7.8 C
Скопје
29/03/2024 01:50
МАКТЕЛ

      

Спасовски : Лажните дојави трошат многу сили и ресурси, но полицијата е апсолутно подготвена

      

Да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку предизвикување вознемиреност, несигурност, да се се пласираат лажни дојави, лажни вести се практично целите кои сакаат да се постигнат со лажните дојави на бомби, кои се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, вели во интервју за МИА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Нагласува дека за секоја ваква дојава постојат протоколи,кои мора да бидат испочитувани без разлика колкав е степенот на веројатноста во однос на подметнувањето на бомби, што секако троши многу сили и енергија, но потенцира дека полицијата е апсолутно подготвена со сиот потенцијал и капацитет и оти во целиот процес се вклучени повеќе сектори.

   

-Меѓутоа, сепак, има полициски станици од општа надлежност, има многу други структури коишто активно работат во секој еден сегмент во зачувувањето на безбедноста. Така што тие што мислат дека ќе предизвикаат ваков еден настан и дека полицијата само таму ќе се сконцентрира, а притоа нема да ги следиме другиве активности тоа е навистина залудно надевање затоа што ние практично и во такви услови на постапување во истиот момент имаме на пример реализација на друга активност – дали е тоа трговија со дрога или криумчарење на мигранти и тоа е практично нешто што ни се случува секојдневно, нагласува министерот.

 

Спасовски во интервјуто за МИА вели дека во лажните дојави за бомби во средните училишта изминативе три недели карактеристично беше што се случуваа во среда, четврток и петок и не само тоа, како што истакна тој, тие се случуваат во една смена кога има само одредени класови и наставен кадар во таа смена.

   

     

Тој нагласува дека при крај е еден дел од истрагите и појаснува дека кога ги анализираат дојавите, тие во истрагата опфаќаат повеќе аспекти, односно дали се работи за некаква геостратешка цел, дали се економски или политички причините. За тоа како да се заштитиме, од ваквите, како што многумина велат хибридни закани и како да се спречи создавање паника кај населението, Спасовски нагласува дека тука мора да придонесат сите.

-Јас во оваа прилика упатувам до сите медиумски работници и до сите медиуми заради тоа што навистина е потребно многу одговорно да се однесуваме сите и само тоа е моделот како да се заштитиме од предизвикување на општ хаос или паника. Оние коишто имаат најголемо влијание врз граѓаните тие најмногу можат да придонесат да имаме релаксирање на состојбите во овој момент, односно едно трезвено однесување пред се одговорно кон државата и кон граѓаните. И тоа го покажавме и како институции и како медиуми и како сите структури коишто ни се надлежни во овој дел, порача Спасовски. Во продолжение следува целото интервју со министерот Спасовски со видеоматеријал:

Изминативе три недели имаше повеќе дојави за бомби во повеќе средни училишта во Скопје и тоа сите во среда, четврток и петок. Сите беа лажни. Имаат ли некаква симболика последните три дена во неделата или можеби дојавите се поврзани со некои побитни случувања во земјава?

Тоа што се случува во изминатиов период навистина не вознемирува сите нас, и граѓаните, и наставниот кадар, и родителите и повеќе пати реков дека иако е хибриден напад, сепак е нешто што предизвикува вознемиреност и претставува монструозен чин во однос на тоа што се прави – дали е најавата за бомба во Јавното сообраќајно претпријатие, дали е најава за бомба во училиштата. Постојат неколку карактеристики во однос на пријавите, не само дека се случуваат во последните три работни дена во неделата, тоа е една од карактеристиките. Се случува да биде во една смена, значи кога само тие одредени класови и наставен кадар се на смена итн., тоа се некои карактеристики коишто се забележани и коишто практично се дел од анализите коишто ги правиме. Кога анализираме, анализираме од повеќе аспекти за да ги опфатиме сите во делот на истрагата дали се работи за некаква геостратегиска цел, дали се тоа некакви политички причини, дали се економски причини итн.

Тоа се повеќе аспекти коишто колегите ги анализираат. Вклучени се повеќе оддели во рамките на Министерство за внатрешни работи, не е само Одделот за борба против тероризмот и екстремизам. Веднаш се вклучува и Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика. Секако дека организиран криминал целото тоа го покрива и сите тие податоци коишто ги добиваме и Секторот за меѓународна соработка се враќаат назад, се анализираат за да се обезбедат доказите. Тука е најважниот момент во делот на истрагата заради тоа што сето она што ќе го констатираме ќе мора на крајот да биде поткрепено и со докази.

Така што веднаш по добивањето на тие мејлови се започнува со утврдувањето на ИТ-адресите, од каде се пратени, како итн., се прават контакти дали се тоа ИП-адреси коишто се практично виртуелни, заштитени, па се праќаат податоци, се бараат и од тие коишто ги имаат практично овие платформи и на крајот се како дека по обезбедувањето на доказите ќе можеме и подетално да ги утврдиме и причините и начинот зошто тоа е направено. Знаеме дека имавме злоупотреба на две лица преку користење на нивни податоци дека практично се испратени тие лажни дојави. Интензивно работиме сите служби коишто е потребно да работат и во голема мерка имаме дојдено скоро до крај во однос на еден дел од истрагите, па да видиме што ќе покаже до крај обезбедувањето на доказите и секако дека благовремено ќе се информира јавноста во однос на целиот тој случај.

Колкав број човечки ресурси ангажира МВР при дојава на бомби дневно, во еден од деновите имаше дојави дури во девет училишта и дали е можно во една вакво обемно ангажирање на полицијата да се вршат големи криминални дејствија или пак сето ова е хибриден обид за онеспособување на системот? 

Имаме практично неколку цели коишто сакаат да бидат постигнати генерално со ваквите најави – да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку ваквата вознемиреност, несигурност итн., да се пласираат лажни дојави, лажни вести. Тоа се цели коишто практично ги посакуваат сите оние коишто ова го прават. Знаете дека вакви дојави не се изолиран случај само во Северна Македонија. Во регионот многу често, еве Германија, САД итн. Е сега, на основа на тоа постојат протоколи коишто мора да бидат испочитувани без разлика колку е степенот на веројатноста во однос на подметнувањето на бомби, меѓутоа целиот протокол мора да биде испочитуван, да се евакуираат тие училишта, да се обезбеди периметар околу зградите.

Секако дека се трошат многу сили и енергија. Меѓутоа, ние сме подготвени апсолутно со сиот потенцијал и капацитет и колегите прават натчовечки напори. И тоа е класифициран податок, јас не можам да изнесувам бројки и податоци во јавноста, меѓутоа напоменувам со самото тоа што кажав колку сектори, колку оддели се вклучени во целата оваа активност доволно говори за сериозноста. Меѓутоа, сепак, има полициски станици од општа надлежност, има многу други структури коишто активно работат во секој еден сегмент во зачувувањето на безбедноста. Така што тие што мислат дека ќе предизвикаат ваков еден ваков настан и дека полицијата само таму ќе се сконцентрира, а притоа нема да ги следиме другиве активности тоа е навистина залудно надевање затоа што ние практично и во такви услови на постапување во истиот момент имаме на пример реализација на друга активност – дали е тоа трговија со дрога или криумчарење на мигранти и тоа е практично нешто што ни се случува секојдневно.

Повеќе пати изјавивте дека сте многу блиску до откривање на заканувачот но и дека за тоа е потребна меѓународна помош. Дали тоа значи дека заканата е однадвор и дали тоа што досега не се откриени заканувачите можно е зад нив да стојат поголеми групации, можеби држави кои сакаат да не видат уплашени? 

Да, ние работиме заедно со сите наши партнерски служби, пред се со Европол, со Интерпол, ги користиме сите можни капацитети коишто стојат на располагање се со цел да се помогне во истрагата, да се добијат одредени податоци. Реков дека утврдувањето на доказите, на фактите ќе ни даде можност да ги разоткриеме сите причини и учесници во сето ова итн., така што апелирам на трпение заради тоа што многу е важно истрагата да ја водат колегите во рамките на процедурите на крајот да имаме успешна истрага и реализација, која што е завршена отколку можеби секојдневно да пласираме некакви информации коишто ништо нема да помогнат. А знаете дека една од клучните цели на оние коишто се занимаваат со овие хибридни напади, со ширењето на паника, на страв е јавноста и најмногу погодува јавноста на оние лица коишто се занимаваат со вакво нешто.

Што велат вашите сознанија од соседството, како ште се Србија или Хрватска каде исто во имаше лажни дојави за бомби во училишта, но и во други институции, дали им се случиле некакви политички промени или други дејствија во времето на фокусирање на јавноста и полицијата кон бомбите? 

Овој период во делот на безбедноста, зборувам како временски период во којшто Русија изврши таква воена инвазија врз Украина многу погодува за практично големи предизвици во делот на безбедноста меѓу кои и хибридните напади или т.н. кибер криминал. Кажав дека не сме изолирани како земја во регионот и Хрватска, и Србија. Во Србија и по 50 најави во еден ден имаше во училишта и во други институции, Хрватска исто така и навистина секој еден орган, секоја една институција во државата, посебно безбедносните институции сериозно и многу посветено работат да се сочува безбедноста на граѓаните и стабилноста на државата.

Така што и тие коишто сакаат да предизвикуваат ваква несигурност знаат дека ниту можат, ниту дека ќе ги поколебаат институциите да се борат за својата безбедност и за заштита на мирот и спокојот на граѓаните. Така што тоа како можност се исклучува. Причините реков дека можат да бидат од неколку аспекти – дали се тоа геостратешки, дали се политички, дали се безбедносни, односно економски итн., меѓутоа која и да е причината ефектот е тој којшто предизвикува таква несигурност.

Рековте дека нема да ги поколебаат институциите во постапувањето, но успеаа да ги вознемират граѓаните?

Тоа е целта. Тоа е целта да успеат во вознемиреноста и секако дека се што се случува во одреден момент во државата може да предизвика вознемиреност. Зарем помала вознемиреност предизвикуваат лажните вести? Можеби не предизвикуваат таква масовна вознемиреност, меѓутоа предизвикуваат вознемиреност кон одредени таргети – нарушувањето на политичките институции итн. Сето тоа е цел на оние коишто ги прават ваквите најави.

Претпоставувам дека полицијата по првите закани за бомби ги обезбедува училиштата и зошто толкаво ангажирање на антитерористичките единици при повторните дојави за бомби, дали е тоа поради процедурата или и покрај вашите патроли може да има опасност? 

Да, се обезбедуваат и патролно се покриваат сите овие објекти витални не само училиштата. Меѓутоа, јас напоменав дека постојат протоколи од коишто не може да отстапите кога имате ваква дојава. Колку и да е проценката дека таа дојава е лажна вие на крајот мора тоа да го потврдите затоа што денеска ме прашувате дали е рационално да се трошат толку сили ако знаеме дека е можно да биде дојавата лажна, меѓутоа ако нешто се случи утре сигурно дека ќе бидете први коишто повторно ќе прашате и ќе повикате на одговорност. Така што полицијата не може да работи така како што ќе ни сугерира јавноста. Полицијата мора да работи во рамките на стандардните оперативни процедури и сите протоколи коишто ги имаме за да бидеме сигурни дека е осигурана безбедноста на граѓаните.

Повеќе експерти и надлежните, како МВР, велат ова се хибридни закани, како да се заштитиме од ваквите закани, како да се спречи создавање паника кај населението? 

Во овој дел мора сите да придонесеме. Јас во оваа прилика упатувам до сите медиумски работници и до сите медиуми заради тоа што навистина многу одговорно се однесуваме сите и само тоа е моделот како да се заштитиме од предизвикување на општ хаос или паника. Оние коишто имаат најголемо влијание врз граѓаните тие најмногу можат да придонесат да имаме релаксирање на состојбите во овој момент, односно едно трезвено однесување пред се одговорно кон државата и кон граѓаните.

И тоа го покажавме и како институции и како медиуми и како сите структури коишто ни се надлежни во овој дел. Така што мислам дека ваквите состојби што ни се случуваат не се состојби коишто може да бидат политизирани, состојби коишто може да на кој било начин ги толкуваме заради различни цели заради тоа што на тој начин би помогнале во намената на оние коишто ги предизвикуваат ваквите хибридни напади. Така што, тоа е еден од механизмите како што најдобриот механизам да се справите со лажните вести е да ја пласирате вистината и да бидете транспарентни и да бидете брзи во одговорот и овде е важно институциите да функционираат, брзо да реагираат, да бидат ефикасни и тоа го правиме во целиот изминат период.

Немате конкретни информации дека сте блиску до заканувачот, односно само сте дојдени до крај на еден дел од истрагите, дали можеме да очекуваме нова дојава за бомба, бидејќи утре е среда?

Јас ниту сакам да шпекулирам, ниту сакам предвремено да предизвикувам некакво внимание во јавноста. Јас само кажувам дека тоа што ние сме блиску до потврдување е една работа, тоа не може да исклучи дека може да се случи некаков друг настан. Знаете, ние денеска апсиме една група која што се занимава со трговија на дрога тоа не значи дека од утре ќе престанат сите. Имаат и други криминални групи и активности. Затоа реков, анализите и истрагата ќе ги покажат сите овие прашања коишто и денеска ги поставуваме. Затоа е важно да бидеме трпеливи во овој период и на крајот да ги добиеме одговорите коишто ќе бидат одговори вистинити и коишто можат понатаму да го одредат текот на настаните коишто ни се случуваат.

    

Најново

Започнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности

Sase Ivanovski

Пендаровски: Соживотот е наша најголема вредност, а Ифтарската вечера е можност за негово продлабочување

Sase Ivanovski

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Sase Ivanovski

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Sase Ivanovski

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организираше трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи и враќање на дигнитетот на дипломатијата и заштита на Македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила – зајакнати капацитетите во изминативе години

Sase Ivanovski

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари го претстави вториот дел од кабинетот на претседателот

Sase Ivanovski

Нема легализација на дивоградби со новиот Закон за управување со Охридскиот регион, вели министерката за култура

Sase Ivanovski

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Sase Ivanovski

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци и ќе има пари за се што треба, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите

Sase Ivanovski

Герхард Шредер ги повика Франција и Германија да преземат иницијатива за решение во Украина

Sase Ivanovski

Откриена дупка на местото каде исчезна малата Данка: Итно се упатија пожарникари – сите треперат и го чекаат исходот

Sase Ivanovski

Се огласи возачот на „Пунтото“ кое е снимено на камера кога исчезнала Данка: Го видов девојчето, беше во дворот на соседот

Sase Ivanovski

ГИ НЕМА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ, АНЕ ЛАШКОСКА И ИГОР ЈАНУШЕВ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ Е ВИСОКОТО МЕСТО ЗА ВНУКОТ НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ – ВМРО-ДПМНЕ ГИ УТВРДИ ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ Еве кои се кандидатите за пратеници на опозицијата за новиот парламентарен состав

Sase Ivanovski

1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ОПШТИНИТЕ ЗА ЕДЕН МАНДАТ Мицкоски вети годишна помош од 250 милиони евра за локалните власти

Sase Ivanovski

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Sase Ivanovski

Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Sase Ivanovski

Општините ќе конфискуваат место да уриваат дивоградби

Sase Ivanovski

МОНТАЖИ, НАВРЕДИ, ИЗМИСЛИЦИ, КЛЕВЕТИ Не очекувам власта да престане со црната кампања, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Sase Ivanovski

Вратен и третиот мандат за формирање влада, Бугарија ќе се подготвува за нови избори

Sase Ivanovski

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Sase Ivanovski

Стоилковски: Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објект, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, ќе ги усвои

Sase Ivanovski

Николовски на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“: Oваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99, 98 отсто поддршка на Конгресот на партијата  

Sase Ivanovski

Јакимовски: Подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам

Sase Ivanovski

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво

Sase Ivanovski

Паднал договор Села – Ахмети, пет сигурни пратеници за Алијанса?

Sase Ivanovski

Лазар Ристовски (71) на Малдиви со 39 години помладата девојка: „Тој ме води, јас не прашувам каде“

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА НЕ ПОКАЖУВА НИКАКВИ ЕМОЦИИ!? Нејасно е и зошто дошла со децата во напуштената викендичка во која не била со години

Sase Ivanovski

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании 

Sase Ivanovski

ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ НАЈАВИЈА 48-ЧАСОВЕН ШТРАЈК Застој на граничните премини во Грција на 2 и 3 април

Sase Ivanovski

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023, вложивме пет милиони денари во реновирање на Полициско одделение Ростуше

Sase Ivanovski

Пресврт во случајот со европските пари – Лидија Димова беше линчувана за „фризерниците“ и „магарињата“, а ОЛАФ бара да се вратат 2,2 милиони евра од нејзината пријава!

Sase Ivanovski

Бојмацалиев за истрагата за убиството на лекарот: Имаме приведено и трето лице, ќе се врши полиграфско испитување и совпаѓање на доказите

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ОТВОРА ШТАБ ВО СЕКОЕ СЕЛО И МААЛО ВО АМЕРИКА, ЌЕ СЕ СОБЕРАТ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА КАМПАЊА ВО ИСТОРИЈАТА, ДЕМОКРАТИТЕ НА БАЈДЕН ЈА ПОЧНУВААТ НАЈГОЛЕМАТА ПОЛИТИЧКА ТЕРЕНСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА САД: ВЛОГОТ Е ГОЛЕМ, ОПСТАНОК НА САД И ЗАПАДНИОТ ДЕМОКРАТСКИ СВЕТ

Sase Ivanovski

Демири и Манолева: Болницата Св.Еразмо во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот

Sase Ivanovski

АЈ ДА СЕ НАСМЕЕМЕ МАЛЦЕ, ИДЕ ВИКЕНД

Sase Ivanovski

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината

Sase Ivanovski

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Целосно ги демантираме невистините изнесени во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук од страна на „Прес24“ во врска со езерцето во Градскиот парк во Скопје

Sase Ivanovski

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови

Sase Ivanovski

Мицкоски ја повика ЕУ да престане со непринципиелниот однос кон Македонија

Sase Ivanovski

Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави, ќе има непроценливи штети, вели Ангелов кој смета дека треба да остане директор

Sase Ivanovski

Двајца уапсени за убиството на лекарот – мотивот не е поврзан со професијата

Sase Ivanovski

Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата

Sase Ivanovski

Измамници му зеле на кумановец 800 евра наводно за на лекар и му дале лажни дијаманти

Sase Ivanovski

СЗО: Едно од шест деца на училишна возраст е жртва на онлајн малтретирање

Sase Ivanovski

Само еднаш ќе може да се оди на гласачкото место на денот на двојните избори, одлучи ДИК

Sase Ivanovski

Запрена потрагата по малата Данка на подрачјето на Бањско поле и Брестовачка бања, но не и истрагата

Sase Ivanovski

ЗНМ поднесе претставка до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за заканите кон новинарот Адриан Керими

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Sase Ivanovski

Проширена потрагата по двегодишното девојче во Србија: вклучени се кучиња, ловџии, граѓани, дронови и хеликоптери

Sase Ivanovski

Новинарка од Финска: Нашата земја не е најсреќна на светот

Sase Ivanovski

Руските медиуми откриваат како е создадена групата која сееше смрт – терористите регрутирани на Телеграм

Sase Ivanovski

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ТРАГИ КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години – младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Sase Ivanovski

Дачиќ: Одлуката за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамна и скандалозна

Sase Ivanovski

Рускиот Истражен комитет примил 143 пријави за исчезнати лица за време на масакрот во Крокус

Sase Ivanovski

По повод Меѓународниот ден на среќата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со учениците од 23 градските средни училишта го организираа денешниот настан на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВОЈ ЖИЖЕК: ВРЕМЕ Е ЗАПАДОТ ДА СЕ СПРЕМА ЗА ДОЛГА ВОЈНА СО РУСИЈА, ЗАТОА ШТО ПУТИН Е НОВИОТ ХИТЛЕР А РУСИЈА Е НОВАТА НАЦИ ГЕРМАНИЈА

Sase Ivanovski

Џафери: Подобрата училишна инфраструктура е влог во одржувањето во живот на руралните средини

Sase Ivanovski

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст

Sase Ivanovski

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По само две минути од исчезнувањето на малата Данка, „Пунто“ со голема брзина поминува на улицата

Sase Ivanovski

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне

Sase Ivanovski

Тошковски: И покрај опструкциите, ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Sase Ivanovski

15 предмети оформени по иницијатива на Уставниот суд на дневен ред на денешната седница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПСТАНОКОТ НА ИЗРАЕЛ Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ ШТОМ ПОЧНАА ДА СЕ РЕГРУТИРААТ И ГЕЈМЕРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ВИЕ ИМАТЕ СТРЕСНА РАБОТА, ОВОЈ ПИЛОТ ИМА ТЕСТИСИ ОД ТИТАНИУМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, ОД СИТЕ ПАРТИИ, СЕ ОБИЧНА БАГРА ЛОПОВСКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: АМБАСАДИТЕ НА ЕУ И САД СЕ ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ ЗА ОВА СРАЊЕ ВО КОЕ СЕ НАОЃАМЕ КАКО ДРЖАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ЕУ ТРЕБА ДА ГО ЗАБРАНИ УПОТРЕБАТА НА ЗБОРОТ ЕВРОПСКИ, НА СЕКОЈА БУДАЛА ШТО ЌЕ МУ ТЕКНЕ ПРАВИ СОЈУЗ И ГО КРСТИ ЕВРОПСКИ

Sase Ivanovski

СДСМ ЗА ПРОГРАМАТА НА ВМРО ДПМНЕ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

Sase Ivanovski

По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОУ НА АРСИМ ЗЕКОЛИ НА ТВ 24: ВЛЕЗОТ ВО НАТО Е КАКО ДА ОДИШ ДА СЛУЖИШ ВОЈСКА, РЕЧИСИ СЕКОЈ ГО МОЖЕ ТОА, НО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Е КАКО ДА СЕ ВРАБОТИШ ВО ЈАКА ФИРМА, ЗА ТОА ТРЕБА ДА ИМАШ МАЛКУ ВО ЛЕЈКАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ГРЦИЈА МОЛИ БОГА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ЧЕПКАМЕ ВО ПРЕСПАНСКИ, НЕ САМО ШТО ЌЕ ОСТАНЕМЕ СО СЕВЕРНА, МОЖЕ ЌЕ ГО ИЗГУБИМЕ ПОИМОТ МАКЕДОНИЈА КОМПЛЕТНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Нова програма на СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Sase Ivanovski
Вчитувам....