26.8 C
Скопје
12/06/2025 19:09
МАКТЕЛ

   

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на настанот за промоција на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата како дел од сеопфатната реформа на безбедносниот сектор во нашата држава, организиран од страна на Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, со што се заокружи проектот за изработка на Родовиот акциски план 2024 – 2028. Зборувајќи како жена, претседателка на државата и врховна командантка на вооружените сили, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека вистинската борба на жените, припаднички на Армијата, не почнува во мисиите во коишто учествуваат и еднакво се жртвуваат, туку во нивните сопствени редови, како борба за еднакви услови за работа и за третман, усогласување со семејните обврски, а за жал и борба за еднакво вреднување и напредок.

Третирајќи го прашањето на промовирање на родовата еднаквост како прашање на националната безбедност, претседателката потсети дека промовирањето на родовата еднаквост не подразбира давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите, при што мора солидарно да се израмни патот и да се отвори простор за извонредност, без оглед од каде таа доаѓа, бидејќи Министерството за одбрана и вооружените сили коишто целосно ја одразуваат различноста и ползуваат сечии вештини, ќе бидат сила подготвена за секоја мисија или предизвик во иднина. Во продолжение, интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Почитувани претставници на Армијата, Почитуван министре за одбрана, Почитуван началник на Генералштабот, Почитувани партнери од ДЦАФ, Почитувани гости, Дами и господа,

   

Моето денешно присуство овде, меѓу вас, го сметам за привилегија и резултат на мојата цврста лична заложба – да учествувам во унапредувањето на еднаквите можности, родовата сензитивност и инклузивната институционална култура во одбранбениот сектор. Денес, таа моја заложба ја реализирам, заедно со министерот за одбрана, кој ме изненади синоќа со прекрасните резултати, преку промоцијата на два клучни документи: наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата како дел, како што чувме, од сеопфатната реформа на безбедносниот сектор во државава.  Без проценка – нема реформи, без дијагноза – нема терапија. Ова се неопходните први чекори за промени, иако некој може да забележи дека самоевалуацијата не е вистинска евалуација, дека евалуацијата однадвор е пообјективна. Се разбира и таква постои.

Станува збор за настан, овој во кој учествувам, со којшто се заокружува првата самопроценка од оваа област во земјава, но и на Балканот, за што јас, еве сакам да изразам особена благодарност до Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, како и до сите учесници во овој процес. Како претседателка и врховна командантка на вооружените сили, многу убаво звучи во женски род, кон родовите прашања во Армијата и во одбраната не се однесувам само како набљудувачка, туку како актерка. Секоја жена којашто остварила одреден напредок во својата кариера во било која област, особено ако станува збор за успех во т.н. традиционално „машка“ област, вештачка синтагма, ќе се присети на оној за мене тивок, а неретко и гласен сомнеж во нејзините способности, ќе се соочи со скептицизам па и со осудувачки погледи на нашиот трнлив пат, наречен „професионален развој“ и замислете, сето тоа за да не биде гледана, перцепирана како жена претседател, жена војник, нема изгледа ни именка во женски род или жена генерал, туку единствено како личност на претседателската, војничката или генералската должност. Личности сме ние како и сите луѓе.

Искрено, кога ќе прочитам дека дел од нашите одбранбени сили се соочуваат со вакви предизвици и бариери, не само што го разбирам, туку јас добро го познавам тоа чувство. Жалам што, за многу жени во одбраната, без оглед дали се дел од Министерството или од воените структури, вистинската борба не почнува во мисиите во коишто учествуваат и еднакво се жртвуваат, туку во нивните сопствени редови, како борба за еднакви услови за работа и за рамноправен статус, како борба за усогласување на професионалниот живот со семејните обврски, а за жал и борба понекогаш за еднакво вреднување на трудот и напредокот. Почитувани, Самопроценката, сама по себе, е чин на искреност кон себе, но и кон другите, на одговорност, на отчетност, но и на растеж и јас мислам дека не секој и секогаш е подготвен на тоа. Ние сме подготвени. Таа не е брз поглед во огледалото, туку е длабока интроспекција, фокусирање на сржта на институцијата или организацијата на којашто ѝ припаѓаме и којашто ја сакаме и сакаме да ја негуваме. Токму затоа, за мене Акцискиот план којшто произлегува од ваквата самопроценка има специфична тежина и има поинаква димензија – се темели на автентичното и интимно чувство на секој од нас за нашата улога во институцијата и ја одразува нашата искрена желба за нејзин развој и за нејзин раст.  

Неспорно е дека не е доволно институционалната култура на инклузивност само да се регулира со закон, мислам дека институционалната култура мора да се живее. Родовите стереотипи се длабоко вкоренети и потребен е труд и личен пример за да се искоренат. Затоа јас сум денеска овде. Но, не е доволен ни личниот пример, туку е потребно нешто што јас честопати сум им го замерила на жените – солидарноста, женска солидарност, женско сестринство, да не зборуваме повеќе за „успешни мажи зад кои стојат добри жени“, туку успешни мажи и жени коишто чекорат заедно, свесни дека дискриминацијата еднакво ја чувствуваат, но не секогаш на иста основа, но со еднаков разорен ефект. Затоа силината и важноста на овој момент лежат во нашата волја да се соочиме со сите предизвици заедно, и мажите и жените, а тоа го правиме, не заради некој надворешен фактор или заради убавата слика, небаре е Доријан Греј, туку затоа што така е правилно и така е добро.  Кога ги игнорираме или ги потценуваме способностите на луѓето заради нивниот пол, всушност ги ослабнуваме сопствените капацитети. Кога унапредувањата во која било  област, па и во Армијата, се вршат врз основа на некои застарени претпоставки, тогаш буквално ги испуштаме од раце оние што можат да ја обликуваат иднината или ако сакате во најмала рака, да внесат нов и поинаков дух во начинот на управувањето и менаџирањето, односно во начинот на којшто се работи во овие институции.

Тука доаѓам до едно прашање на кое му посветувам особено внимание. Иако денес жените се присутни во речиси секој армиски род, сепак се многу ретко или поретко, да бидам поумерена, присутни на раководна, водечка или командна улога. Го гледам началникот пред мене и знае колку сум досадна кога велам: чекам предлози за жени генерали. Оваа нерамнотежа испраќа една суптилна порака дека иако жените се прифатени како дел од Армијата или безбедносните структури, не секогаш се добредојдени и на врвот, токму како резултат на одредени застарени концепти, за мене налик на некакви бирократски Гордиеви јазли што мора да се пресечат со нови, современи решенија. Јас ветувам дека како претседателка ќе дадам сè од себе да помогнам во тој процес. Почитувани припадници на Армијата, Промовирањето на родовата еднаквост според мене не подразбира давање предност, туку отстранување на пречките и овозможување еднаков третман за сите. Ние мора да го израмниме патот и да отвориме простор за извонредност, без оглед на тоа од каде таа доаѓа. Јас уште во мојата кампања најавив дека имам амбиции за отворање на национален центар за извонредност и очекувам тука помош од нашата претставничка, заменичката во НАТО, Радмила Шекеринска, мислам дека може да ни помогне. Не станува збор за идеологија, туку за национална безбедност бидејќи Министерството за одбрана и вооружените сили, коишто целосно ја одразуваат различноста и ползуваат сечии вештини, сигурна сум дека ќе бидат сила подготвена за секоја мисија или предизвик во иднина. На крај, би сакала да им честитам и да им заблагодарам на кои учествуваа во овој процес, да ги охрабрам да продолжат во истиот правец, со дела, а не само со зборови, вклучувајќи ме и мене. Начинот на којшто донесуваме одлуки, начинот на којшто правиме акциски планови и ги реализираме, е марш кон нашата иднина. Не велам маратон зошто имаме и друг маратон – евроинтеграциски. А, вие, одбравте вистински начин, свесни дека силата се гради со еднаквост, а јас сум убедена дека силната, правична и единствена Армија е темелот на секоја држава.

   

Најново

Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

Sase Ivanovski

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Sase Ivanovski

Полицијата е недостапна на 192

Sase Ivanovski

Полицаец од Зелениково ќе одговара, пијан дивеел низ Кисела Вода

Sase Ivanovski

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј на изборот за митрополит

Sase Ivanovski

Ако има каква било иницијатива за средба Давкова-Жељазков во Хаг, таа треба да се прифати, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Над 20 пожарникари со седум возила го гаснат пожарот во Вардариште

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Американец пронајден мртов во Претор

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на странски туристи, најбројни се од Турција и Германија

Sase Ivanovski

Комплексот „Македонско село“ од 23 јуни ќе биде отворен за посетители

Sase Ivanovski

Политичката блокада во Косово продолжува – решение се избори?

Sase Ivanovski

Со новиот закон ќе се намали бројот на казина, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонија од САД ќе прифаќа само депортирани македонски државјани

Sase Ivanovski

МВР ѝ ја одзеде лиценцата на „Рубикон“, агенцијата за обезбедување на Нацев од ВМРО-ДПМНЕ што го чуваше „Пулс“

Sase Ivanovski

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski
Вчитувам....