3.8 C
Скопје
07/12/2023 21:26
МАКТЕЛ

      

„Соништата од Широк Сокак се остварија во Словенија: Успешната приказна на Д-р Ружица Мирчиќ Дорески“

      

   

За себе вели дека е чупе од Широк Сокак, жена од акција, во исто време и дисциплинирана и нескротлива. Таква била од секогаш, кога на Широк Сокак во Битола мечтаела да биде докторка во операциона сала, таква е и денес, во Словенија, каде е на висока позиција во реномираната словенечка компанија „Лек Љубљана“, каде успешно раководи со оддел за обезбедување на квалитет на лекови кој покрива над 80 држави во светот.

 

Ружица Мирчик Дорески е лекар, но и магистер по меѓународен менаџмент. Македонка по потекло, денес словенечка државјанка, ценет менаџер во Словенија, почитувана и сакана сопруга и мајка на две деца.

   

     

Се почнало во Скопје, каде по доаѓањето од Битола, си ја остварила желбата да биде докторка. Воспитувањето, карактерот и посветеноста, на кои ја научиле нејзините родители и нејзината сестра, ѝ биле еден од животните столбови за време на студирањето на Медицинскиот факултет. Таму го запознала и сопругот Анастас, со кого денес имаат две  деца: ќерка 11-годишната Бојана и три години помладиот Олег – нејзините, како што вели, животни напојувачи.По дипломирањето, специјализирала ортопедија, а паралелно работела како општ лекар.

„Во 2007 конкурирав за стручен соработник во Лек Скопје, представништво на Лек Љубљана во Македонија. Интервјуто за работа го правеа избрани луге од менаџментот на Лек Скопје и претставници од Словенија. Имаше луѓе кои ги препознаа моите квалитети и многу бргу потоа ме повикаа на работа. Таа компанија беше и остана мојата прва професионална љубов во која брзо напредував и станав продукт-менаџер, одговорно лице за фармаковигиланца за Македонија и Косово и во 2010 година станав одговорна за обезбедување на квалитет на лекови во Лек Скопје за Македонија, Косово и Албанија“, ги раскажува Ружица своите професионални почетоци.

А тука всушност почнало се. Во неа, вели, се судирале размислувањата „како да ја напушти медицината“ и „како да ги нахрани интелектуалниот волк во неа и нејзиниот „карактер од акција“. Запишала магистериум по меѓународен менаџмент и тоа ѝ дало нов полет. Во 2016 година, по една од многуте успешни инспекции кои ги правеле луѓе од Словенија, паднал предлогот – Работа и живот во Словенија.

Со сопругот Анастас, кој е специјалист радиолог, велат дека имаат многу рационален поглед на животот, но сепак не можеле да останат рамнодушни и туку-така да го остават животот во Македонија, каде имале успешни кариери, убав живот, роднини, пријатели… Тоа донело и непреспиени ноќи, консултации со агенции, но и со психолози, педагози, многу семејни анализи…

„Сепак фамилијарната одлука беше ДА за Словенија и тоа се случи во Октомври 2017. Ги собравме сите податоци, најдовме стан, ново школо за Бојана… Се се случуваше многу брзо, сите документи за работа и живот беа средени, а имавме и агенција која ги средуваше сите детали. Сепак, и  покрај целата јасност и свесност за донесената одлука, чувствата беа измешани, и среќа и тага, оти не е лесно да правиш детачмент на еден прекрасен период од својот живот. На крај тој наш живот за еден час беше спакуван во 20 картонски кутии и сè во нашиот дом во Скопје доби друга боја, друга смисла…“, раскажува Ружица. Во октомври 2017 заминале за Љубљана. И после 6 години се таму – успешни, задоволни и среќни.

„Стигнавме во нашата нова дома, а веќе по два дена, на 16 Октовмри 2017, почнав и со нова работа. Почнав како Сениор QА манаџер и бев одговорна за обезбедување на квалитет на лекови во делот за комерцијални операции за сите држави во ЦИС и до 2019 година доста патував и правев инспекции во  сите тие држави. Во 2020 станав QА Head на хаб во кој се вклучени повеке од 80 држави низ цел свет, интересно, предизвикувачки баш за моја душа, и ден-денес успешно го водам тој хаб“, вели Ружица.

КОГА ИМАШ МИР – ИМАШ „СВЕМИР“

Работата била тригер да заминат во Словенија, но зошто токму таму, вели – мала земја со многу можности и предности. Нагласува дека не дошле за кариера, но ширината што им ја дале на нивните деца и можностите во Словенија, понатаму сега се клучните нешта кои ги водат по целиот нивен пат.

„Работата ме донесе. Словенија е Европска држава, блиску до Македонија, зелена и безбедна оаза во центарот на Балканот, мал простор по територија кој нуди многу. Таа е единствена држава во светот чие име го содржи зборот Љубов (Love – sLOVEnia). Спој е на четири различни светови – Хрватска, Италија, Австрија и Унгарија, кои се стопуваат во една чудесна хармонија која можете да ја почувствувате во културата, хигиената, гастрономијата, природните убавини…

Ние со сопругот доцна дојдовме и не дојдовме за кариера, но ширината што им ја дадовме на нашите деца и можностите, од тука па натаму, се клучни водилки на цел пат. Словенците се народ со поразличен менталитет од нашиот, секогаш подготвени за поход, народ со спортско срце, ориентирани кон спорт и здрав живот, внимаваат дури и колку вода пијат, што јадат, колку спортуваат, наспроти нашите навики за ребренца и ракија, пакет навики граден цел живот. Но, човек треба да најде некој баланс во животот и мора најпрво да биде помирен во себе. Јас во Љубљана го најдов својот мир, а кога во душата имаш мир – имаш „свемир“, додава таа.

КОГА СИСТЕМОТ ФУНКЦИОНИРА: ЈАЗИК, АДМИНИСТРАЦИЈА, ПЛАТИ, МЕНТАЛИТЕТ…

И Словенија има административни процедури, бирократија, услови, правила, но сè функционира побрзо, посредено…

„Сè тече во еден подобро организиран систем од Македонскиот, систем кој не запира ако се сите услови исполнети. Моето искуство е позитивно. Словенците сакаат да бидат законски заштитени и буквално почитуваат закони. Луѓето кои немаат проблем со почитување правила лесно се интегрираат во таков посреден систем од нашиот – со напомена „без фаќање кривини и барање дупки во законот“. Ние ги следевме правилата, а едно од нив беше мојот сопруг да ја релиценцира својата специјалистичка лиценца и тоа беше уште еден предизвик, но со добра организација, труд и разбирање, сè беше решено“, раскажува Ружица.

Секој почеток е тежок, вели Ружица, но кога целта е поставена се гледа само напред.

„Јазикот секако беше бариера, но цела фамилија добивме пакет по 100 часови словенечки за почетници. Мојата работа е на англиски јазик, а децата се како сунѓери и сè прават преку игра и за два-три месеци веќе зборуваа дури и подобро од мене и сопругот. Многу брзо и без потешкотии се интегрираа во словенечкиот образовен систем и ги стекнаа истите права како и сите останати деца. Одлични ученици се, ќерка ми професионално се занимава со џез балет, син ми сквош и кошарка и веќе собираат и медали…“.

Стандардот во Словенија, вели Ружица, е повисок од Македонскиот за три пати, а основните услови за живот и стандард се на повисоко ниво, но и можностите исто така.

„Си го сакам огништето, но има работи кои се немерливи квантитативно, а многу значат и ги немаме во Макоднија – среден образовен, здравствен, судски систем, разлика во менталитетот, општа хигиена, смиреност во комуникација и отсуство на агресија и нетолеранција на улица, чист воздух, совесен однос кон отпадот… Многу значајни работи кои се вградуваат во карактерот уште од најмали нозе“.

ДА СЕ ЧУВСТВУВАШ СИГУРНО

Да се биде дел од словенечкиот систем за Ружица значи да бидеш сигурен дека тоа што ти следува ќе го добиеш со сите додатоци кои ти припаѓаат и во точно дефиниран временски период, да имаш можности за личен развој, многу предности и нови димензии.

„Просечна нето плата изнесува 1100 евра, минимална нето месечна плата изнесува 750-800 евра. Можности и перспектива за личен раст и развој има, особено за млад кадар, прекрасни погодности за студенти и можности кои отвораат една друга димензија во систем кој функционира. И секако, тоа што не сте Словенка апсолутно не е пречка за напредок – доколку си квалитетен и вреден ќе бидеш препознаен и награден. Јас сум Словенка, моите надредени дури и ми помогнаа да добијам словенечко државјанство, а последично и моите деца добија словенечко државјанство. Во Словенија има доста Македонци и тоа на водечки позиции, ние сме вреден народ, а секој ги сака вредните луѓе, нели?“, ни раскажа Ружица.

Ружица додава дека кога се има сон како нејзиниот, никој да не се задоволува со она познатото „така требало да биде“, туку дека треба да се биде љубопитен и информиран во животот, а претстојната манифестација „Работа и живот во Словенија“, што ќе се одржи во Скопје, е одлична прилика за тие кои остварувањето на сонот го гледаат во Словенија.

НА МАКЕДОНИЈА Ѝ ТРЕБА ПРОМЕНА НА МЕНТАЛИТЕТОТ И ПОЧИТУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ Ружица веќе подолго време „од блиску“ го гледа напредокот на Словенија и од тој апсект вели дека на Македонија ѝ треба критична маса, слога како народ и штитење на сопствените вредности како Македонци, за да биде рамо до рамо со Словенија.

„Промена на менталитетот и поставување здрави основи на секој постоечки систем и почитување на тој систем, да се редуцира малограѓанскиот пристап и да се настојува на ориентираност кон вредности кои ја крепат државата“, смета Ружица.Нашата успешна приказна ја споделувам за да оставам порака до сите кои имаат соништа ориентирани кон Словенија, додава Ружица, оти таа е прекрасна земја која нуди јасност, ширина, различност и просперитет.

    

Најново

Британското МНР: Разговорите на пратениците хакирани од Русија

Sase Ivanovski

Во Москва убиен поранешен украински пратеник

Sase Ivanovski

ОН: Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат со два чамци се во опасност

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател го обвини Западот дека го поддржува израелскиот геноцид во Газа

Sase Ivanovski

Прегазено малолетно девојче на булевар „Србија“, итно пренесено во болница

Sase Ivanovski

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Sase Ivanovski

Соработниците на поранешниот режим ја клеветат полицијата по странски медиуми

Sase Ivanovski

Хаџи Јанев: Договорот за екстрадиција со Турција навестува брзо испорачување на Палевски

Sase Ivanovski

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници

Sase Ivanovski

Уапсени тројца разбојници –  ограбиле обложувалница

Sase Ivanovski

ПЛУСИНФО: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИНВБЕСТИТОРОТ НА ПОПОВА ШАПКА, ТЕХНО АЛПИН, КОИ ВЕТУВАА 170 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

ЗА КРИТИЧАРИТЕ НЕМА ПЛАТА Папата го казни кардиналот што го критикуваше

Sase Ivanovski

Мицкоски: Истрагата за Вања започнува предоцна, имам сериозни информации за ова што го тврдам

Sase Ivanovski

Бербок: Земјите од Западен Балкан целосно припаѓаат во ЕУ

Sase Ivanovski

ЖИРАФАТА ВО СКОПСКАТА ЗОО ПОЧИНАЛА ОД КАНЦЕР НА ЦРНИОТ ДРОБ

Sase Ivanovski

ГЕНЕРАЛ МИЛИ: Секој Русин, кога оди да спие, треба да се запраша дали ќе му го пресечат гркланот

Sase Ivanovski

По случајот со Вања, прилепското училиште ја укина апсолутната забрана за мобилни телефони

Sase Ivanovski

Градоначалникот Арбен Таравари ја пречека во средба германската амбасадорка, Петра Дрекслер

Sase Ivanovski

Забрана за движење на тешки товарни возила на „Ѓавато“ меѓу Битола и Ресен

Sase Ivanovski

Ќе ја трчаат ли заедно Ковачевски и Ахмети изборната трка?

Sase Ivanovski

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Sase Ivanovski

ИРАН ЛАНСИРА КАПСУЛА СО ЖИВОТНИ ВО ВСЕЛЕНАТА Подготовка за претстојната вселенска мисија со ирански астронаути

Sase Ivanovski

Камерон ги повика САД да одобрат нов пакет помош за Украина

Sase Ivanovski

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените

Sase Ivanovski

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека

Sase Ivanovski

Српски политичар во Косово приведен поради нерегистрирано возило и одбивање на полициска наредба

Sase Ivanovski

Членството на Северна Македонија во ЕУ е е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Sase Ivanovski

Одреден 30-дневен притвор за возачот на Палевски

Sase Ivanovski

Аеродром бара стратешки партнер за да стане „паметна општина“

Sase Ivanovski

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОДИЧ ЗА ЖЕНИТЕ, КАКО ДА ГИ РАЗБЕРЕШ

Sase Ivanovski

Сагата на тетовските комуналци: Останав без интервенција на трансфузиологија, а лековите за аритмија ги купувам приватно оти немам осигурување

Sase Ivanovski

„КИМ КАРДАШИЈАН ПСИХИЧКИ МЕ УНИШТИ!“ Тејлор Свифт откри дека поради старлетата цела година не излегувала од дома

Sase Ivanovski

ОВА Е ОДЛИЧЕН БОЖИКЕН ПОДАРОК ЗА ПУТИН Што мисли Кирби за одлуката на САД да не испрати помош за Украина?!

Sase Ivanovski

Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата: Интервју со Едвард Џозеф

Sase Ivanovski

Лога: Нас ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование

Sase Ivanovski

Спасовски на средба со СВР Битола: Во 2023 имаме намалување на кривични дела за 19%, остварена ефикасност на полицијата од 42%, само во делот на разбојништва ефикасност од високи 69%

Sase Ivanovski

Спасовски на јубилејниот десетти Меѓународен спортски симпозиум: Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил додава дополнителна вредност на неговото универзално значење

Sase Ivanovski

Министрите Бектеши и Шакири презентираа нова мерка за ваучери за домашен туризам за студентите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Инвестираме во науката, тоа е влог во иднината на младите и развојот на државата

Sase Ivanovski

ЗЕКОЛИ: Убиството на Вања предизвика колективен шок, во Вања си препознавме ќерки, внуки, сестрички, братучетки, онакви какви што имаме по дома

Sase Ivanovski

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

Sase Ivanovski

Ивановска за „Фокус“: Обвинителството нема одлука за ниту една наша иницијатива за кривично гонење

Sase Ivanovski

Се огласи мајката на Вања: Животот ми се претвори во пекол!

Sase Ivanovski

ФОКУС: Кој е обвинителот за кој се утврди дека со години не ги работел предметите?

Sase Ivanovski

Правда го испрати барањето за екстрадиција на Палевски, Лога очекува брз и позитивен одговор од Турција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возачот на Палчо до Турција не чувствува вина: Го возев во болница, ми кажа дека требало да се прави операција

Sase Ivanovski

Спасовски: Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите

Sase Ivanovski

Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Палевски

Sase Ivanovski

Макрон: Ако некој мисли дека е можно да се уништи Хамас, тогаш војната ќе трае 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ТОТАЛНО ЛУДИЛО: Европратеничка од Ирска со говор на конгресот на Левица не убедува да не сме влегувале во ЕУ, Ирска гадно се зафркнала што влегла?!

Sase Ivanovski

МЕТАМОРФОЗИС: Министерството за одбрана (89,72%) е водечка институција во однос на исполнувањето на индикаторите на отвореност, а по неа следи Владата (79,14%) и Министерството за внатрешни работи (78,9%)

Sase Ivanovski

Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, а сериозни се наводите зошто се најде на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Османи и Шаленберг за Еурактив: 2030 година како таргет датум може да го заживее процесот на пристапување кон ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖЕНА УАПСЕНА ВО САД ЗАТОА ШТО МАСТУРБИРАЛА НА ПЛАЖА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕРДОГАН ВО АТИНА: ДА ГО НАПРАВИМЕ ЕГЕЈОТ МОРЕ НА МИРОТ И СОРАБОТКАТА, ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ГРЦИЈА ОД 5 НА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Адвокатот што го однесе Палевски во Белград „куртули“ од мерки за обезбедување, а за струмичанецот што го однесе до Турција – предложен притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По пауза од 7 години, Ердоган во Атина: почеток на нова ера во односите?

Sase Ivanovski

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Sase Ivanovski

САД воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст, депортирал украински деца во Русија

Sase Ivanovski

(Видео) Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Sase Ivanovski

Во два часот на распит во Кривичниот суд ќе биде донесен Стефан Димковски

Sase Ivanovski

Османи: Постепената интеграција на земјите од Западен Балкан како нужен чекор пред нашето формално членство

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има докази за истрагата, Мицкоски веднаш да ги достави до надлежните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СКЕЧЕВИ НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ К-15

Sase Ivanovski

Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа – цигарите кај нас се најевтини

Sase Ivanovski

Кривична пријава за директорот на битолски водовод за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон Инфомакс мора да запрат!

Sase Ivanovski

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е НА ДОБРО, ДА НЕ ПРАВЕЛ ПАЛЕВСКИ МАСАКАР ОВИЕ ДЕНОВИ: Исчезна маж од Велес

Sase Ivanovski

ВИДЕО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ВАЊА: Немавме кавги со таткото на Вања, јас и другата ќерка подолго време се бориме со тешка болест

Sase Ivanovski

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – зошто девојчето ми го пратија во гроб?!

Sase Ivanovski

Османи: Ако Западниот Балкан остане рана на телото на Европа или ќе крвари или ќе привлекува малигни влијанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАЛАЈЏИЕВ: ПРОЦЕДУРАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ВО ТУРЦИЈА Е МНОГУ КОМПЛИЦИРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНА ГЛАСИНА КОЈА КРУЖИ ВО ЈАВНОСТА: ДАЛИ БИЛО ПЛАНИРАНО РЕПРИЗА НА СМИЉКОВСКИОТ МАСАКАР, ДАЛИ Е ПАЛЕВСКИ ИЗВРШИТЕЛ И НА ТОЈ ЗЛОСТОР?!?!

Sase Ivanovski

АНЃУШЕВ: БЛАГОДАРНОСТ ДО МАЛТА ЗА МАНДАТОТ, НЕ МОЖАМ ДА БИДАМ КОНЗУЛ СО СЕНКА ВРЗ МОЕТО ИМЕ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: ВОЗАЧОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ВО ТУРЦИЈА ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Sase Ivanovski

Спасовски очекува денеска да биде испратена целосната документација за екстрадиција на Палевски

Sase Ivanovski

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

Sase Ivanovski
Вчитувам....