10.8 C
Скопје
25/05/2024 07:05
МАКТЕЛ

  

     

 

Спасовски од Куманово: Корупцијата ја демаскиравме, отвораме истраги, бараме одговорност од сторителите, бесправно стекнатото го враќаме на граѓаните

      

„Само две недели нѐ делат од големата одлука. Од изборот меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација. Затоа овие парламентарни избори се исклучително важни. Затоа и ги повикувам граѓаните со посебна одговорност да ја определат иднината на нашата татковина. Одговорност која ја имаме кон нашите предци, кон нас самите, а посебно кон нашите деца и внуци. Дали ќе им помогнеме да ги спакуваат куферите, давајќи им карта во еден правец кон некоја европска одредница како резервна татковина, броејќи ги деновите и месеците кога ќе ги видиме повторно, или ќе ги засукаме ракавите да го доработиме започнатото и Европа ќе ја донесеме тука“, рече Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Куманово, како носител на кандидатската листа во ИЕ2 на Коалицијата За европска иднина.

   

Тој истакна дека откако темелите за европска иднина се поставени во претходниот мандат на владата предводена од СДСМ, време е за имплементирање на европските стандарди во секој сегмент од општеството, што ќе донесе и подобро и повеќе за сите. Според него, европските принципи и вредности мора да се прифатат и научат. Нив природно ќе ги донесе процесот на преговори и започнатите реформи, според кои Македонија ќе биде доизградена како просперитетна европска држава, чија основа е доброто управување, владеењето на правото и функционални институции, кои ќе бидат сервис на граѓаните.

 

„Наш приоритет и во наредниот период останува нула толеранција за корупцијата! Борбата ја започнавме. И тоа од нашите редови! СДСМ го покажа она што не можеше ни да се замисли во време на режимот – дека нема повластени личности, нема заштитени криминалци, нема недопирливи фамилии… Покажавме дека тој што се огрешил мора да одговара. Корупцијата не е поголема од претходно, напротив! Поголема е перцепцијата за неа, бидејќи пожестока е борбата против неа. Сега гласно зборуваме за оваа рак – рана на современото општество, која ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, но и работните места. Сега отвораме истраги, бараме одговорност од сторителите, го одземаме бесправно стекнатото и го враќаме на граѓаните. Не ставаме под тепих, не потплатуваме новинари да молчат. Корупцијата ја направивме видлива, ја демаскиравме“, подвлече Спасовски, потсетувајќи дека доказ за посветената работа во борбата со корупцијата е скокот од 85 на 76 место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International.

   

     

Според Спасовски има уште многу да се сработи за да се дојде до посакуваните резултати. Во наредниот четиригодишен период планирана е дигитализација на процесите и минимизирање на вклученоста на човечкиот фактор во одлучувањето за административни постапки, како и онлајн алатка за пријавување корупција. Меѓу новитетите е и Методологијата за проценка на ризик од корупција во конкретни сектори, според која онаму каде што ризикот ќе биде поголем, преку надзор, контрола и граѓанска вклученост ќе се застане на патот на корупцијата. За наредните четири години Спасовски најави силна борба и со корупцијата во правосудството, низ системска проверка на потеклото на имотот и конечно спроведување на процесот на „ветинг“ за сите судии и јавни обвинители.

„За време на претходниот мандат, Македонија оствари голем напредок во делот на медиумските слободи. Од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, во која се апсеа новинари, а бројни медиуми се затворија затоа што не играа како што свиреше фамилијата, минатата година во извештајот на Репортери без граници бевме рангирани на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите. Покрај ова, ја зголемивме транспарентноста на институциите, вклучително и на МВР, кое од крајно затворена институција го трансформиравме во институција чија транспарентност од година во година бележеше огромен напредок: од просечни 59.5% во 2016, до високи 87.5% во 2023“, посочи Спасовски, потсетувајќи на воведената Алатка за отчетност на трошоците на функционерите, спроведената дигитализација на инспекциските служби, опременоста на полицијата со камери – сѐ со цел побрза, полесна и поодговорна борба против корупцијата и криминалот.

    

Најново

Доживотен затвор за серискиот убиец Мохамед Нур – случајно ги избирал своите жртви во Лондон

Sase Ivanovski

Работнички го освои третото место во кошаркарската лига

Sase Ivanovski

Силјановска: ЕУ нема политика и стратегија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Планираната сезонска линија Скопје- Крф е откажана од комерцијални причини

Sase Ivanovski

Атентаторот на словачкиот премиер: „Не сакав да го убијам, само да го повредам“

Sase Ivanovski

Дали израелскиот премиер би бил уапсен во Германија?

Sase Ivanovski

Насилство и страв – Евреите од Берлин се загрижени

Sase Ivanovski

Сребреница – патоказ за новата светска политика

Sase Ivanovski

Германија и натаму не ја признава палестинската држава

Sase Ivanovski

АфД исфрлена од десничарите во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Маликиан доаѓа во Скопје: Виолината ми помогна да побегнам од ужасот на војната!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДА СИ КАЖЕМЕ – Горан Јован Андоновски, заменик народен правобранител

Sase Ivanovski

Стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус 

Sase Ivanovski

Конститутивна седница  на Советот за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Sase Ivanovski

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето

Sase Ivanovski

Мицотакис уште еднаш повтори дека во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Sase Ivanovski

Драма на патот Тетово – Скопје, при возење малолетник извадил пиштол и пукал кон соседното возило

Sase Ivanovski

Седница на ИО на СДСМ: Отчетен Конгрес и избор на нов претседател согласно Статутот на партијата

Sase Ivanovski

Е СЕГА ФАЛИ УШТЕ СО АЛБАНИЈА ДА ЈА СПУКАМЕ И ЌЕ БИДЕ ТАМАН – Вучиќ: Многу ме погоди тоа што Македонија гласаше за Резолуцијата

Sase Ivanovski

Вучиќ: Вечерва ја завршив кариерата овде, нема да ми простат многу работи

Sase Ivanovski

Љутков: Делото на Светите Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост и е дел македонска и општословенска духовна култура – како генерација да бидеме бедемот на македонското постоење

Sase Ivanovski

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Владиката Пимен го демантира поглаварот Стефан: Колку што знам, никој од нас не бара да смениме Устав и да не се нарекуваме Македонска црква

Sase Ivanovski

НАМЕСТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СИЉАНОВСКА НА СРЕДБАТА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДРЖАВАТА ЈА НАРЕКУВАШЕ МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова побарала од Матарела гаранции за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

Чешкиот претседател со мотор удрил во возило, итно пренесен во болница

Sase Ivanovski

Симеонов: Во првите 100 дена новата Влада предвидува 500 нови вработувања во здравството

Sase Ivanovski

Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот

Sase Ivanovski

Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес

Sase Ivanovski

На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста

Sase Ivanovski

МВР постапува во врска со пукањето на прославата на „Вреди“ по победата во тетовско Ларце

Sase Ivanovski

Гаши ниту потврдува ниту демантира дека е договорено да биде претседател на Собранието

Sase Ivanovski

Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, испратија универзалната порака на единство, посветеност и образование

Sase Ivanovski

Мицкоски: Интересно е како една заклетва на претседателот на Републиката го сврте вниманието на грчката и европската јавност, а не се коментира нашето чекање пред ЕУ

Sase Ivanovski

Спасовски: Поддржувам да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите

Sase Ivanovski

КАДЕ Е НАШИОТ ЛИБЕРАЛЕН ПРОЗАПАДЕН ДИМИТАР АПАСИЕВ?

Sase Ivanovski

Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница пропадна

Sase Ivanovski

Загина тракторист од Охрид, се превртел на патот и починал на лице место

Sase Ivanovski

ФИНЦИТЕ И ИРЦИТЕ РЕКОРДЕРИ ПО РАБОТА ОД ДОМА, РОМАНИЈА, БУГАРИЈА И ГРЦИЈА НА ДНОТО

Sase Ivanovski

Претпладне сончево и топло, попладне локално пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Сестринската Европската народна партија со абер до ВМРО ДПМНЕ: Доследно да го користите името „Северна Македонија

Sase Ivanovski

Иџет Мемети тврди дека не направил ништо противзаконско

Sase Ivanovski

Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката

Sase Ivanovski

Вучиќ: Резолуцијата ќе донесе поделби – не само во нашиот регион, туку и во ОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ бркаше пратеник во петка, освои помалку гласа од претходно, пресврт во шестка

Sase Ivanovski

Спасовски: Договорот со Бугарија – една од причините за поразот на СДСМ

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода Воведуваме уште 20 нови дигитални услуги на новата интернет страницата (https://opstinakiselavoda.gov.mk)

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: Во заедничка акција со раководството на Централна Кооперативна Банка, засадивме дрвца во паркот во 11 Октомври Бараки и поставивме нова урбана опрема

Sase Ivanovski

Вучиќ: Повеќе од две третини од светското население не гласаше за резолуцијата за геноцид во Сребреница

Sase Ivanovski

БиХ ќе испрати протестни ноти до државите кои во ОН гласаа против резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Спасовски: Има повеќе причини за поразот на СДСМ, ниту еден пратеник од СДСМ нема да го поддржи мнозинството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пиштоли, тапани и слика од Албин Курти на торта – како Ларце го избра и прослави новиот пратеник на „Вреди“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360° меѓу гласачите Албанците – кои се очекувањата за и од новата влада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Финиш на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“: Владата ќе има три министерства повеќе од сегашната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свечена академија по повод Националнот ден на Власите

Sase Ivanovski

На молебенот во Рим присуствуваше македонска државно-црковна делегација, претставници од дипломатскиот кор и други гости, а го отслужија владиката Пимен и владиката Тимотеј

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА КАЈ ПАТАРИНАТА СОПОТ Возилата се пренасочуваат низ Велес

Sase Ivanovski

ПОРТА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИ АХМЕТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ГО ЧЕСТИТАШЕ ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Sase Ivanovski

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

Sase Ivanovski

Анкета: Две третини од Американците стравуваат од насилство по изборите на крајот на годината

Sase Ivanovski

Норвешка ги затвора границите за руските туристи

Sase Ivanovski

Голема несреќа во Мексико: Силен ветер ја сруши бината на предизборен митинг, има мртви

Sase Ivanovski

Фотоволтаични панели за струја се поставуваат на кровот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани

Sase Ivanovski

Дожд и грмежи за продолжениот викенд

Sase Ivanovski

Трамп: Сакаат да ме убијат

Sase Ivanovski

Ники Хејли најави дека ќе гласа за Трамп на претседателските избори во САД, иако тој често ја навредуваше

Sase Ivanovski

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Sase Ivanovski

Прототема: „Финтите“ на Скопје ќе завршат на Самитот на НАТО во Вашингтон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелските медиуми објавија снимка: Заложници во комбиња патуваат низ Газа

Sase Ivanovski

Во парк во Швајцарија ќе се одржи имитација на македонска свадба!

Sase Ivanovski

ПОВИК ЗА ОТПОР Да се поведе судска постапка за идентитетскиот геноцид врз Македонците со договорите со Грција и со Бугарија, предлага Коцарев

Sase Ivanovski

ПАНИКА НА ШИРОК СОКАК Пожар избувна во сендвичарница, нема повредени

Sase Ivanovski

ДЕВОЈЧИЊА НАТЕПАЛЕ СОУЧЕНИЧКА, БРАТ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА БРАТА СИ Во Битола и во Прилеп вчера не било мирно

Sase Ivanovski

(ФОТО) ИСПУКАЛЕ ЅИДОВИТЕ, МОЖНО Е ЦЕЛОСНО РУШЕЊЕ Црква стара 150 години настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“ кај Прилеп, обвини Левица

Sase Ivanovski

ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ СЕ „ТЕПА“ ЗА ДИК И ЗА 2 КОМИСИИ ВО СОБРАНИЕ Чии 18 пратеници вредат повеќе – на СДСМ или на ДУИ?

Sase Ivanovski

ТУРИЗМОТ БАРА СВОЕ МИНИСТЕРСТВО Таа гранка може да донесе многу пари, а ја шуткаат од еден до друг ресор

Sase Ivanovski

Младинскиот сојуз Крушево со повик за студентска пракса

Sase Ivanovski

Онлајн тролови – исфрустрирани интернет зависници или моќно пропагандно оружје

Sase Ivanovski
Вчитувам....