17.8 C
Скопје
19/06/2025 00:00
МАКТЕЛ

   

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области. Оценувајќи ја работата на Македонија 2025 како обединувачка, плодна, успешна и корисна, таа информираше за процесот на формирање Совет за дијаспора како институционален облик на соработка и постојана комуникација со дијаспората, којашто ќе овозможи нејзина интеграција во македонските работи. За исклучителна научна работа признание доби д-р Светлана Мојсов, светски позната професорка на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, која остави длабок и траен белег врз модерната медицина.

   

Признание за извонредната поддршка и медицинска помош доби Хуманитарното здружение „ЛецКер  а.с,б.л.“ (LetzCare a.s.b.l) од Луксембург, а наградата ја прими неговиот претседател Сафет Алили. За претседателката хуманоста и солидарноста се вградени во нашиот код и крунисани со животната приказна и дело на Мајка Тереза. „Очекува“, рече таа, „ова признание да инспирира и многу други нашинци на правење хумани дела, особено важни за најранливите сограѓани“. Сиљановска-Давкова истакна дека давањето признание на личности и организации од дијаспората е етички и морален чин на вреднување на добрите дела и докажување на нераскинливото заедништво со нив.

На средбата со Бордот на директори, по успешните, но и емотивни приказни на врвни бизнисмени и истакнати претставници на дијаспората се потенцираше важноста на негувањето и пренесувањето на чувството на припадност од генерација на генерација, како неопходно во зачувувањето на националниот идентитет. Таа истакна дека со „Македонија 2025“ споделуваме иста визија: да станеме компетитивен регионален економски играч, да имаме енергетска сигурност, да бидеме држава со успешен образовен и научен систем, поврзан со вештачката интелигенција и дигитализацијата, да градиме еколошка и правна држава, со силно граѓанско општество и демократска јавност. Укажувајќи на светскиот и европскиот амбиент на неизвесност од секаков тип, од мировен до еколошки, таа ја нагласи потребата од соработка, единство и зацврстување на односите со дијаспората во сите сфери, интегрирајќи ја во македонското општество. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова:

Почитувани членови на „Македонија 2025“, Почитувани припадници на македонската дијаспора, Почитувани гости, Дами и господа, Оваа церемонија е во пресрет на почетокот на традиционалниот самит „Македонија 2025“ на којшто ќе дебатираат премиерот, министри, еминентни бизнисмени, експерти, претставници на државни органи и на институциите, членови на академската заедница, со цел да споделат знаења, видувања, искуства и вештини, како и да промовираат идеи и визии. А, визијата на „Македонија 2025“ е и наша визија: да бидеме компетитивен регионален економски играч со просперитетна економија, што се развива во амбиент на енергетска сигурност, да бидеме држава со добар образовен и научен систем, поврзан со вештачката интелигенција и дигитализацијата, да бидеме еколошка држава, правна држава, потпрена како што јас понекогаш потсетувам, на Веберовиот модел на стручна и компетентна државна и јавна администрација, со почитувана епистемолошка заедница којашто, за жал, денеска заминува надвор, да имаме развиено граѓанско општество и демократска јавност.

Зачекоривме во 2025 и оваа година е вистинскиот момент за евалуација на резултатите и на дострелите на „Македонија 2025“, во предвечерието на Сизифовската работа којашто нè очекува во остварувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Во светски и европски амбиент на неизвесност од секаков тип, од мировна до еколошка, логичен императив е да си го обединиме сиот социјален капитал, да избегнуваме меѓусебни конфликти, да стимулираме соработка и единство, да ги зацврстиме односите со дијаспората во сите области, да ја интегрираме во македонското општество и во неговото ткиво во областите во коишто е најнеопходна, најстручна, но и најзаинтересирана.  За реформи е потребен домашен политички договор, но и договор со ЕУ и со нашите стратешки партнери, како и со дијаспората заради нејзината докажана креативност и капацитет во острата конкуренција во меѓународниот економски поредок, но и во културниот натпревар на државите, нациите и на поединците.

Се разбира, наша најголема национална обврска е да си го чуваме, браниме и негуваме националниот идентитет и неговиот интегритет и дигнитет. Да не се откажуваме од етичките вредности и принципи, да ги почитуваме, ако сакаме да се повикуваме на нив, кога другите ги кршат кон нас. Да не го забораваме општото добро – res publica и да не го жртвуваме за личните и за колективните интереси. Верувам дека признанието оди во вистински раце, кај заслужни добитници кои персонифицираат врвно, меѓународно валоризирано знаење и успех, но и посветеност, хуманост, солидарност и патриотизам.  Драги пријатели, Сакам да испратиме јасна порака дека давањето признание е чин на признавање дека ги чувствуваме и ги препознаваме лауреатите како наши, ги цениме и вреднуваме нивните дела, остварувања и успеси и кога не се постојано до нас, зашто секогаш се со нас, каде и да се.

Ние сме во нераскинлива врска со нашата дијаспора, од која генерација и да е: прва, втора, трета, следната. Како мала држава, со повеќе луѓе надвор, одошто дома, енергетски зависна и економски упатена кон регионалниот, европскиот и светскиот пазар, имаме насушна потреба од динамични и блиски врски со нашинците во странство. Веќе реков, без разлика за која генерација станува збор, врските мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат. На генерациите родени и школувани далеку од земјата на нивните предци, не е доволно да им се доближи татковината како историја, како мит или како легенда, туку како вистинска, жива, реална приказна со светла и сигурна иднина. Се разбира, не треба да западнеме во илузионизам и да забораваме дека нашинците имаат две татковини, ниту да негуваме стереотипи: позитивни или негативни. Реалноста покажува дека заемната соработка дава плодови тогаш кога придобивки од неа имаат сите инволвирани и засегнати страни и субјекти.

На крајот, би сакала да ви предочам дека Кабинетот е во процес на формирање Совет за дијаспора како институционален облик на соработка со неа, како мост и канал за постојана комуникација со дијаспората. Јас, лично, но и мојот Кабинет ви стоиме на располагање за промоција, поврзување, посредување, презентирање, консултирање, информирање, поддржување, интегрирање со домашните субјекти од различен тип и во различни области. Сакам да ја споменам нашата работа на Дигиталниот регистар на најуспешните во дијаспората, како неопходна алатка за поврзување, вмрежување и стратешко вклучување на дијаспората во развојните процеси во татковината. Со неа целиме кон мапирање на научниците и експертите, политичките и бизнис-лидерите, културните и спортските дејци како вреден потенцијал и извор на ум, знаење, вештини и искуство, неопходни за креирањето програми и политики. Се разбира, соработката со „Македонија 2025“ ќе продолжи во започнатите проекти, како што е традиционалниот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“, којшто е доказ дека соработката е можна, корисна и посакувана од најраната возраст, оти младите се нашата иднина во која треба да инвестираме.  Со ум и од срце, ви благодарам за поддршката, ви честитам на признанијата од „Македонија 2025“ и ве охрабрувам за понатамошна соработка и успеси!

   

Најново

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Sase Ivanovski
Вчитувам....