Кристина Еплгејт (50) денеска го прослави поставувањето ѕвезда во нејзина чест на Булеварот на славните. Таа се појави со бастун и боса.
Еплгејт изјави дека е можно нејзината кариера да заврши поради нејзината непрекината борба со мултиплекс склероза. Болеста ѝ беше дијагностицирана во 2021 година, а потоа нејзиниот живот прилично се промени.
Кристина Еплгејт (50) денеска го прослави поставувањето ѕвезда во нејзина чест на Булеварот на славните. Таа се појави со бастун и боса. Актерката неодамна изјави дека поради болеста се здебелила и дека не може да оди без бастун.
Неодамна актерката даде интервју за „Варијети“ каде изјави дека ликот на Џен Хардинг што го толкува во „Dead to Me“ е многу веројатно последниот што таа ќе го глуми.
„Со мојата болест, не знам колку сум способна. Но, ова беше подарок, ова беше подарок за мене“, рекла таа.
Таа открила и дека од Нетфликс имале разбирање за нејзината состојба, дека екипата дури го менувала снимањето ако денот не бил добар: „Ако им се јавев наутро и им кажев: ‘Друштво, не можам да се симнам по скалите’, тие велеа: „Во ред! Нема да го правиме тоа денес. Ќе правиме други работи“.
Нетфликс е исто така вклучен и сака да ѝ помогне на актерката да оздрави: „Нетфликс дури ни дозволи да земеме пауза неколку месеци за да можам да започнам со лекување“.
Но, крајот на нејзината актерска кариера можеби не е крај на нејзината професионална кариера бидејќи има многу можности во Холивуд, да продуцира, да пишува и многу други работи што таа може да ги прави додека се бори со болеста.
„Би сакала да развивам работи, би сакала да произведувам работи, имам многу идеи во мојата глава и само треба да ги спроведам“, рекла таа.