17.8 C
Скопје
19/06/2025 00:27
МАКТЕЛ

   

Случај Крмзов: Обвинувања за шверц, долгови кон УЈП и блокирани банкарски сметки!

      

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој е опфатен со предистрагата за даночно затајување и перење пари, поседува(л) повеќе компании, од кои дел беа обвинувани од опозицијата за шверц на брендирана текстилна роба, додека, според проверките што ги извршивме, некои од нив имаат активни долгови кон УЈП по основ на неплатен ДДВ и данок на добивка, како и блокирани банкарски сметки.

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, чии фирми се опфатени со проверките во рамки на предистражната постапка за испитување на сомнежите за постоење на даночно затајување и перење пари, во изминативе години бил дел од медиумски стории и написи, но во неколку наврати бил споменуван и од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додека партијата била во опозиција.

„КРИУМЧАРЕЊЕ ЛУКСУЗНИ СТОКИ“…Уште во текот на 2020 година, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција реагираше по одредени медиумски написи и сознанија, според кои во периодот додека, како што рече, граѓаните се справувале со пандемијата на коронавирусот, институциите водени од функционери на тогаш владејачката СДСМ „толерирале сомнителни работења и криумчарења луксузни стоки од страна на блиски соработници на семејството Заеви.

   

Јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камион во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов. Инаку, „Винас текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и автоделовите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата – рече Арсовски.

Како што посочи тогаш вмровскиот портпарол, информациите со кои располагале им откриле дека половина од раководството на Министерството за внатрешни работи се јавувало кај началниците на полициската станица Шуто Оризари и во Чаир, со цел, според него, да се интервенира камионот да биде пуштен без никаков прекршок.

Исто така, според нашите информации, иако бил известен и повикан инспектор од секторот за економски криминал, тој истиот не отишол на увид во полициската станица кај што бил паркиран запленетиот камион, бидејќи му било наредено од раководни лица од министерството негови претпоставени да не излегува на увид и да го заташка целиот случај. Затоа истиот не излегол на увид. Ова е класичен пример за заташкување на шверц, за кој постои сомнеж дека е вмешано семејството Заеви. Дали секторот за внатрешна контрола ќе отвори случај за тоа кој интервенирал да се ослободи запленетиот камион? – праша тој.

МАЛВЕРЗАЦИИ СО ПОВРАТ НА ДДВ…Нешто подоцна во текот на истата 2020 година, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека 5 поврзани фирми за 4 месеци, по основ на поврат на ДДВ, испумпале од буџетот над 5 милиони евра. Притоа, преку другиот партиски портпарол, Наум Стоилковски, партијата праша дали сите овие фирми се поврзуваат со веќе споменатиот Крмзов, во чија сопственост е и фамозната „Вила Парк“ во Струмица, или, според него, омиленото место на Заеви?

Се работи за добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски суми. Дали фирмите „Арена метал“, „Џокс премиум“, „Нетком плус“, „Сакаов транс“ и „Винас текстил“ (погоре спомената) имаат вкупен поврат на ДДВ за само 5 месеци во 2020 година од фантастични 320 милиони денари или 5 милиони и 215 лијади евра?

Дали во овие фирми вкупниот поврат на ДДВ ги надминува сите уплати во трезорот по сите основи? Дали во овие фирми повратот на ДДВ за 4 месеци е поголем од најголемите странски инвестиции во Македонија иако овие фирми не се извозни односно имаат нула извоз во 2020 година? Дали на пример вкупниот промет на фирмата „Сакаов транс“ за 2019 година е околу 850 илјади евра, а повратот на ДДВ за само 4 месеци е поголем од тоа и дали постои фирма во Македонија способна да има толкави залихи?

Дали кај овие фирми УЈП врши контроли и колку се тие контроли веродостојни? Дали царинската управа може да докаже дека роба во вредност од над 25 милиони евра за само 4 месеци е увезена во Македонија од страна на овие фирми и дали за истата е платена царина? И финално дали за сите овие фирми се поврзуваат со контроверзниот струмички бизнисмен Ристо Крмзов во чија сопственост е и фамозната „Вила Парк“ омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет? – праша Стоилковски.

РАСТ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА…Инаку, дел од споменатите компании беа опфатени со сторијата објавена во неделникот „Фокус“ на средината на 2021 година, кога пишувавме за компаниите што имале најголем раст во претходната 2020 година, која, патем речено, беше кризна година поради пандемијата како последица на ковид-кризата. Во такво време, кога најголем дел од компаниите имаа потешкотии во работењето и бележеа пад, фирми поврзани со Крмзов остваруваа рекорден раст.

Имено, една од нив е „Крмзов-МР“, која во 2020 година остварила приходи од 3,445 милиони денари, што е цели 263 отсто повеќе од 2019 година, кога приходите изнесувале 950 милиони денари. Впрочем, ваквиот раст коинцидира со промената на дејноста на друштвото, кое од 2013 година се занимавало со градежништво сѐ до 2021 година, кога се преориентира кон трговија на текстил.

Во тој поглед, уште поексплицитен е примерот со друга компанија на Крмзов – „Агро Крмз“, чија дејност била одгледување на овошје од 2013 година, сѐ до почетокот на 2021 година, кога се трансформира во, исто така, текстилна компанија. Токму тогаш, нејзините приходи растат за дури 66.652 проценти, односно од 3,9 милиони денари скокнале на 2.603 милиони денари. Водно, оваа компанија уште тогаш имала доспеан долг по основ на ДДВ од 48 милиони денари.

Покрај нив, во сторијата беа опфатени уште 2 фирми, кои порано биле во сопственост на Крзмов. Таков е случајот со споменатата „Винас текстил“, која во периодот 2019/2020 приходите ги зголемила од 378 милиони денари на 2,328 милиони денари. Но, истовремено бележела и пад на добивката од 53 на 5 милиони денари, а паралелно имала долг по основ на ДДВ од 136 милиони денари.

Поточно, Крмзов бил сопственик и управител на оваа компанија до 2020 година, кога на негово место доаѓа Горанчо Трајков, исто како што се случува и во уште една струмичка текстилна компанија, спомената од ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за „Арена Метал“, која, пак, во истиот период (2019/2020) ги зголемила приходите од 303 милиони денари на 1,509 милиони денари, а профитот, според годишните сметки, пораснал од 36 на 89 милиони денари. И таа имала долг по основ на ДДВ…

КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА ДЕНЕС?

Според проверките што ги извршивме во Централниот регистар, Крзмов моментално се јавува како сопственик на „Крмзов-МР“, која, според анализата на „Фактор“, во ланската 2023 година остварила добивка од 9 милиони евра, што претставува убедливо најголема добивка на една градежна фирма во таа година. Колку за илустрација, тоа е околу една третина од вкупната добивка на градежните компании во таа година.

Сепак, моментално друштвото има долг кон Управата за јавни приходи по основ на данок на добивка од над 40 милиони денари, како и блокирана банкарска сметка. Исто така, долг кон УЈП има и втората компанија на Крмзов – „Агро Крмз“, која должи 5 милиони денари по основ на данок на добивка. За разлика од претходната, оваа компанија нема блокирана банкарска сметка.

Понатаму, Крмзов моментално е дел и од уште една команија спомената во пресовите на ВМРО-ДПМНЕ – „Џокс премиум“, која, колку за информација, во 2022 година остварила приходи од над милијарда денари, што било двојно повеќе во споредба со претходната 2021 година. Во текот на ланската 2023 година, друштвото бележи пад на приходите, со оглед дека тие изнесувале 200 милиони денари. Тоа не се јавува на листата на должници кон државата.

На крајот, официјалните податоци покажуваат дека струмичкиот бизнисмен денес се јавува како сопственик и на друштвото „Дзидзев компани“ со седиште во Куманово. Оваа компанија не бележи значајна деловна и финансиска активност, но евидентиран и е долг од 28 милиони денари по основ на ДДВ. Исто како и „Крмзов-МР“, и оваа фирма има блокирана банкарска сметка.

Што се однесува до компаниите каде порано Крмзов имал удел, меѓу нив е „Нетком“, која, исто така ја споменуваше ВМРО-ДПМНЕ како опозиција. И оваа фирма не бележи значајна активност и исто така има долг кон УЈП од 34 милиони денари по основ на ДДВ и 2,4 милиони денари по основ на данок на добивка. Воедно, тој бил дел од структурите на уште неколку фирми, од кои некои се активни со други газди, а други се ликвидирани или во фаза на ликвидација.

„ЕПСКИ КРИМИНАЛ“

Ова е еден од предметите коишто слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал, кој, за жал, повторно е на штета на буџетот на Македонија, односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми коишто се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој посочи дека во интерес на целокупната постапка не би можел да навлегува во детали. На иста линија, и републичкиот обвинител Љупчо Коцевски рече дека се работи за предистрага и не може да се откриваат конкретни податоци. Меѓутоа, како што истакна, акцијата била успешна, се прибавиле материјални докази и компјутерски материјали, сослушани биле 3 лица пред, а за едно лице се предложени мерки за пратпазливост за одземање на патната исправа и за јавување во судот.

   

Најново

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Sase Ivanovski
Вчитувам....