Познатиот кошаркарски агент Мишко Ражњатовиќ раскажа една од најсмешните анегдоти поврзани на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.Ражњатовиќ даде интервју за хрватските медиуми во кое откри интересни детали за неговиот почеток на кошаркарската кариера.
„Беше многу популарен меѓу децата, па потпиша неколку автограми и доби воспаление на тетивата на рака, поради што пропушти една недела тренинзи и неколку натпревари. тој беше и на половина килограми бурек и две литри кока-кола. Кондициониот тренер постојано го извлекуваше од тимскиот тренинг за да му го среди телото. Јокиќ имаше вишок килограми и беше физички послаб од останатите во екипата, но тој покажа дека тоа не е пресудно и мило ми е што така им ја отвора вратата на сите деца кои сонуваат дека може да станат Олстар-играчи“, вели Ражњатовиќ.