10.9 C
Скопје
28/03/2025 00:21
МАКТЕЛ

    

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: СДСМ се откажува од тројца носители заради коалиција со Ахмети и Села?

      

Расположението во ДУИ е и на претседателските и на парламентарните избори да одат самостојно, односно во коалиција со ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и на Скендер Реџепи. Сепак, на средбата Ахмети – Ковачевски ќе биде јасно дали е можен заеднички парламентарен настап, откако ДУИ веќе пресече дека ќе има свој претседателски кандидат.

На финалната средба која треба да се одржи до крајот на неделава, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ДУИ Али Ахмети со заеднички листи да настапат на парламентарните избори и ќе бара поддршка за претседателскиот кандидат на СДСМ во вториот изборен круг, откако стана јасно дека ДУИ ќе излезе со свој кандидат за шеф на државата, вели за „Слободен печат“ висок функционер од СДСМ. Ковачевски не се откажува од „Eвропскиот фронт“ и на одделна средба ќе се види и со Зијадин Села, лидер на дел од Алијанса за Албанците, за заеднички настап на парламентарните избори.Дека неделава ќе има средба меѓу Ковачевски и Ахмети, за конечно владините партнери да утврдат како ќе настапат на двојните избори, потврди и вицепремиерот Артан Груби во гостување на „360 степени“.

Според функционерот на СДСМ што нè брифираше, на средбата Ковачевски и Ахмети ќе анализираат што покажуваат анкетите и сондажите и ќе пресечат за изборниот настап. Анализите на СДСМ покажале дека попрагматично е владините партнери да настапат на заеднички листи како Европски фронт, односно дека поради Донтовиот модел на пресметка, тоа ќе им овозможи поголем број пратеници отколку самостојно да одат на изборите.

   

Неофицијално, за да ги придобие ДУИ и Алијанса на Села за заеднички настап, СДСМ е подготвен тројца носители на листи да бидат од партиите на Ахмети и на Села. Ова би значело ДУИ да има носители во Шестата и во Втората изборна единица, а Села да ја добие Петтата изборна единица. Сепак, ова е помалку возможна варијанта, бидејќи, како што вели функционерот, ако во шестката“ не е спорно носител да биде ДУИ, во „петката“ е симптоматично, бидејќи Алијанса на Села има поддршка во Струга и во Кичево, но не и во Битола, Охрид и Ресен. Или, пак, во „двојката“, каде што и на СДСМ и ДУИ им е битно да имаат носители на листи. Оттука првата понуда ќе биде СДСМ, ДУИ и Алијанса на Села да одат со т.н. коносители на листи. СДСМ на избори еднаш веќе одеше со коносители на листи, но од својата партија. Ако за ДУИ и за Алијанса на Села ова е прифатливо, тоа ќе значи дека за секоја изборна единица ќе има двајца носители на листи. На пример, во „шестката“ носител да биде Ахмети, со коносител од СДСМ или од Алијанса. Во кампањата и на митинзите ќе се обраќаат двајцата носители и двајца ќе бидат еднакво застапени на билбордите.

Што се однесува до претседателскиот кандидат, СДСМ веќе нема да настојува на поддршка од владините партнери уште во првиот изборен круг, но битно им е да обезбедат од Ахмети и од Села гаранции дека нивниот кандидат ќе ја има поддршката во вториот изборен круг. Според тоа, речиси е извесно дека СДСМ на претседателските избори ќе оди со Стево Пендаровски, кој како консензуален кандидат пред пет години ја доби поддршката од ДУИ.

Расположението во ДУИ е и на претседателските и на парламентарните избори да одат самостојно, односно во коалиција со ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и на Скендер Реџепи. Сепак, на средбата Ахмети – Ковачевски ќе биде јасно дали е можен заеднички парламентарен настап, откако ДУИ веќе пресече дека ќе има свој претседателски кандидат.

Талат Џафери, Али Ахмети Фото: Фејсбук Џафери

Џафери: Ахмети нема да прифати да биде кандидат

Груби во интервју за „360 степени“ ги потврди информациите на „Слободен печат“ дека сопартијците го убедуваат Ахмети да биде претседателски кандидат. Идејата тој да биде кандидат на ДУИ за шеф на државата е на ДУИ и на гласачите. Според Груби, ДУИ сè уште нема одлука кој ќе биде нивниот кандидат за претседател на државата, бидејќи прашањето не е дискутирано во партиските органи. Тој вели дека убедувањето на Ахмети за кандидат за шеф на државата оди тешко, зашто нивниот лидер сметал дека во политиката не е заради функции, туку заради мисија.

– Идејата е на сите нас, на ДУИ, на гласачите. Државата заслужува Али Ахмети да биде претседател. Го знаете неговиот став: јас сум мисионер, не сум функционер. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети – вели Груби.

И техничкиот премиер Талат Џафери изјави дека смета оти Ахмети нема да прифати да биде кандидат.

– Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција, колку што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. Неговата мисија е Европа, Европската Унија и си работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет натпреварување по однос на носењето на која било функција. Да сакал функција, можел да има која било функција во овие 22 години – рече Џафери.

Според Груби, во ДУИ има многу имиња што би можеле да бидат претседателски кандидати, почнувајќи од потпретседатели на партијата, секретарите, ветераните и непартиски членови. Груби смета дека Бујар Османи би можел да биде одличен претседателски кандидат.
Вицепремиерот ја потврди информацијата на „Слободен печат“ дека првичната идеја била сите партии на Албанците да излезат со заеднички непартиски кандидат за шеф на државата, но дека по кандидатурата на лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, таа идеја пропаднала.
Функционери на ДУИ на Фејсбук веќе почнаа кампања за претседателскиот кандидат. Со фотографија на лидерот порачуваат: „Ахмети носи голема вест“.

Ахмети. Фото: Фејсбук

Алијанса на Села сè уште е за самостоен настап на изборите

Од Алијанса на Села за „Слободен печат“ велат дека засега останува на сила одлуката на Централното претседателство за самостоен настап на изборите. Сепак, велат дека се растрчани меѓу базата и дека за изборниот настап ќе одлучи членството. Партијата уште не донела одлука ни дали ќе истрча со свој претседателски кандидат.
Груби ја потврди и информацијата на „Слободен печат“ дека ако ВМРО-ДПНЕ победи на изборите, услов на повеќето партии на Албанците ќе биде прво да се донесат уставните измени, а потоа да се формира влада.

– Разговараме во моментов дека слично како и во 2011 година. Не знам дали се сеќавате, кога некои тешки одлуки се донесоа откако се конституираше Собранието, а пред да се формира владата, како што беше автентичното толкување на Законот за амнестија и Законот за јазици. Истото треба да се повтори и по овие избори – пред да се формира која било влада, да се изгласаат уставните измени – рече Груби.

Тој повтори дека ДУИ има црвени линии од кои нема да отстапи, а тоа се гласањето на уставните измени, како и прифаќање на Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....