Спортско-рекреативен простор во Долно Лисиче на површина од 1000м2
На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места низ општината.
Инвестицијата се наоѓа на старото фудбалско игралиште во ова населено место и предвидува изведба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ново кошаркарско игралиште, како и детско катче. Целиот простор ќе биде опремен со нови реквизити, трибини и урбана опрема.
Изведбата на новиот простор е целосно финансирана со средства на Општина Аеродром и со неговата реализација уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за рамномерен развој, нови проекти, инвестиции и содржини во сите населени места во Аеродром.