Пратениците во Собранието со 82 гласа „за“ донесоа одлука за формирање анкетна комисија за скандалот со лекови на Клиниката за онкологија.
Предлогот беше поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Анкетната комисија, како што беше посочено на седницата, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите што се лекувале на Онкологија откога КАТО-системот за подготовка на цитостатиците бил ставен надвор од употреба, како и да направи анализа за утврдување на политичка одговорност.Одлуката беше поддржана и од пратениците од СДСМ, а пратеникот Ненад Коциќ рече дека ако имало злоупотреби, треба да бидат објавени со име и презиме.