„Многу е важно стратешкото партнерство кое го имаме изминатите 30 години, пред се со САД, да биде сочувано. Пред се, САД премногу вложија во безбедноста на Северна Македонија“, додаде Спасовски. Првиот човек на АНБ Виктор Димовски денеска во Собранието информираше дека пропустот во случајот со Онишченко е направен на последното ниво, кое требало да направи меѓународна консултација со партнерите во рамките на НАТО, направило одобрение, меѓутоа потпишало дека не постои ризик без да го направи последниот чекор – потребната консултација со НАТО-партнерите.