За следниот месец, според Скрекас, планирани се субвенции за електрична енергија во висина од 435 милиони евра за домаќинствата и бизнисите.
Поголемиот дел од износот доаѓа од иновативниот механизам за наплата на зголемените приходи на производителите на електрична енергија, што грчката Влада го спроведува од јули минатата година и до денес донесе над 2,5 милијарди евра, истакна Скрекас.За сметките за струја соопшти дека предвидена е субвенција од 221 евро за мегават час за потрошувачка до 500 киловат часови за домаќинствата; за потрошувачка меѓу 501 и 1.000 киловат часови субвенцијата е 171 евро за мегават час, додека пак за месечна потрошувачка од над 1.001 киловат часови, владината субвенција е 81 евро за мегават час.За корисниците на природен гас субвенцијата е 15 евра по термички мегават час за сите домаќинства.Мерките на грчката Влада за поддршка на граѓаните и бизнисите за декември во однос на сметките за електрична енергија и природен гас се однесуваат на сите, без никакви критериуми и без разлика на висината на приходите.Скрекас истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува домаќинствата и бизнисите додека трае енергетската криза и остануваат на нивната заложба дека „оваа зима никој нема да остане незаштитен“.