Хуманитарната невладина организација „Легис“ од Скопје преку свој проект во соработка со турската меѓународна организација ИХХ, во палестинска Газа, која е под постојани израелски напади од 7 октомври минатата година, дистрибуираше питка вода.
„Се работи за помали цистерни од 5 000 литри, кои ги покриваат само основните потреби на ограничен број семејства кои успеваат да дојдат до дистрибутивните точки во различни населби.
Водата е основно човеково право, кое за жал, поради условите на војна, на цивилното население во Газа им е ускратено. Поради уништената водоводна мрежа, како и поради уништените бунари, населението во Газа живее со 2 литри питка вода дневно, во просек.Оттука и осумте цистерни вода обезбедени од граѓаните на Северна Македонија се од големо значење за преживувањето на многу семејства“, нагласи Реџепи во изјава за ТРТ Балкан. Тој информираше дека акцијата е спроведена во соработка со турската меѓународна организација ИХХ.
„Сите наши активности надвор од Македонија веќе 15 години ги спроведуваме со турската меѓународна организација ИХХ, која благодарејќи на турската химанитарна дипломатија има пристап секаде во светот и во секакви услови. Турција (Туркије) и ИХХ се наш стратешки партнер во претставување на Македонија во најхумано светло“, изјави Реџепи.