исчезнатиот Самоил нуди парична награда: Не изгубив точак, туку дете

Sase Ivanovski

СУДБИНАТА НИКОГАШ НЕ БИЛА ЛЕСНА ЗА БРАЌАТА БОСАНЦИ: Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Sase Ivanovski

Ќесето на одбраната ќе треба да се одврзе повеќе

Sase Ivanovski

Педесетте години на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот ќе се чествуваат со голем меѓународен симпозиум на престижниот ИНАЛКО во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРАВО: СКОПЈЕ ДОБИВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВРЕДНА 130 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОНАЦИЈА ОД ЕУ, ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО ЕУ

Sase Ivanovski

Петровска од безбедност форум Шуман: Сега е суштински важно ЕУ да ги зацврсти партнерствата а на земјите кандидатки да им се овозможи да го продолжат процесот на интеграција во духот на вредностите на Унијата

Sase Ivanovski

Андоновски: Извештајот на Стејт департментот е најкритички, Владата е најкорумпираниот елемент на државата

Sase Ivanovski

МВР и ЗНМ со протокол за безбедност на новинарите на интернет

Sase Ivanovski

(ФОТО + ВИДЕО) Митева: Груби излажа, ова е доказ дека директно преку неговото министерство исплаќа пари на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби

Sase Ivanovski

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Како МВР сузбива диви продавачи на марули, а повратници од ИСИС и членови на нарко кланови не се следат во рамките на “Безбеден град“?!

Sase Ivanovski

Во Бангладеш работат за 5.000 денари, ќе им биде ли Македонија ветената земја?

Sase Ivanovski

215 санкционирани возачи во Скопје: 74 за брзо возење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАЛА ТИ ЗАЕВ: НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО ДРЖАВАТА Е ШТО ГРУБИ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ НАЈАВИЛ МИТИНГ НА ДУИ

Sase Ivanovski

Во Собранието се одржа Работилница на тема Млад франкофонски парламент – Франкофонијата значи вредности, човекови права, мир, надеж за подобро утре

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта

Sase Ivanovski

Летното сметање на времето започнува на 26 март

Sase Ivanovski

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со торта нападнат заменикот на Курти поради Заедницата на српски општини

Sase Ivanovski

Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии

Sase Ivanovski

Приведен крадец, следува пријава против него и лицата кои му помагале

Sase Ivanovski

Талевски: Десет дена молк по тешката хаварија на БЛОК 3

Sase Ivanovski

СДСМ БИТОЛА: На што точно потроши лани 30 милиони евра градоначалникот Тони Коњановски?

Sase Ivanovski

Leave a Comment