Денеска, во Анкара остваривме билатерална средба на ниво на парламетарни делегации, на покана од домаќинот, претседателот на Големото национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш. Ја изразивме подготвеноста за понатамошно продлабочување на одличните односи и соработка меѓу двете институции.
Изразувам искрена благодарност за оценката дека дека Македонија е остров на мирот во балканскиот регион и претставува најдобар пример за соживот помеѓу припадниците на различни народи, религии и култури. Меѓу другото, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу нашите држави, при што беше оценето дека севкупните односи ги карактеризира традиционално пријателство и партнерство, а соработката е динамична на сите нивоа.