Доктор Мемеди вели дека модриците се на раката во делот каде што една од медицинските сестри го држела бебето, додека другата го боцкала, а дека тромбоцитопенијата која била претходно констатирана во наодот немала улога, затоа што крвната слика била повторно направена и немало веќе намалени тромбоцити.
Двајцата други доктори пак, не се согласуваат и ни рекоа дека кога постои тромбоцитопенија, можно е да се случи да се појават модрици и има поголема осетливост, а бебето во конкретниот случај било склоно и кон крвавења.Директорот Мемеди денеска на Клиниката ќе се состане со стручната комисијата и ќе биде сослушана медицинската сестра обвинета од страна на семејството дека на бебето му предизвикала модрици намерно, како одмазда што мајката не знаела македонски јазик. Мемеди за „Слободен печат“ изјави дека одлуката на комисијата ќе биде позната денеска и ќе биде споделена со јавноста.
Но, информацијата потврдена со медицински наод за тромбоцитопенијата кај бебето, му дава сосема нов тек на целиот настан – дека тој има медицинско оправдување, а не меѓуетничка заднина. Според нашите информации, дел од членовите на Комисијата денеска на Мемеди ќе му кажат дека не сакаат да бидат дел од неа, бидејќи сметаат дека случајот е конструкција и дека секое идно незадоволство на некое семејство може да биде злоупотребено во меѓуетнички цели. Инаку, на чело на одделот каде што било сместено бебето докторката е Албанка, па сигурно таа не би го дозволила наводното малтретирање на бебето, коментираат наши извори од КлиникатаЦелата сторија на Мирослава Симоновска на слободен печат мк.