Директорот на Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗ), Даријан Сотировски денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот Папски нунциј монс. Лучијано Суриани. На средбата, како што соопштија од Комисијата, се разговарало за актуелната состојба во регионот, спецификите на новото време и предизвиците за Црквата. Сотировски му го честитал мандатот на новопоставениот папски нунциј и се информирал за неговите работни планови, уверувајќи се притоа во посветеноста на почитуваниот нунциј да придонесе во продлабочување на односите и соработката меѓу македонската држава и Светиот престол.Директорот на КОВЗ ги претставил планираните активности во следниот период во рамки на кои се посветува значајно место и на интеракцијата и заемната соработка со Католичката црква