Ана Карова кобната вечер била во дискотеката каде се случи трагичниот пожар во кој животот го загубија 59 лица, а десетици се повредени. Таа на фејсбук објави потресно сведоштво, дека кога се случил пожарот и кога таа молела за помош, полициско лице одбило да и помогне. Сето тоа го потврдува и нејзината мајка, споделувајќи статус дека обезбедувањето најмногу им помогнало на жртвите.
„Каде ли живееме народе?
Каде се луѓето кои треба да се ГРИЖАТ за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?! Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и не гледаа…
Извикувам:
-Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух!
А личноста која го носи називот ПОЛИЦАЕЦ ме фаќа за рака и ми вели:
-Не бива!
Се потргнува и не гледа. Само очај во моите очи имаше ОЧАЈ!
СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Само Бог не чуваше во тој кобен момент. Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ? Не заслуживме ние вака…мислевме дека ќе се грижите за нас! Од мали се угледувавме на Вас полицијата…во вода пропадна тој наш детски сон, дека полицаецот е херој… НЕ НИЕ СМЕ ХЕРОИТЕ, А ВАС СРАМ ДА ВИ Е ШТО ГОРДО СЕ НАРЕКУВАТЕ СПАСИТЕЛИ! Од ова ги исклучувам на прсти изброените полицајци кои помагаа.“, пишува Карова на фејсбук.
Ова пак е статусот на нејзината мајка Анета Карова, која го потврдува сведоштвото на нејзината ќерка.