Дали знаете дека…. Од 30 октомври 1925 година, бр. 2816, постои документ од Душан Т. Симовиќ за почетоци на градба на скопскиот аеродром кој се чува во Државниот архив во Скопје.
Првиот скопски аеродром почнал да се гради 1925 на широка рамнина, на три километри југоисточно од градот, на патот до Лисиче, проектант беше главниот авијациски архитект, академик, инженер, математичар и астроном со светско реноме, Милутин Миланковиќ. За тоа време бил прекрасен објект со контролна кула, метеролошка станица и голема писта „Аеродром Скопје“ беше официјално пуштен на Видовден, на 15 јуни 1928 кога слета првиот патнички авион, купен во Франција „Потез-29“ на авиокомпанијата „Аеропут“ со 5 патници на промотивната релација Белград – Скопје – Подгорица – Мостар – Сараево – Белград. Првиот пилот на тој авион бил Михаил Јерошенко, руски емигрант.
Аеродромот во Скопје беше втор по големина во тогашната држава веднаш по аеродромот во Земун.
Првата постојана воздушна линија од аеродромот во Скопје била воведена на 21 август 1929 година на релација Загреб – Белград до Скопје. Од своето основање, аеродромот добива меѓународна класификација која ќе овозможи меѓународен воздушен сообраќај веќе од 1 јули 1930 со продолжување на линијата Загреб – Белград – Скопје до Солун, а од мај 1, 1933 до Атина.
На 13 април 1930 британското „Кралство воздухопловство“ воспоставило врска помеѓу Лондон и Индија. Слетувањето во Скопје било задолжително.
Еми Џонсон со мал авион „џипси мос“ на 5 мај 1930 полетала од аеродромот „Крејдон“ во Лондон, кон градот Порт Дарвин во Австралија. Откако поминала шест недели во Џонсон се вратила со брод во Египет. Нејзиниот мал авион е спакуван во делови и со брод испратен за Англија.
На скопскиот аеродром славната Еми Џонсон слетала на 3 август, нешто по седум часот, со авионот на „Империјал ервејз“, кој го носел името „Сити оф Глазгов“. Кога слегла од авионот со својата придружба, прв ѝ пришол градоначалникот на Скопје, г. Јосиф Михајловиќ. Ја поздравил на англиски.